Среда, 07 Септември 2016   
Големиот бизнисмен Стив Ставро - Дикло од Торонто (35)

stavro

ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ

Кога се пишува за успешните Македонци во дијаспората, неизбежно е да се спомене името на големиот бизнисмен од македонско потекло Стив Атанас Ставро, или како блиските го викаа по прекарот од родната Беломорска Македонија – Дикло. Тој беше роден во македонското село Габреш, Костурско, а одраснат во Торонто каде го постигна врвот на својата деловна работа и ги остави коските во споменик на ликот и делото на Александар Македонски.

Бизнисменот  Стив Ставро беше роден на 27 септември 1927 година во селото Габреш, Костурско, а емигрирал во Канада со своите родители на возраст од 7 години. Како и голем број Македонци од Беломорска Македонија семејството на Атанас Ставро се населило во централниот дел на Торонто, на улицата „Квин“, која во тие години личела како човек да се наоѓа во Македонија. Уште на почетокот таткому Атанас кој бил познат по своите способности отворил месарница во центарот на Торонто, а подоцна дуќанот го претворил во самопослуга. Таа самопослуга постепено се претворила во еден синџир на продавници што Стив ја презел функцијата од неговиот татко по неговото пензионирање. Нивниот бизнис почнал да расте од синџир на мали продавници во гигантски центри под името „Наб хил фармс„. Меѓу другите супермаркети (магацини-дисконти) на Стив Ставро, треба да се спомене дека продавницата во Вестаун, Торонто се сметаше за најголемиот супермаркет во метрополата Торонто и постоеше цели 15 години

gabres
Селото Габреш

Инаку, селото Габреш е лоцирано на околу 15 километри северно од Костур, во областа Корешта, на двата брега на Рулската река. Селото се состои од две одделни населби - Стари Габреш на десниот брег на реката и Нови Габреш на левиот. Стари Габреш, каде е роден Стив е практично напуштен, иако според попис 2001  имало 7 жители, а Нови Габреш има 420 жители. Во Габреш се наоѓа црквата "Свети Никола" и двата параклиса - "Свети Мина" и "Света Богородица Пречиста".

Треба да се спомене дека судбината на Габреш била македонска, со сите нишани на истребување на македонското населени. Така, според статистичките податоци во Габеш во 1900 година имало 455 жители, во 1913 живееле 648 Македонци, во 1951 година 447, за потоа во 1971 година 75 и во 1991 само 10 жители. Името на Габреш грчките „демократски власти“ му го промениле името во Гаврос.

Во Втората светска војна Габреш беше во италијанската окупаторска зона. Меѓутоа трагичната судбина  започна за време на Граѓанската војна во Геција, кога од селото 87 деца беа прогонети, откорнати од дедовските корени како „деца бегалци“. Тоа беше почеток на крајот за масовното иселување на Македонците од Габреш во Австралија, САД,  Канада, Република Македонија и бројни други земји ширум светот.

Инаку, од селото Габреш потекнуваат и комити и грчки политичари, но ние, покрај Стив Ставро ќе ги споменеме: Михајло Керамитчиев, Наум Пеов, Крсте Битовски, Васко Панчаровски, Коста Ников. Џан (Лазар) Битов и многу други познати личности ширум светот.

toronto-maple

Бизнисменот Стив Ставро беше многу поврзан со дедовските корени во  родното село Габреш. Така, во еден разговор со авторот на овие редови Славе Катин и неговиот менаџер Коста Ников не информираше  за подарокот на црквата „Свети Никола“ во родниот крај и на светата земја Израел. Исто така разговаравме за македонските корени од античко време до денес. Не ги криеше своите големи симпатии кон ликот и делото на Александар Македонски, кој претставуваше идол и личност број еден за бизнисменот Ставро. Притоа треба да се каже дека тој беше човек со ведар дух, надарен, знаен од сите области на животот, хуманист, спортист и редок човек кој знаеше што треба и што сака во бизнисот.

Својата спортска кариера ја започнал уште во средното државно училиште во Торонто, кога и му се родила љубовта кон спортовите, за подоцна да стане значајна личност во спортското живеење на Торонто и на Канада. Неговото познанство со сопственикот на клубот „Мејполиф гарденс“ му ги отвори вратите тој потоа да биде сопственик на овој престижен хокеарски клуб во Торонто, а познат во целиот свет. Исто така, бизнисменот Ставро беше сопственик и на националната кошаркарска асоцијација „Торонто Рапторс“, на „Канадскиот центар“. И на други спортски објекти во Канада.

Се чини страста кон тркачките коњи му беше многу голема. Започна скромно, за подоцна да формира значајна ергела од ткачки коњи кои  ги полнеа стадионите за трчање на коњи во Канада и САД. За одбележување е тоа што еден од најпознатите и најдобрите тркачки коњи го носеше името Александар Македонски

toronto-maple-2

Во име на вистината треба да се каже дека бизнисменот Стив Ставро не беше многу поврзан со слободниот дел на Македонија, но се однесуваше со респект кон вистинските македонски вредности. Тоа го потврдивме во неколкуте средби со бизнисменотСтавро. Инаку, тој, припаѓаше на постарата генерација во Канада и, немајќи македонски православни цркви семејно ги помагаше и беше поврзан со Бугарско-македонската православна црква „Свети Кирил и Методи“ во Торонто, изградена во 1910 година, кон црквите „Свети Ѓорѓи“ изградена во 1940 година и „Света Тројца“ изградена 1971 година, кон Габрешкото спомогателно друштво "Прогрес", кое беше формирано во Торонто, во 1911 година, како и кон Грчката православна црква „Свети Димитрија“ изградена во 1967 година, како пандан на првата македонска православна црква во Канада „Свети Климент Охридски“. Меѓутоа, Стив Ставро, во исто време беше донатор и подржувач и на Македонската православна црква  „Свети Климент Охридски“, на други македонски асоцијации и голем број канадски и други друштва, асоцијации и спортски клубови.

И покрај феноменалниот успех во вложувања во многу бизниси, Стив никогаш не ги заборави своите корени и луѓето што работеше со неговиот пат на иднината. Тој знаеше секој ден да ги посетува неговите објекти каде ги знаеше сите вработени по име и често со нив остануваше да разговара. Неговиот стил на работа одсекогаш беше да се постигне врвен квалитет и да се има голем респект кон „господинот купувач“.

На 24 април 2006 година, Стив Ставро почина во својот дом откако доживеа срцев удар. Тој живееше со својата сопруга Сали, со која имаше четири ќерки, девет внуци и 2 правнуци. Тој е погребан на влезот на гробиштата на „Маунт плезант“ во споменик со Александар Македонски. При нашата посета на неговиот вечен дом можевме да ја видиме неговата античка Македонија и неговиот идол Александар Македонски на коњот Букефал држејки меч во раката со метафора за неговиот бурен живот. Таму е вечниот дом на бизнисменот од македонско потекло Стив Атанас Ставро кој остави длабоки драги со неговиот живот и дело.

Продолжува

slave-katin-2
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.