|
|
Македонско друштво „Илинден“ -Tирана распишува конкурс за дизајн на лого по повод 10-годишнината од формирањето на Македонско друштво „Илинден“ -Tирана |
Ова лого треба да ги одразува досегашните активности на Здружението. Логото ќе се користи во текот на 2017-2018 година. Секој предлог треба да содржи: предложеното лого треба да биде изработено компјутерски во висока резолуција; концизно објаснување на предлог- дизајнот и основни податоци за дизајнерот. Општи услови за учество на конкурсот: 1. Предлог-логото треба да ја изразува концепцијата на 10-годишнината од основанјето на Македонското друштво "Илинден" -Tирана 2. На натпреварот можат да учествуваат средношколци, студенти и млади уметници. 3. Делата мора да бидат оригинални, необјавени, а авторот ќе биде одговорен пред Законот за автентичност. 4. На натпреварот ќе бидат прифатени само индивидуални учесници. 5. Предлог-логото може да биде од земјата и од странство. 6. Предлозите треба да се достават на е-пошта Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите 7. Предлозите мора да бидат доставени најдоцна до 29 декември 2016 година 8. Предлозите ќе бидат објавен на 31 декември 2016 година, по што ќе има едномецечно гласање од страна на членовите на Друштвото, подржувачите и другите заинтересирани. 9. Победникот ќе биде избран од страна на комисијата и од гласањето на социјалните медиуми. 10. Награди: Прва награда 100 евра и благодарница "Илинден", втората награда и третиот благодарница "Илинден" и сувенири. 11. По завршувањето победникот на конкурсот мора да даде изјава за откажување од правото на користење на лого, по што логото станува сопственост на Македонско друштво "Илинден" -Tирана. Македонско друштво "Илинден" -Tирана ги повикува сите заинтересирани да достават свои предлози. |