Среда, 27 Април 2016   
Македонско-австралиски информативни гласила (11)

maig11

ДЕЛ ОД КНИГАТА „МАКЕДОНСКИОТ ИСЕЛЕНИЧКИ ПЕЧАТ“

“Илинденски весник” (1975-1980).  “Илинденски весник” беше гласило на Македонско-австралиското културно-уметничко друштво “Илинден” од рокдеил, а започна да се печати во јули 1975 година. Првиот број излење по повод илинденските празници. Тој е печатен на македонски јазик со латиница и на англиски јазик. Првиот број од овој весник е печатен на 24 страници, голем формат 20 х 43 см., што го задржа и во наредните броеви.

Вториот број од “Илинденски весник” е отпечатен во октомври 1975 година, на голем формат, 29 х 43 см со латиница и на 24 страници.

Бројот 14 датира од април 1980 година, а е отпечатен на 16 страници. Овој број е исполнет со текстови од други гласила и со мал број информации за активностите од македонските заедници. Се чини овој е последен број.

“Глас на Македонците” (1977.- ). Гласилото беше орган на Австралискиот поткомитет на Движењето за ослободување и обединување на Македонија (ДООМ). И покрај тоа што не е наведен датумот на излегувањето на првиот број, од содржината може да се претпостави дека всушност е отпечатен во Сиднеј, Нов Јужен Велс, во октомври 1977 година. Весникот е отпечатен на македонски јазик, на 16 страници, на формат 21 – 29 см., но не е дадено кој го уредува гласилото.  Инаку, во наредните години ова информативно гласило се печатеше во вид на списание од 20 до 32 страници на формат 21 х 29 см. Се печатеше на македонски јазик со кирилица, а има позајмени текстови и на англиски јазик.

Бројот 56 е отпечатен во февруари 1987 година. Тој е на ист формат како и претходните броеви, но на 24 страници. Во него се застапени текстови во врска со црковното живеење во Сиднеј и осветувањето на Македонската православна црква “Св. Никола” во Камбрамата, потоа материјал за Македонија, за културното живеење на Македонците во дијаспората, како и за црковното живеење во Македонија и поставувањето на новиот поглавар г.г. Гаврил.

“Сонце” 1977).   Детскиот весник “Сонце” скромен по својот квалитет, за првпат се појавил во 1977 година, а го отпечати Осумгодишното училиште во Њутаун, населба во Сиднеј. Тој е пишуван на македонски јазик и на 22 страници, на формат 16 х 20 см., чиј уредник е наставникот Ѓорѓи Ѓорѓиев.  Во кусиот вовед, покрај другото, се вели: Списанието “Сонце” за првпат е издадено во учебната 1977 година, кога македонскиот јазик се предаваше во државното основно училиште во Њутаун како еден од мултикултурните јазици во тоа училиште.

Ист ваков број е репродуциран во 1988 година, кој всушност ги содржи скоро истите материјали како и бројот од 1977 година.

“Повод” (1978 - ).  Едно од позначајните македонски гласила што во Австралија излегуваше подолго време беше списанието “Повод”. Тоа е прво македонско списание за литература и култура на овој континент и единствено од ваков вид меѓу иселеништвото. Излегуваше како орган на Македонското литературно друштво “Григор Прличев” од Сиднеј, формирано на 31 март 1978 година во Сиднеј..

Првиот број на списанието “Повод” излезе на 15 јуни 1978 година на четири страници со формат 30 х 21 см., додека наредните пет броеви со иста форма имаат зголемен број страници чиј број се движи од 12 до 18. Од шестиот број списанието ја менува и формата и квалитетот на хартијата и излегува на 23 страници, на мал формат 22 х 16 см, а неколку броеви се печатени од 28, до 40 страници. Во периодот од околу 14 години се отпечатени шеесетина броеви.

maig11-2

“Македонски етник” (1979).  Ова гласило е официјален весник на Македонската етничка комуна за Нов Јужен Велс, печатено во печатницата “Браќа  Миладиновци” во Сиднеј. Првиот број излезе во декември 1979 година на 12 страници,  на поголем формат 23 х 37 см., на македонски јазик со кирилица, а половина текстови се на англиски јазик. Отпечатен е на убава хартија.

“Македонски весник” (1985 - ).  “Македонски весник” е еден од позначајните македонски информатори во Австралија, што се печатеше на литературен македонски јазик, а имаше материјали што се објавуваат и на англиски јазик.

Првиот број на “Македонски весник” е отпечатен во јануари 1985 година во Рокдеил, населба на Сиднеј и збратимен град со Битола, како гласило на Центарот за информации и печат на Македонската етничка заедница од Сиднеј. Тој е печатен на 8 страници на формат 43 х 30 см., а од вториот број се печати стандардно на 16 страници.  Излегуваше еднаш месечно (месечник), неколкупати се печати на петнаесет дена и еднаш во два месеца, по цена од 60 центи до еден долар.

Привременото престанување на печатењето на овој весник, не значеше крај. Повеќепати се правеа обиди за повторно покренување. Така, во ноември 1991 година, се направи обид за продолжување на животот на “Македонскиот весник” и е отпечатен еден број. Новиот број по форма, а и  неговото  клише на главата е ист како и претходните броеви. Тој е отпечатен со современа компјутерска техника на 16 страници, во кој преовладува македонскиот јазик, а има текстови и на англиски јазик.

maig11-3

“Македонски глас” (1990 - ).  Меѓу големиот број информативни гласила, кои што имаат значајна мисија за зачувување на македонскиот национален идентитет, литературниот мајчин јазик, културните вредности, литературата, традициите и обичаите меѓу македонските доселеници во Сиднеј, е секако весникот “Македонски глас”. Тој започна да се печати 1990 година на македонски јазик, со кирилица, настојувајќи да претставува афирматор на македонската вистина. Излегуваше на 16 страници, на среден формат 29 х 42 см. и беше еден од најчитаните и најпопуларни неделни изданија на македонски јазик во Сиднеј и пошироко.  Првиот број на весникот се појави во вторник на 20 септември 1990 година во населбата Рокдеил предградие на Сиднеј. Во почетокот тиражот се движеше до илјада примероди, а според зборовите на Васил Боглев достигнал и до пет илјади и станал трет најголем етнички весник во Австралија. Во првата година отпечатени се 14 броеви, додека во 1991 година се излезени 48 броеви.

Во јуни  1992 година, пак, Васил Боглев започна да го издава списанието “Збор”. Тоа се печатеше на македонски јазик секој втор четврток во месецот и беше подготвувано на најсовремена компјутерска опрема. На страниците на првиот број се појавија коментари и осврти, како и други текстови, главно, со критичка содржина на актуелните настани.

“Збор” (1992).  Списанието “Збор” започна да излегува двапати месечно  во 1992 година. Тој е дел од публикациите на весникот “Македонски глас” од Сиднеј.  Се печатеше на македонски јазик со кирилско писмо и излегуваше секој втор четврток во месецот.

Продолжува

slave-katin-1
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
www.slavekatin.com

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.