|
||||
МАНАСТИРОТ „СВ. МАЛА БОГОРОДИЦА“ ВО СЛИВНИЦА – ПРЕСПА (35) |
ВО ПРЕСПА КАКО ДОМА Објавените 35 продолженија во порталот „Македонска нација“ се дел од монографијата „Ореолот на Дева Марија и Света Богородица Слимничка во Преспа” чиј автори се д-р Вера Стојчевска-Антиќ и публицистот Славе Николовски-Катин, а е посветена на дел од вистината за Дева Марија. Во книгата е пренесен култот на Дева Марија проследен со текстови од многу книги посветени на нејзиниот живот. Оваа значајна и по многу нешта единствено дело е исто така посветено на Пресветата Дева Марија и на Слимничкиот манастир изграден во 1607 година, кој одбележа 410 години од своето постоење, како и текстови за етничка Преспа. Инаку, автори на оваа монографија се Вера Стојчевска Антиќ и Славе Катин. Д-р Вера Антиќ е историчар на книжевноста и на книжевната теорија. Родена е во Битола на 10 август 1939 година. Основно и средно образование завршила во родниот град. Дипломирала во 1963 година на Филолошкиот факултет во Скопје, при Катедрата за историја на книжевностите на народите на СФРЈ. Во 1968 година била избрана при истиот Факултет за асистент. Во 1974 година докторирала на тема од областа на средновековната македонска книжевност, за зборникот „Тиквешки ракопис“ од 15-от век. Во редовните законски периоди била избрана за доцент, потоа за вонреден и редовен професор.
Дел од Преспанското Езеро Вера Стојчевска Антиќ по докторирањето била избрана за шеф на Катедрата за историја на книжевностите на народите на СФРЈ, при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Во 1980 година била избрана како прв директор на Институтот за македонска литература, во основање, во Скопје. Во 1988 година Вера Антиќ е избрана за проректор за меѓународна соработка при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј “ во Скопје. Во 1989 година била гостин на Владата на САД, а потоа била избрана од САД и Р. Македонија за координатор за македонсистика во САД. Во овој период организирала повеќе научни конференции и средби за македонистика во САД: Ен Арбор (Мичиген), Феникс (Аризона), Вашингтон, Њујорк, Њу Џерси, Торонто (Канада), Филаделфија. За целокупната дејност беше наградена од Американската славистичка асоцијација и Универзитетот Охајо со Црвена палкета за извореден успех на македонистиката во САД. Била примена во Американската славистичка социојација за прв нејзин член од Р. Македонија. Вториот автор на оваа монографија Славе Кати, пак, не припаѓа на политичка партија, но е голем вљубеник во својата родна Преспа, во етничка Македонија и македонскиот народ, како и во македонската дијаспора. Тој е познат на македонската и на меѓународната јавност по неговите бројни публикации, новинарски и научни трудови кои се посветени, главно на етничка Македонија и на животот на Македонците во светот. Исто така, неговата работа се однесува и на низа други аспекти поврзани со македонската дијаспора, како и со културата, литературата, јазикот, историјата, журналистиката и религијата. Тој е aвтор на педесет и пет публикации, на стотина научни трудови презентирани на различни симпозиуми и други собири, како и на преку 3.000 новинарски текстови објавени во Македонија и во светот.
Претор Како главен и одговорен уредник на една од престижните издавачки куќи – Книгоиздателството “Македонска искра” од Скопје, Катин несомнено постигнал видни резултати во издаваштвото, особено во учебникарството. Исто така, уредил и објавил бројни дела на македонски иселеници, асоцијации и организации во Канада, САД, Австралија и Европската Унија, потоа, книги на бројни познати и непознати автори од Македонија, како и дела од неговото творештво. Како функционер на Владата на Република Македонија, тој бил на посети и разговори кај поглаварите на Романската, Украинската, Руската и Српската православна црква, потоа во Цариградската патријаршија во Истанбул и повеќе пати во Ватикан во Рим. Меѓу другото, бил и во делегацијата на Владата на Република Македонија за погребот на Мајка Тереза во Калкута, Индија. Во неговата биографија е забележано дека бил одреден период член на “Академијата за слобода на религијата” во Вашингтон, САД, секретар на друштвото “Македонија-Канада”, секретар на Здружението на новинарите на Македонија, бил акредитиран новинар од Македонија за “Австралиско-македонски неделник” од Мелбурн и “Меѓународна политика” од Белград. Денес e член на „Друштвото за наука и уметност“ од Битола и е постојан член на најголемата фондација од дијаспората “Атанас Близнаков”, при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Бродот се движеше долж песочното крајбрежје, а ние патниците се насладувавме на убавината на овој македонски дел. Нашата дестинација беше Претор, а оттаму отидовме во Сливница, село со неповторлива убавина, убавина на која секој што потекнува од тој питом крај треба да и се навраќа. Таму, во пазувите на Баба Планина, недалеку од Езерото, а на неколку километри од границата, се наоѓаат живописните села Долно Дупени, Наколец, Љубојно и Брајчино, а во продолжение нанижани се Штрбово, потоа Крани, Арвати и Сливница.
Тие се дел на Долна Преспа и типични преспански, печалбарски места од кои, од голем број села под Пелистер, многумина заминале и се здомиле во САД, Канада, Австралија и во некои европски земји. Меѓутоа, одреден број иселеници чија цел за враќање е кристално чиста, доаѓаат во родните места кои ги привлекуваат со невидена сила за да воздивнат во своите стари домови, за да ги реновираат старите или да изградат нови куќи, да ги обноват спомените од младоста... Во Долна Преспа е најубаво, највесело и најпривлечно на Илинден, на тој величествен ден на сенародниот македонски копнеж за борба и слобода, на најголемиот празник од сите празници во Македонија. Преспа со гордост го истакнува своето бурно минато исполнето со непокор и борба за опстанок. Во илинденскиот период таму се случиле бурни и драматични настани, а во текот на фашистичката окупација таа беше едно од жариштата на револуционерното движење и една од првите ослободени територии. На Илинден, во Долна Преспа се игра и се пее, се јаде и се пие, се чувствува топло гостопримство и срдечност кај сите оние што доаѓаат да се сретнат со своите роднини, пријатели, познати. Зашто на Илинден се собираат голем број иселеници од прекуокеанските земји, од Европската Унија, преспанчани што живеат низ Македонија, голем број Македонци од Мала Преспа и од егејскиот дел на Македонија коишто живеат ширум светот, гости и иселеници од другите села, туристи и голем број повратници од Преспа и Битолско. Од Претор со возило заминавме за Сливница, селото над кое е сместен еден од најзначајните црковно-национални споменици во Преспа и во Македониаја, црквата „Пресвета Богородица Слимничка". Продолжува Пишуваат: Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВКА-АНТИЌ и СЛАВЕ КАТИН |