Среда, 13 Јули 2016   
Писателот Ристо Стефов - афирматор на историјата на македонскиот народ од античко време до денес (27)

risto-stefov

ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ

Крис Срефо или Ристо Стефов, како што им е познат на Македонците е писателот кој живе и твори во Канада и кој ја афирмира Македонија од античко време до денес. Тој е добро познат во македонската заедница во Торонто, а е афирмиран автор во македонската дијаспора и во етничка Македонија. Ристо е автор на поголем прој публикации со кои се покажа и долажа како вљувеник во историјата и вистина за македонскиот народ и етничка Македонија.

Ристо Стефов е роден на 11 јуни 1953 година во револуционерното село Ошчима, Леринско, во Беломорска Македонија. Како последица на економско-политичките случувања во Егејска Македонија, неговото семејство се иселило од дедовкиот праг во 1965 година кога Ристо имал дванаесет години и за секогаш се населиле во демократска Канада.

Инаку, неговото родно живописното селото Ошчима е сместено меѓу градовите Лерин и Костур блиску до изворот на реката Бистрица во северо-источниот дел на Егејска Македонија. Селото се наоѓа на околу илјада метри надморска височина, помеѓу планините Бигла на север, планината Гомнуш на исток и планините Локма и Боданца на запад.

Од ова чисто македонско село има голем број познати личности во Република Македонија и особено во Канада. Во селото Ошчима кое има своја судбина и своја историја се смета дека првите жители се доселиле од други делови на Македонија. Не се знае колку точно е старо слото, но првите информации за најстарите фамилии се од 18 век. До почетокот на 19 век три-четириесет фамилии живееа во Ошчима, чиј број на жители бил околу двеста.

selo-oscima
Селото Ошчима

Според една легенда, на велигден селото Ошчима било нападнато од разбојничка банда која го опколила селото, го запалила и оставила многу мртви зад себе. Преживеаните селани се сокриле под една карпа во поблиската шума. Тие останале цел ден под карпата и се молеле за своите животи, што според легендата им дало нова храброст и сила да продолжат да живеат во селото. И така карпата станала симбол на храброста на ошчимјаните.

Според друга легенда, пак, селото повторно било нападнато од разбојничка банда и кога бандата се враќала од опустошеното село сретнала друга банда на патот и ја посоветувала да го ограби селото со зборвоите „ошче има“, па така богатото село станало познато како Ошчима.

Во биогравските податоци на Ристо Стефов се вели дека по завршувањето на средното училиште во Торонто во 1974 година, тој се запишал на четиригодишните студии на Факултетот за електротехника при Универзитетот во Торонто, каде во 1978 година се стекнува со диплома инженер за применета наука во електротехниката.

Првата работа на Ристо Стефов била во Комисијата за транспорт во Торонто. Додека уште студирал на Универзитетот бил ангажиран да помогне во компјутеризацијата на возилата на Транспортното претпријатие во Торонто. Тука спаѓало инсталирање на системи за следење на возилата и на комуникацискиот систем. Потоа, на Ристо му било дадено задолжение да имплементира  информациски систем за одржување на возилата и разни други проекти.

Ристо Стефов и неговата сопруга ја формирале својата компјутерска фирма „СНС компјутерски систем“, преку која обезбедуваат консултативна помош, интеграција на хартвери и софтверски програми на новата микрокомпјутерска технологија.

По дипломирањето Ристо бил ангажиран од Добротворното здружение на Ошчима, едно од првите македонски асоцијации, формирано 1907 година. Тој бил во управниот одбор, потоа бил избран за претседател на оваа друштво. Исто така тој е член и на Леринското друштво за Онтарио, на кое бил и претседател, потоа на Македонското научно друштво, а е многу активен и во македонската заедница .

Инаку, друштвото “Ошчима” во минатото, па и се’ до денешно време, било и е тесно повр­зано со жителите од селото, а посебно на оние кои во меѓувоениот период и по Граѓанската војна во Грција, кога селото ги претрпело најголемите несреќи. Тоа развило и издавачка дејност, во чии рамки е от­печа­тена и монографијата за селото, како и телефонскиот именик во кој се по­­местени телефонските броеви и адресите на сите жители од Ошчима, без оглед на сегашното место на живеење.

ist-na-mak-nar

Ошчимјанецот Ристо Стефов, како што многумина го викаат стана пасиониран писател по неговото пензионирање. Исто така, во своето слободно време се вклучи во македонските активности на културата и човековите права, како што се пишување статии за македонската историја и други активности.

Во неговиот богат опус на издадени книги, едно од најзначјните научни и негово капитално дело е „Историјата на македонскиот народ од антички времиња до денес“, на „Македонски јазик“ (2008), од Скопје, за чија промоција Ристо Стефов  дојде за прв пат во Република Македонија За ова многу значајно историско дело кое содржи над 500 страници, тврд повез, рецензенти се: академик  Антоније Шкокљев - Дончо, по потекло од  Дамбени, Костурско, Егејска Македонија и Славе Николовски-Катин од Преспа.

mac-in-anc-tim

Оваа значајно историско дело кое за прв пат е печатено на англиски јазик во Торонто е огледало на вистината за македонскиот народ и за Македонија од антички времива до денес. Книгата е поделена на 29 глави во кои се третира историскиот развој на македонскиот народ и Македонија од најпрвото македонско кралство преку издигнувавето на Македонската Империја, до денешното формирање на македонската независна, демократска ја самостојна држава - Република Македонија.

Посебен простор во книгата "Историјата на македонскиот народ од антички времива до денес" од Риста Стефов е посветен на периодот на Филип Втори Македонски и на неговиот син најголемиот од сите европски кралеви Александар Трети Македонски, кој беше најголемиот освојувач на сите времива, господарот на Азија и  човекот кој ги прошири границите на Македонија до Индина.

Исто така, во ова романизирано историско дело Ристе Стефов поместува      опширни материјали за времето на Римската Империја,  за кралицата Клеопатра, последната од големите македонски владетели, како и за воздигнувавето на христинаството на македонмските простори, на чело со Јустинијан Први. Потоа, се поместени материјали за Цар Самуил,  времето на Византија и Отоманската Империја. Значаен простор е даден на настаните пред и после Илинденското востание, како и за Балканските војни, како да ја трагичната поделба на Македонија.

Во делото "Историјата на македонскиот народ од антички времиња до денес“, авторот Риста Стефов посветил особен простор за периодот на Македонија од 1939 до 1949 година, за Втората светска војна и Граѓанската војна во Грција, која беше фатална за македонскиот народр од Егејска Македонија. Исто така, авторот се осврнува и на егзодусот на децата-бегалци од Беломорска Македонија, како и на сегашната состојба во Република Македонија.

mak-zem-na-leg

Книгата ,,Македонија - земја на легенди”, од Ристо Стефов печатена на англиски јазик, а издадена од издавачката куќа ,,Македонска искра” од Скопје во 2010 година, пак, е дело за неговата голема љубов кон родната земја. Авторот ги опишува импресиите од првата посета на Република Македонија по четириесет и две години живеење во Канада.

Ова дело кое се однесува за неговата посета на Македонија, ќе остане тој вечно да се сеќава на се’ она што го виде и доживеа. Во исто време книгата ќе остане да биде значаен документ за бројните посети, настани, дејствија, личности, простори и збиднувања. Со своите репортерски видувања тој настојува да навлезе во суштината на македомнското живеење, во вистината, слободата, иднината... Затоа, Ристо Стефов вели: ,,Дојдете и посетета ја Македонија каде обичниот човек може да живее како крал”.

Ристо Стефов е Македонец од Канада, публицист, канадски интелектуалец, инжинер по образование и сопственик на компјутерско биро, доблесен патриот, човек кој цел живот ги брани интересите и ја чува и афирмира вистината за Македонија и македонскиот народ пред светската јавност.

Покрај делото “Историја на македонскиот народ од антички времиња до денес”,  тој е автор и на делата: “Македонија – илустрирано издание со карти, фотографии и биографии”, “Малата книга со големите грчки лаги”, “Монографија за селото Ошчима”, “Кратка историја за Македонија и македонскиот народ” и заедничкото дело со д-р Мајкл Серафинов “Ова земја не ја даваме”, како и на „Македонија во античко време“ и „Балканот и Македонија“, заедно со академик Антоније Шкокљев-Дончо и Славе Николовски-Катин, сите на англиски јазик.

Инаку, Македонија е и радост и тага и восхит и преокупацијата на Ристо Стефов. Тој ја напуштил својата родна земја – Македонија, меѓутоа, спомените, мислата, љубовта, тагата и патриотскиот дух кон татковината и својот народ не го напуштиле. Ваквите проникнувања на овие хоризонтали во животот на Ристо Стефов, како и сите Македонци ширум светот, ја откриваат сликата за библиската природа на древната земја на нивното потекло Македонија, сместена на балканските ветрометини.

Животната историја на Ристо Стефов е, истовремено, и скромен дел од историјата на неговото родно Ошчима, на Македонците во дијаспората, а преку нив и на нивната татковина – Македонија и на македонскиот народ. Зашто она што се случувало од исконските времиња на Филип Втори и Александар Трети - Македонски, или како што е познат Александар Велики, преку незаборавните битки на цар Самуил, до оние на Гоце Делчев, Даме Груев и сите борци пред нив и по нив, ги отсликуваат историските голготи низ кои минала Македонија, се’ до нејзиното прогласување за самостојна, демократска и независна држава. Затоа, може да се рече за доблесниот иселеник Ристо Стефов дека во неговите скромни рамки и преку неговите дела се проектира најновата фаза на македонската иселеничка историја. Тој е личност за почит и пример од кој можат и треба да се огледаат и други Македонци во двете татковини, Канада и Македонија. Делата што ги напишал и ги пишува Ристо Стефов претставуваат убав пример и патоказ на еден честит, благороден и трудољубив Македонец надвор од Македонија.     

Ристо Стефов за прв пат по заминувањето во Канада се врати во родната Македонија и го посети слободниот дел, Република Македонија во 2008 година. Тоа за него беше голем предизвик, времеплов и своевидна сага за неговото интелектуално опстојување. Целиот свој живот делбата на Македонија ја сваќа како трагедија и погуба на македонското дело, на својот народ и на идните македонски генерации. Затоа, тој е публицистот кој војува со перото и пишаниот збор се’ со цел да ја прикаже и афирмира вистината за Македонија и македонскиот народ во светот. Тоа го потврдува фактот дека кај него тлее убавата и правдољубива идеја за Македонија, а со своите дела за висината за Македонија се издигнува над времете во кое живее. Неговите дела, во исто време претставуваат поттик и инспирација за идните македонски генерации, особено во иселеништвото, а и пошироко во Македонија.

Продолжува

slave-katin-2
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.