|
|
Улрих Вилкен и историскиот роман Александар Трети (Велики) Македонски (37) |
АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ - ДЕЛО СО БИБЛИСКА ВИСТИНА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ КОРЕНИ Историскиот роман Александар Македонски од германскиот автор Улрих Вилкен, во превод од англиски на македонски на Славе Николовски-Катин, а во издание на Книгоиздателството “Мисла” од Скопје, отпечатен во 1988 година, претставува значаен придонес и прилог кон осветлувањето на голем број аспекти за древноста и континуитетот на историската вистина за Македонија, со посебна нагласка на античкиот период. Во Република Македонија, за жал, античкиот период не е цесто и континуирано истражуван, затоа бројот на делата кои се занимаваат со оваа прашање е многу мал, за разлика од нашите јужни и други соседи, кои со векови потплатуваат и копаат по “нивната вистина”, за да ја замаглат и покријат македонската вистина. Меѓутоа, вистината неможе да се закопа во земја, кога - тогаш таа ке излезе на површина. Таков е случајот со вистината за Античка Македонија и древните Македонци, за кои е напишано толку многу литература што може да се спореди со литературата за Светото писмо-Библијата. Токму затоа авторот на овие редови имаше можност и убава прилика овој пат на македонски јазик да го претстави и да се соочи со историски роман што е базиран врз вистинските аргументи и историските пишани материјали за Античка Македонија. Овој историски роман е лика и прилика за развојниот континуитет на Македонија, претставен во романизирана литературна форма, со посебна нагласка на ликот и делото на големиот стратег, мислител и дипломат - Фип II Македонски и најголемиот досега воин, освојувач на земји, гениј над гениите, обединувач на народите, почитувач на различните култури, традици и обичаи, и цар на силното Македонско Царство - Александар III (Велики) Македонски. Затоа, со право може да се рече дека ова дело претставува библиска вистина за македонските корени и непресушен извор од каде секој Македонец ќе ја пие чистата патриотска љубов кон татковината-Македонија кон својот народ, со правичен односот и почит кон своите собраќа, пријатели, соседи, кон човештвото… Историскиот роман Александар Македонски на авторот Улрих Вилкен, а како прв превод од англиски на македонски јазик во Република Македонија што го направи авторот на овие редови претставува сублимат на традиционалната македонска вистина, култура и наследство, почнувајќи од времето на владеењето на Филип II Македеонски (359-336 пред Христа) до владеењето и смртта на неговиот син Александар III Македонски (336-323 пред Христа). На страници од романот е обработена македонската вистина, многу успешно се претставени ликовите на Филип и Александар, како и на другите личности од тој период. Авторот Урлих Вилкен навлегол во корените од каде проникна ‘ртулецот на принцот Александар, а потоа го следи неговиот раст од небесните височини, за да напише дека тој наследил од своите претци душа како Шарената Планина и ум чист како бистрите води на реката Бистрица. Но, откако во Оазата Сива ја доживеал чудесната трансформација од човек во Бог, чинот на просветлувањето, јасно ја видел Екумената, братската заедница на целото човештво. Тој верувал дека наближува времето кога ќе создаде еден единствен свет на рамноправни луѓе со кои тој владеел, не како нивен господар, туку како добродушен и правичен Бог. Сакал да им покаже и докаже на сите како ја замслувал Екумената на дело. И кога видел како мислата станува дело, се побунтубале неговите Македонци. Верувал дека лесно ќе излезе на крај со нив, но не било така. Колку тој влечел кон Екумената, толку тие влечеле кон Татковината. Меѓутоа, вистината е таа дека Александар, со своето големо дело, не само со силината на мечот, туку и со доблеста на душата, како никој пред него и по него направил најповеќе да ги сплоти луѓето од сиот Свет во Екумената, братската заедница меѓу сите народи, за која верувал дека таа некогаш ќе стане стварност. Со еден збор, тој бил основачот на денешната заедница во Европа и пошироко. Романот Александар Македонски е поделен на повеќе глави. Во него голем простор му е даден на големиот Филип Македонски, потоа Олимпија, Парменион, македонските цареви Пердика, Аминта Први, Архелај, Клеопатра... Посебен процтор авторот посветил на Аристотел, учителот на Александар, непопустливиот и големиот противник на Македонците - Демостен, како и на бројни настани од тој период, каде особено доминираат и недоволно до денес истражените области од културното достигнување на Античка Македонија. Притоа, битката кај Хајронеја (Хиронеја) што се одиграла на 2 август 338-та година пред Христа, како Прв Илинден за Македонците, остава посебен впечаток кај читателот. Романот, всушност е посветен на Александар Македонски со сите негови подвизи и дела, со посебна нагласка на формирањето на единственото Македонско Царство. Притоа е претставен Александар Трети, царот на Македонија и неговите походи на Коринт, Граник, Халикарнас, Ис, Тир и Оазата Сива како и цивилизацискиот придонес, со целиот блесок на создавањето на познатите градови со висока култура, како и бројни споменици и библиотеки (како примерАлександриската). Александар Македонски е претставен како Амонов син, кој патува од Александрија во Гавгамела, во Вавилон, преку Суса и Персепол до Пакистан, за да стаса до Хиндукуш, “на крајот на Светот”. Потоа, заради различни околности, по морски пат се вратил во Вавилон, каде ги поминнал последните мигови од неговиот краток но бурен живот. Романот Александар Македонски од авторот Урлих Вилкен на англиски јазик, а во превод на македонски јазик на авторот на овие редови, опфаќа значаен и голем период на настани што се случиле на просторот од Македонија и Македонското Царство, чии граници и континуитет се менувал, но многу нешта останале трајни со неизбришливи траги во историјата на цивилизацијата. Овој историски роман, во кој се претставени извонредните раскажувачки способности на авторот, кај читателот буди силни чувства за нараснатиот интерес на недоволно проучените периоди од античкиот период и ја јакне љубовта кон Македонија. Продолжува
|