|
||||
Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (25) |
РАЗГОВОРИ И НАСТАНИ ЗА СВЕТА БОГОРОДИЦА – I дел На 20 и 21 септември 2003 година го посетивме манастирот Света Богородш како Слимнички манастир, кога се празнува Мала Богородица и цела Преспа го негува овој култ кон пресвета Богородица низ вековите. И стар и млад свет, секој со почит кон Светицата и кон Манастирот. Овде доаѓаат на овој ден верниците од Преспа, но ги има доста и од Охридско и од Битолско. На овој ден имавме можност да дојдеме во контакт со повеќе луѓе од овој крај и да ги забележиме следниве искажувања: Разговор со Васил Митревски, жител на селото Свивница, роден во истото село во 1936 година, со завршено Вишо правно образование. Работел во полицијата, a тогаш беше пензионер. Тој се сеќаваше на случките во манастирот и го изјави следното: „Уште како дете ме носеа на прослави во овој манастир. Како деца овде ги пасевме говедата, јас одев со постарите деца. Me носеа родителите и на црковните прослави. Бев дете, околу 1945 година, се слушаше дека на пенџерите се јавува слика на Богоројца. И гледавме сите во пенџерињата. Јас бев мал, не знаев што е тоа, но тие моменти ми се вдлабени од детството. Ми остави впечаток дека Богоројца беше на пенџерите. Како жена на пенџерето. Има и еден друг случај. Еден селанец ги пасеше овде волојте. My излегла мечка и му рекла: Извај го волот од црквата, ќе те изедам. Мечката не сакала да го паси волот во кругот на манастирот. Тоа беше мој прв братучед, на кој му прозборела мечката. Братучед ми се вика Науме Нечовски, и сега е тој во Америка. Науме го изваил волот и мечката си заминала. Овој случај тогај го знаеја многу луѓе. Бошко, домаќинот на манастирот му е брат, сигурно и тој го знае ова. Во нашето село преовладува мислењето дека имаме силен светец во света Петка. Кај нас имаме место наречено Шуица. Тоа било наше старо село. Таму никој не смее да пресече дрво. Дрвата се високи повеќе од триесет метри. Таму имаме црква Света Петка. Беше многу растурена, а сега ја подигнавме на старите темели. Тоа е старо историско место. Во овој дел каде што се преселивме бериме дрва. Кога се носеше струјата во Курбиново, курбинчани посекоа дрва за бандерите. На сите нив им се случија несреќи. Овде Богоројца не се лути за дрвата. Ни треска оттаму не земаме, ниту дрво да се пресече. Во тоа старо село постојат гробиштата. За време на Турците испадени се луѓето. Селото било изгорено. Луѓето преку планина побегнале овде. Ова татко ми го кажвел. Побегнале со децата. Како шо бегале еден човек го носел детето, и кога не можел повеќе да го носи, го заклал. Ова го знаат старите. Го закопал детето и местото се вика Герогорниче, детето се викало Геро. Богородица со Христос во нишата и дел од Страшниот суд во тремот на црквата Тоа се случило отприлика на оваа височина како што е поставен манастирот. По пато ги исфрлил и пелените, а местото каде што се случило тоа се вика Црнпел (црни пелени). Местото се познава, има изгоретини. Ја стигнал жената со другите што бегале, кај чешмата и ѝ кажал дека го заклал детето. Таа писнала и чешмата излегла, се појавила вода и чешмата се вика Пескупоец (писнала жената и водата излегла). Дедо ми Перо Митревски беше илинденец, одеше повеќе пати во Романија и најде луѓе од Шуица. Шуица било номадско село. Далеку е од Сливница едно два и пол километри. Камбаната од манастирот беше пукната, не ѕвонеше убаво. Митре Стерјовски од Сливница купи две камбани, многу убави и ги кладе во манастирот. Ги подари. Една од старите камбани однесовме во црквата Свети Никола. Другата стара камбана од селото ја однесовме во Шуица, во Света Петка. Сега нема камбанарија само малата црква кај новата бензинска пумпа Свети Атанас. Оваа најнова црква ја изградија Србин Поповски и Крстин Нечовски од Сливница. Собраа пари и од други дарители. Митре Стерјовски веќе ја купи новата камбана за оваа црква, изградена на самиот асфалтен пат, пред Сливница, некаде над Претор. Овде на секои две-три години ќе се јави некој и ќе каже дека му се јавила Богоројца. He се јавила неколкупати, туку многу повеќе. Имам слушано дека пред да се изгради овој манастир летала Богоројца и првпат застанала горе на местото Светица. Таму имало само камен. Тоа место е далеку горе, не се ојт таму. Таму не бендисала. Слегла тука, сакала тука да се напрај манастир, и така биднал. Многу села донирале за манастирот. Еве сега ги подигнавме конаците, осумнаесет соби. Бошко многу трчаше за донации. Се донесоа триесет кубици дрва“, ни раскаша Васил Митревски. Разговор со Спасе Поповски роден во село Сливница во 1923 година, со звршено основно четиригодишно образование. Целиот живот го минал во родното село. Спасе го знаеше селото исклучително со името Сливница. Во однос на манастирот тој го раскажа следново:,
„Како деца од 15-16 години тука гредевме, на прослави, на игри. Овде доаѓаа луѓе од секаде. Кога излеговме од колективот некаде во 1952 година, сонив сон. Садевме овде кртули и мене, како на сиромав човек, и на една друга фамилија, ни дадоа да ги посадиме кртулите. На соне ми се јави Богоројца: Да не ојш да садиш кртули, ќе ти го удаам детето. Овде ми играат децата. Нема кај да играе, а вие кртули клаате! Јас сабајлината заминав во Вевчани, работев како мајстор. He ја казав на жената за сонот. А жената со двете чупиња, со едно магаре, дојдоа туа. Кога пули го нема детето, го видоа во вителот на вирот од реката. Ојдоа го изваја детето. Кога дојдов дома и раскажав се. Јас и реков: Јас имам кабает, ми рече Богоројца: Да не ојш таму! И веќе не садевме кртули. Ова лично мене ми се случи. Имам и друг случај да раскажам. Еден ден со детето беревме угоре дрва. Јас најдов едно дрво дебело, кацнато на друго дрво. Дојде детето и ми рече: ќе го прејчиме ова, ќе падне на другото. Го прејковме. Падна и кацна на три дрва. Јас му велам: Остај го, ќе напрајме некоја беља! Тој: He, ќе го прејчиме! И кога детето започна да ги прејчви, тие се одделија и паднаа, но паднаа одделени и не го удрија или зафатија детето под нив. Имам видено и нешто во црквата во Сливница. Во селото имаме црква Свети Димитрија. Јас видов како од неа излегува жена, во црно облечена, и се качи на едно дрво и рече: Сега Југославија ќе зарати, a jac не даам од ова село ниту еден човек да загине. И стварно, зарате Југославија. Еден од селото се најде фатен од Германците, како заробеник. Го однесоа во Прилеп. Богоројца или света Петка него го тргна настрана и по девет дена си дојде дома. А домашните му даваа девет дена задужбина. Ги најде масите кладени со јадења, се зачуди. Ова е цела вистина. Сите знаат. Исто така, бев многу мал, кога слушнав дека во куќата на Ристо Мишев се појавила Богоројца, на пенџерите“, ни раскажа Спасе Поповски Продолжува
Пишуваат: Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВКА-АНТИЌ и СЛАВЕ КАТИН |