Среда, 27 Март 2019    PDF Печати Е-пошта
ВО ГОРНА ПРЕСПА КАКО ДОМА (1)

wsx1

ЛЕГЕНДИ И ВИСТИНИ ЗА ПРЕСПА

За големиот број градови и села во Македонија постојат ле­генди и преданија. Една од нив се однесува на Преспа. Според приказните на старите Преспан­ци, на просторот на денешното езе­ро, се наоѓало плодно поле, со многу села и градот Преспа, рас­положен на брегот на малото езе­рце на граничното тромеѓе.

Ле­гендата вели дека градот бил убав, со големи згради и чаршија, бо­гата со дуќани. Трговците тр­гу­вале со многу градови во светот, носејќи му на градот Преспа големо богатство и култура.

Во градот живеел богат тр­го­вец кој имал ќерка единка, со уба­ви очи, руса ко­са и витка ста­ва. За нивна несреќа, кога на­пол­нила 16 години, таа одненадеж по­­чинала. Од неа се простиле на најдобар можен начин: ја на­ки­ти­ле со злато и среб­ро, ја облекле во најубавата облека и ја по­гре­ба­ле. На нејзиниот закоп при­сус­тву­вало целото население од гра­­дот.

Но, во несреќата на де­вој­ката, некој видел среќа. Двај­цата гробари намамени од бо­гат­ството што го виделе на неа, ре­ши­ле да ја ограбат. Кога градот по­тонал во сон, тие дошле на гро­биш­тата, го откопале гробот и трупот на девојката го внеле во црк­вата, да можат на мир да ѝ го симнат скапиот накит. Но, смет­ката не им испаднала на па­за­рот. Амајлијата од вратот и прс­тените од рацете на девојката не можеле да ѝ ги извадат.

Преморени од вложениот на­­­пор без ефекти, решиле да ја оста­ват девојката во црквата, а тие да се одморат дома, да прес­пијат. Но, наместо да се одморат, ло­шиот сон уште повеќе ги из­мрцва­рил. Во сонот им се појавила де­војката, со нож во рацете и со за­кана дека ќе ги убие, ако не ѝ го вратат накитот.

wsx2

Дел од Преспанското Езеро

Се разбудиле и не чекајќи да се раздени, отиш­ле во црквата. Кога прис­тиг­нале кај мртвата девојка, решиле да ѝ го пресечат вратот и прстите од рацете, за да дојдат до амајлијата и прстените. Кога постариот гро­бар го извадил ножот, девојката одеднаш оживеала и вчу­до­не­виде­на ги прашала зошто сакаат да ја убијат. Во тој миг помладиот гро­­бар влегол во просторијата, пре­плашен од глетката што ја ви­дел, енергично му се спро­­тив­ста­вил на другиот во извршувањето на злосторот.

„Чекај, нема да ја погубиме! Ќе ѝ го смениме името и ќе ја про­дадеме на некој богат трговец“, рекол тој. Девојката се со­­гла­сила да ја прекрстат во Прес­па, дала заклетва дека за ова никој нема да дознае и уште ис­тата вечер му ја продале на некој стар и богат трговец од Ца­ри­град, кој тие денови престојувал во нив­ниот град, а на кого му била потребна робинка што ќе се грижи за него и за неговата со­пру­га.

По нивната смрт таа ги на­сле­дила, но посакала и да се врати во својот роден крај. Но, кога при­стиг­нала во Преспа никој не ве­рувал во нејзината при­каз­на, туку побарале од неа да го на­пушти градот. Сепак, про­б­ле­мот бил решен со изјавите на оние двајца гробари, чија изјава ја прифатиле властите и доз­во­ли­ле Преспа да остане во својот ро­ден град. Така градот Преспа го добил своето име, а потоа и по­широкиот регион.

Од јужната страна на Преспанското Езеро, пак, во близина на сегашното Пе­рово Кула, во Долна Преспа, каде двете преспански езера се на растојание од само 200 метри, нив ги поврзува река, чии води се вливаат од Малото во Го­ле­мо­­то Езеро. Оваа река е по­вр­за­на со минатото на Преспа. По­ста­рите Преспанчани рас­ка­жу­вале дека патот на оваа река бил мно­гу подолг, а ре­ката по­го­лема.

Таа почнувала од под­нож­јето на пла­нината Врба, во бли­зина на се­лото Л'к и завр­шу­ва­ла кај завојот на Нивичка Пла­нина, во местото Роот, каде што сега езерото е најдлабоко. Низ под­зем­ните пук­натини и канали под пла­нината Галичица, водата од езер­цето се про­влекувала и вли­вала во Ох­ридското Езеро.

Според кажувањата, тогаш Преспа била широко и плодно поле, со многу села и големиот град Преспа, кој тогаш се викал Река. Веројатно името го добил по Големата Река, која почнувала и завршувала во Преспа. И кога градот Преспа со селата биле во зенитот на својот развој, се слу­чило најлошото. Регионот бил за­фатен од силен земјотрес, зем­јата се распукала и се по­ја­ви­ла голема вода, која го потопила гра­дот и селата и тие под водата ос­та­нале засекогаш.

wsx3

Црквата „Св. Ахил“

Подземните ка­нали и пук­натини под Га­ли­чи­ца, низ кои истекувала водата, се затвориле, и малото езерце почнало да го зголемува своето ниво и да ги поплавува полето и селата. Така дошло до трка во спасувањето и селењето на лу­ѓе­то, која траела со години и ве­ко­ви, се’ додека езерото не го достигнало сегашното ниво. Селаните што остналае без своите куќи, побарале спас во градот Преспа или подигнале нови жи­веа­лишта во правец на Охрид кон северозапад и на југ кон Кос­тур.

Така биле создадени се­гаш­ните Леринско-костурски села Желево, Оштима, Перово, Руља, Брезница и Габреш, а областа во која се наоѓале се викала Кореш­та. А бидејќи дошле од областа Ре­ка, го добила името Рекарци, кое се’уште го носат.

Големата Река која го се­чела полето за да се влие во то­гаш­ното езерце, Преспа ја делела на Горна и Долна. На реката има­ло неколку мостови кои ги повр­зу­вале селата и населбите. За­чес­тените есенски дождови и то­пењето на про­летните снегови во планините, предизвикувале доа­ѓање на голема вода која го зат­нувала речното корито и го по­плавувала полето и посевите, пре­дизвикувајќи големи штети.

То­гашните владетели во Преспа, а подоцна и царот Самоил, ор­га­низирале акции за расчис­ту­вање на речното корито. На­се­ле­нието кое учествувало во тие ак­ции било ослободувано од пла­ќање данок. Со оглед дека овие луѓе со децении го чистеле реч­но­то корито, некои прет­по­ста­ву­ваат дека името Рекарци го до­би­ле токму поради тоа.

На локалитетот Латински Гро­бишта, во непосредна бли­зи­на на селото П’пли, во Долна Преспа, се развила голема на­сел­ба. Во неа се топела руда до­бива­на од рудникот Рудари, во не­по­средна близина на селото Ру­дари, кое името го добило по руд­никот. Од преработената руда се ковало оружје и друга опрема за војската. Тогашните владетели на Преспа, па и самиот цар Само­ил, својата војска, главно, ја опре­му­вале со ковано оружје во Прес­па. Во населбата се ковале и ба­кар­ни предмети за потребите на домаќинствата. Населбата денес на­ликува на купишта камени грамади.

При обработка на земјиш­тето, жителите од Преспа, често наидувале на темели од некогаш­ни градби и водоводна ка­на­ли­за­ција. Таков е случајот со ло­ка­ли­­тети­­те кај Долно Пиово, ка­де и денес се откопуваат гли­не­ни ќу­пови од големи раз­мери, раз­ни монети и други ме­тални пред­­ме­ти. Вакви ло­кал­итети има скоро на сите страни на Прес­пан­ското Езеро. Таков е слу­чај­от и со Дол­на Преспа. Во бли­зина на се­лото Ви­нени, на бре­гот на Малото Езеро, постоела голема населба.

По­големиот дел од урнатините се наоѓале под водите на езерото. На брегот биле и урнатините од големата црква „Свети Ѓорѓија“. Малото се­ло Винени, поради на­вле­гување на езерските води во него, било преселено во под­нож­јето на ридот. И селото Наколец не­кол­купати било преселувано.

Во 1935 година нивото на Го­ле­мото Езеро опаднало за еден ме­тар во однос на нивото на Малото Езеро. Жителите од блиските се­ла до Малото Езеро го про­ши­риле коритото од реката на Пе­рова Кула и за неколку часа малата река се претвориле во страо­­­тен матен брзак кој го од­нел мостот што бил единствена врс­ка во се­лата од Долна Пре­спа. Населени­ето останало от­се­чено не­колку месеци, се’ додека нивоа­та на две­те езера не се из­рам­ниле и на реката не бил на­правен нов мост.

wsx4

Дел од убавото Преспанско Езеро

Легендите и верувањата на ри­барите дека на дното од езе­ро­то има градби, биле повод во 1936 година во Мала Преспа да дојдат двајца нуркачи, кои спо­ред упат­ствата на рибарите би­ле спуш­тени на дното на Малото Езе­ро. Набрзо претпоставките би­­ле потврдени. На повеќе места на дното на езерото нуркачите забе­лежале остатоци од стари град­би, куќи, цркви, а од не­ко­гаш­ното речно корито извлекле греди од стари мостови.

Продолжува

B3
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.