Среда, 20 Јули 2016   
Во Австралија како дома (23)

avstralija-kako-doma

ОД ЖИВОТОТ И АКТИВНОСТИТЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АВСТРАЛИЈА

Во Сиднеј останавме речиси една недела и потоа со авион заминавме за Мелбурн. Бргу стасавме над Мел­­­бурн. Кога авионот почна да се спуш­­та, се восхитувавме на убавата природа, мно­гу­­те фарми, езера, бројните др­вја еукалиптуси и там-др­­вото што е специфично за Ав­­стралија и Нов Зеланд.

Исто така, во Мелбурн слушавме за оп­штес­твото за кое многумина велат дека изобилува во благо­сос­тојба. Тука се запознавме со земјата на традиционалните спан­ков­ци - коалите и на кенгурите како и зем­­јата на скапоцениот камен - опалот, песочните плажи и прек­расните предели. Во исто време Мел­бурн е градот во кој многумина дој­­ден­ци од светот, преку негативните појави и деј­ствувања ја изразуваат не­можноста да ги прифатат пре­дизвиците на со­вре­мениот австралиски живот и не­милосрдните оп­штес­тве­ни односи со кои се сре­ќаваат секојдневно.

avstralija-kako-doma-2

Во Мелбурн, во тој убав град, привлечен и нај­значаен административен, политички, културен, спортски центар и главен град на државата Вик­то­ри­ја, според некои неофицијални податоци живеат педесетина илјади Македонци од сите делови на ма­кедонската земја, а особено од Леринско, Костурско, Прес­пан­ско, Воденско, Битолско, Охридско и од други места. Добро организирани, а во исто време поделени по црковно-имотното прашања, раскарани и без меѓусебна љубов што Господ им ја дал, тие се бројни во далечниот Мел­бурн, а многумина од нив имаат важна улога во општественото и во културното живеење и се многу значаен дел на тој австралиски многунационален музеј.

Останавме во Мелбурн, главниот град на др­жа­ва­та Викторија, но не се почувствувавме како во туѓина, напротив како да бевме дома - во нашата Македонија. Имавме средби со многу наши сонародници. Тие средби беа со многу топли прег­рат­ки, изливи на чувства, дури и со солзи радосници. Сред­бите ќе останат незаборавни, бидејќи тука по­чув­ствувавме дека Австралија – „непознатата“ јужна зем­ја колку и да е далечна, таа, сепак, за Македонците е блиска.

Во Мелбурн човек може лесно да се снајде, зашто таму покрај англиски се зборува и македонски јазик. Каде и да се појде: на улица, во дуќан, канцеларија, кафеана, библиотека, на натпревар или на некоја манифестација, насекаде ќе сретнете Македонци. Нив ги има од сите делови на Македонија. Во Мелбурн бројот на македонските доселеници од Беломорска Македонија, од Пелагонија и потпелистерскиот регион се најбројни. Значајна одлика за нив е таа што тие се вредни, трудољубиви, честити и лојални граѓани. Втората и третата генерација се разликува по свеста и образованието, по социјалниот статус, по општествената и материјалната положба. Меѓутоа, заедничка карактеристика за Македонците во Мелбурн е нивната срдечност, гостопримливост, искреност... Иако се чувствуваат како да се најдалеку од татковината, тие се најприврзани за дедовската земја – Македонија.

Викторија е држава во југоисточниот дел на Австралија и е најгусто населена. Поголемиот дел од населението е концентрирана во областа околу Филиповиот Залив (Port Phillip Bay), во која е вклучено градското подрачје на нејзиниот главен град и најголемиот град во Викторија, Мелбурн. Инаку, Мелбурн по Сиднеј е втор по големина град во Австралија.

Државата Викторија географски е најмалата држава на австралиското копно. Пред доселувањето на Европјаните Викторија била населена со домородното население Абориџини. Во почетокот на доселувањето на Англичаните, Викторија била приклучена во пошироката колонија на Нов Јужен Велс. Првата населба била формирана во 1803 година во заливот Саливен и голем дел од она што е сега Викторија било вклучен во Филиповиот Залив во 1836 година со административна поделба на Нов Јужен Велс.

Викторија била официјално формирана како посебна колонија во 1851 година, апостана самостојна во 1855 година.  Во текот на златната треска во 1850-тите и 1860-тите години, бројот на населението и богатството значително се зголемиле. Во 1901 година Мелбурн бил најголемиот град и водечки финансиски центар во Австралија. Исто така,  Мелбурн бил главен град на Австралија до формирањето на Австралија како федерална држава во 1927 година, кога Канбера била прогласена за главен град.

avstralija-kako-doma-3

Кога се пишува за Македонците во Австралија, особено во Викторија, тие отсекогаш биле предмет на разни туѓи верски, нацио­нални и политички влијанија, кај кои се нашло погодно тло за таквата дејност. Во тој правец активна била бугарската, грчката и српската пропаганда, кои со успех ги вршеле своите замислени цели. Притоа, во прилог одела и неорганизи­ра­носта на македонските доселеници кои, за жал, немале ниту своја држава, ниту, пак, свои македонски православни цркви. Затоа, во периодот од нив­ното доаѓање во Австралија до конституира­ње­то на ма­кедонската држава, Македонците биле предмет на бу­гар­ската, грчката или српската пропаганда. Свои пропаганди и влијанија врз македонските доселеници вршела и Католичката, Англиканската и некои про­тестантски цркви, затоа одреден број од нив се приклучиле и кон овие цркви.

avstralija-kako-doma-4

Во периодот меѓу двете светски војни, кога МПЦ не беше конституирана како институција, македонските доселеници во дијаспората, особено во САД и Канада, а и во Австралија, не само што учес­твувале во организирањето и во изградбата, туку и  ги поддржале, ги фи­­­­­нансирале и црквувале, главно, во т.н. македонско-бугарски православни храмови и други цркви. Овие цркви биле поттикнати, изградени и контролирани од МПО. И денес мал број Македонци, претежно од постарите генерации, ги задоволу­ваат своите религиозни потреби во некои од овие христијански храмови. Од деведесеттите години на минатиот век, поголемиот број  цркви со македон­ско-бу­гарски карактер, од владение на  МПО биле предадени и се под це­лос­на контрола и под јурисдикција на Источната православна црква за САД и Канада, која нема никакви врски со македонскиот народ и Македонија.

Исто така, пред конституирањето на МПЦ во лицето на Охридската архиепископија, голем број македонски доселеници помогнале материјално и духовно во изградбите и опстојувањето, како и црквувале во српски, грчки, руски, украински, романски и други православни цркви Таков е случајот со Бугарско-македонската православна црква „Свети Кирил и Методиј“ во Мелбурн.

Меѓутоа, конституирањето на Република Македонија и прогласувањето на автокефалноста на Македонската православна црква во лицето на Охридската архиепископија се настани од фундаментално значење и за иселениците во Австралија. Со тоа се отвори процес на создавање автентични македонски организации, македонски православни цркви и црковни општини, културно-уметнички, литературни, забавни, спортски друштва и друг вид асоцијации. Сите тие претставуваат најзначајни и најголеми собиралишта на македонските доселеници од етничка Македонија во демократска Австралија.

Продолжува

slave-katin-1
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
www.slavekatin.com

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.