Четврток, 05 Мај 2016   
СМК ГО ЧЕСТИТА 6 МАЈ - ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКО-ГОРАНСКАТА ЗАЕДНИЦА НА КОСОВО
grbСВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

СМК ГО ЧЕСТИТА 6 МАЈ - ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКО-ГОРАНСКАТА ЗАЕДНИЦА НА КОСОВО

5 мај 2016 година, Приштина, Косово

- Светскиот Македонски Конгрес (СМК) упати поздравна честитка по повод 6. Мај - Денот на Македонско-Горанската заедница на Косово.

СМК посакува унапредување на положбата и правата на Македонско-Горанската заедница на Косово, како етнички Македонци.

СМК очекува Владата на Косово да ја поддржи Македонско-Горанската заедница на Косово во целосната интеграција на косовската држава и општество.

СМК се надева дека Владата на Косово ќе покаже доблест во почитувањето на правата и слободите на Гораните како етнички Македонци, како еднакви меѓу еднаквите и рамноправни меѓу рамноправните, што претставува показател на меѓуетничката и меѓуверската хармонија, како и на мултикултурализмот во Косово.

СМК апелира до Владата на Македонија да ја зајакне соработката со Македонско-Горанската заедница на Косово, а во рамките на македонско-косовската соработка, да ја помогне Македонско-Горанската заедница на Косово во реализацијата на неколку проекти: културна автономија на Македонско-Горанската заедница на Косово, добивање на двојно државјанство - косовско и македонско за Гораните на Косово, прогласување на областа Гора за Евро-зона на тромеѓата Албанија-Косово-Македонија на Шар планина, унапредување на статусот на граничниот премин Стрезимир-Рестелица во меѓуграничен премин со 24 часовна употреба во текот на целата година и употреба на македонскиот мајчин јазик како наставен и службен јазик во областите Гора и Призренска Жупа и на Косово во целина.

Областа Гора се наоѓа на тромеѓата Косово, Албанија и Македонија. Населена е со автохтони етнички Македонци од исламска вероисповед, познати како Горани или Горанци. Гора зафаќа 370 км2, со надморска височина од 1.000 м до 1.300 м. Во Гора, после Титов Врв на Шар Планина, се наоѓа највисокиот врв Трпежница со 2.160 м.

Во областа Гора живеат околу 40.000 Македонци од исламска вероиспове во 20 села на Косово (Рестелица, Глобочица, Крушево, Зли Поток, Брод, Бачка, Млике, Враништа, Орчуша, Мал Крстец, Голем Крстец, Диканце, Љубоиште, Лештане, Горна Радеша, Долна Радеша, Кукаљане, Горна Рапча, Долна Рапча, со општински центар во Драгаш), 2 села во Македонија (Урвич и Јеловјане) и 10 села во Албанија (Очикље, Запот, Кошариште, Пакиша, Оргоста, Црнољево, Орешек, Борје, Ново Село, Шиштеец, со општински центар во градот Кукс). Областа Гора е богат крај со води и пасишта, но недоволно економски развиен и неискористен.

Од 1990 година во Гора живееле околу 16.000 Горани, со војната на Косово иселени се околу 4.000 Горани и нивниот број денес изнесува околу 12.000. Меѓутоа од 1945 до 1990 година од Гора иселени се два до трипати повеќе Горани отколку што денес живеат на Косово, како печалбари, на сите меридијани на земјината топка. До 1990 година наставата се изведува на српски јазик, но поради домицилните наставници, таа се изведува на горански дијалект на македонскиот јазик.

Етнички Македонци со исламска вероисповед живеат и во областа Призренска Жупа. Нив УНМИК ги именува како “муслимански словени“. Во Преизренска Жупа денес живеат околу 35.000 Македонци во следните места: Локвица, Јабланица, Грнчаре, Небрегоште, Горна Љубиња, Речане (мешана населба со Македонци, Албанци и Срби), Плањане, Љубижда, Манастирица, Скоробиште (мешана населба со Македонци и Албанци), Горно Село и Мушниково (каде процесот на албанизација е речиси завршен). Наставата во овие села до 1999 се изведувала на српски јазик, а од 1999 година населението конвертира со барање за настава на децата на бошњачки и албански јазик од познати причини. Во три села од нив, населението целосно конвертира со барање за настава на своите деца на албански јазик, бидејќи целосно се опкружени со Албанци. Само во Призрен има околу 10.000 Македонци од областа Гора и Призренска Жупа. Во Ораховец живеат околу 1.200 Македонци, во Исток живеат околу 1.000, во Пеќ околу 1.500-1.700, во Витомирица околу 2.500, во Приштина околу 1.600-1.800 а пред војната дури 3.500-4.000, во Косовска Митровица околу 1.750 Македонци, во Гнилање живеат околу 100, како и околу 120 Горани во Косовска Митровица.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.