|
|
Професор Филип Ангелковски и неговата посветеност на македонското црковно пеење во Торонто (16) |
ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ Богослужбите во црквата „Свети Климент Охридски“ се подуховни и побогати кога на нив доаѓа и учествува и Црковниот хор на чело со диригентот проф. Филип Ангелковски. Тогаш членовите пеат од срце, пеат со многу љубов и желба и за велигденските и за божиќните празници, за патронатот на црквата, а и за време на одржувањето на други настани и бројни приредби. Доброволно, искрено и секогаш се подготвени за да приредат најубави мигови и даваат сè од себе така да биде и да ѝ се допаднат на верниците кои се присутни во првиот духовен храм во Канада.. Формирањето на црковниот хор потекнува уште од годините на изградбата на црквата „Свети Климент Охридски“. Меѓутоа, повеќе од 40 години Црковниот хор работи во поширок состав и во него членуваат повеќе Македонци, хористи кои се аматери и волонтерски кои ја вршат таа работа, а сепак, нивното пеење е професионално. Големи заслуги за формирањето на црковниот хор има Евгенија Кордиќ, долгогодишен диригент и раководител, а најдолг период Црковниот хорот го води професорот по музика Ангеловски. Благодарение на упорноста на бројните членови во минатото и сегашноста, на чело со диригентот Филип Ангелковски досега Црковниот хор постигнал многу значајни резултати. Во последно време, хористите продолжија уште позасилено да подготвуваат нови дела и нова програма, со што нивната улога е поголема, а успесите позабележителни. За тоа има голем удел проф. Филип Ангелковски, познат и признат македонски иселеник во Торонто. Тој е роден на 22 Јули 1936 година во револуционерното македонско село Д’мбени, Костурско во Беломорска Македонија. Потекнува од честито земјоделско семејство кое во бурните времиња придонесувало на македонското дело и христијанството. Детските денови ги поминува во родното Д’мбени, меѓутоа, за време Граѓанската војна во Грција, во судбинската 1948 година за Македонците од Беломорието, како мало дете, заедно со илјадници Македончиња прогонети од своите дедовски огмишта, судбината го однела во Романија, во градовите Совата, Тулгеш, Синаја и Букурешт. Таму, како дете бегалец во источните социјалистички земји, гонет од грчката пропаганда, но со силна љубов кон Македонија го продолжува образованието. Така, во 1953 година го завршува професионалното училиште за електротехника со практична обука. Инаку, во Романија во тоа време по поразот на Демократската армија на Грција (ДАГ) во август 1949 година, еден дел од нејзините сили се префрли во тогашна Југолсавија, а друг дел во Албанија, од каде што се изврши распоред за префрлување на Македонци и Грци во поранешните источно-европски земји и тогашниот Советски Сојуз. Пред тоа, пролетта 1948 година беа прогонети околу 28.000 дечиња од селата на слободната територија во егејскиот дел на Македонија.
Се претпоставува дека вкупниот број на емиграцијата прифатена во источноевропските земји и во Советскиот Сојуз изнесувала околу 55.000, од кои над 20.000 беа Македончиња. Македонската емиграција, заедно со грчката живееле и дејствувале во рамките на сите организирани форми што ги реализираше Кумунистичката партија на Грција. Покрај негативните спомени од грчката пропаганда, во тоа време, во 1949 година почнаа да излегуваат и првите весници на политичката емиграција, во чии рамки се печателе и страници на македонски јазик. Така, во Романија излегуваше весникоѕ „Неа зои“ („Нов жовот“, во кој имаше повеќе страници на македонски јазик. Како и многу други Македонциња така и Филип Ангелковски, меѓу првите, на почетокот на 1955 година, доагја во Република Македонија и се настанува во Битола, каде што порано била сместена неговата мајка. Истата година се запишува во Средното музичкото училиште во Скопје и по четири и пол години школување со успех го заврсува. Големата љубов кон музиката го упатила да го продолжи образованието. Се запишува на студии на Музичката академија во Белград и истата ја завршува со одличен успех во 1963 година, во познатата класа на професорот по кларинет Бруно Брун. За време на студиите, се вклучува во студентското КУД “Жикица Јовановиќ – Шпанац” и студентското КУД “Бранко Крсмановиќ” и како изразит кларинетист – член на оркестарот на тие друштва, посетува повеке земји во светот и тоа; Велика Британија, Италија, Австрија, Швајцарија, Индонезија, Јапонија, Мексико, Костарика, Коломбија и Венецуела. Потоа, во 1964 година се враќа во Битола и како професор предава во новоформираното Средно музичко училисте и тоа кларинет, хармоника и фолклор. Во 1965 година се иселува од Битола и доагја во Торонто, Канада. Брзо се вклучува во изучуванјето на англискиот јазик, знаејки дека преку него ќе може да се вклучи во општествениот живот на оваа демократска земја. Во Торонто завршува два курса со успех и Министерството за просвета на Онтарио го назначи за професор на инструмантална и вокална музика во Општината Ист Јорк.
Како професор се истакнува во работатаа беше ценет од учениците и родителите. Со своите школски оркестри проф. Филип Ангелковски учествувал на многу фестивали со натпреварувачки карактер во Онтарио, за што има добиено над 25 награди во познатата институција „Киванис музик фестивал“. Покрај задолженијата што ги има во училиштето каде што предава, проф. Ангелковски уште во првите денови од неговото доаѓанје во Торонто, се вкључува и го дава својот несебичен придонес во работата на МПЦ, “Свети Климент Охридски”. Така, во 1969 година, заедно со претседателот, професорот Џим Џуглов и генералниот секретар, Славе Катин, авторот на овој текст, Филип беше избран за прв потпретседател на Црковната управа,. Една година подоцна, во јануари 1970 година е избран и за претседател на црквата. Во првите месеци од 1969 година, во просториите на првата македонска православна црква “Св. Климент Охридски” во Торонто, Филип Ангелковски собра група момчиња и девојчинја од македонско потеклосо со намера да формираат македонска фолклорна група при црквата. Гледајки ја големата желба на младите, професорот Ангелковски со радост им ја истакна потребата од еден таков ансамбал, улогата на ансамбалот, а и неопходната потреба од истиот во македонска црковна опстина. По формиранјето на фолклорната група за главен, одговорен и уметницки раководител на групата стана Ангелковски, додека улогата за корепетитор и кореограф му беше доделена на познатиот Алек Петличков, додека за претседател беше избран Владе Шуковски, негов заменик беше Тами Папагјанис, секретар Елизабета Пиљурева и благајник Дајана Ману. Подоцна фолклорната група се именува во КУД “Македонка” при црквата “Свети Климент Охридски”. Во мандатната 1977/1978 година кога доктор Александар Георгиевски беше избран за претседател на црквата “Св. Климент Охридски”, Филип Ангелковски поново беше избран за прв потпретседател. Во тој период тој како главен и одговорен уредник го издаваше Црковниот билтен. Во почетокот на 1990 година. Филип Ангелковски станува и водител на македонската ТВ програма “Македонски мозаик“ заедно со продуцентот Бил (Васил) Јанков.На крајот на 1992 година тој е назначен за музички директор и диригент на Црковниот хор при МПЦ “Свети Климент Охридски” во Торонто, сега Епархиски соборен храм. Под раководството и диригентската палка на професотот Филип Ангелковски, црковниот хор ја изведувал Божествената литургија на свети Јован Златоуст секој неделен ден цели 23 години, со исклучок на летните месеци јули и август. Хорот со успех соработувал со девет управи на црквата. Исто така, Црковниот хор има изведено повеке народни обработени творби како и композиции од македонски композитори. Има настапено со повеке свештеници, неколку митрополити и со двајца архиепископи. Исто така хорот има настапено пред претседателите на Република Македонија, Киро Глигоров и Борис Трајковски, како и пред повеке амбасадори, конзули и многубројни македонски и канадски опстественици. Црковниот хор постигнал видни резултати за време на мандатот на професорот Филип Ангелковски. Меѓутоа, од оправдини прицини тој се реши да се пензионира од хорот почнувајќи од јуни 2015 година. Во период од околу четврт век професорот Филип Ангелковски ја постигна својата цел, меѓу другото: го доведе Црковниот хор на ниво, хорската просторија е снабдена со музички папки за секој хорист со целата црковна литургија готова само да се диригира, набавени се музички пултеви, столови, униформи и се што е потребно Црковниот хор да продолжи неговата мисија. Професор Филип Ангелковски го напуста хорот со жалење, но со надеж да може да го слуша и ужива во прекрасното македонско црковно пеење на Божествената литургија на свети Јован Златоуст во МПЦ “Св. Климент Охридски”, а со цел да се продолжи неговата посветеност на црковното пеење во Торонто. Продолжува
|