Среда, 26 Октомври 2016   
Историскиот развој на весниците „Македонски глас“ (1957-1958) од Сиднеј и „Историски билтен“ (1959) од Мелбурн (4)

makedonski-glas-1
НИЗ СТРАНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПЕЧАТ ВО АВСТРАЛИЈА

Развојниот пат на информативните гласила после Втората светска војна се совпаѓа со раз­вој­ниот пат на македонските доселеници на петтиот континент. Во основа тоа се совпаѓало со развојот на настаните во земјите на Балканот, а уште повеќе за­ви­се­ло од текот на настаните околу Македонија.

Затоа, медиумите на Македонците во Австралија се од посебен интерес и имаат повеќекратно значење. Нивната историја и развоен пат се бурни и многу интересни. Тие имале и имаат посебна важност и играле и играат огром­на улога во ин­­фор­мативната дејност на Македонците во новата средина. Таков е случајот со весникот „Македонски глас“ (1957-1959)  од Сиднеј.

Имено, по престанувањето на првиот мамедонски весник „Македонска искра" во јануари 1957 година, во февруари истата година, како двоброј за февруари и март во Сиднеј се појави „Македонски глас. Весникот излегуваше како двоброј, макар што беше најавено дека ќе излегува еднаш месечно. Во првата година се издадени пет броја и тоа покрај вториот април-мај, третиот за јуни-јули, четвртиот за август-септември, петиот за октомври-ноември. Во втората година е отпечатен шестиот број за декември-јануари, а по подолга пауза во јуни 1958 година е отпечатен последниот седми број.

Според публикацијата „Македонскиот иселенички печат“ весникот „Македонски глас се печати на среден формат (28,5x44,5 см.) со латиница. Само главата на весникот, односно клишето, е со кирилица, на кое стои дека е ова единствен македонско-австралиски комерцијален и социјален весник. Најголемиот број текстови се на македонски јазик, со употреба, или со големи примеси на леринскиот и костурско-птреспанскиот народен говор, а има текстови и на англиски јазик, што е придонес од лингистички аспект.

Бројот 2 за април и мај 1957 година е отпечатен на четири страници. На првата страница во текстот под наслов „Отворено писмо до целата македонска емиграција, покрај другото, се вели: „Од името на Македонско-австралискиот народен сојуз и од името на новиот весник „Македоиски глас, ние Македонците во неговата управа преку неговите страници сакаме да ја поздравиме целата емиграција во Австралија со желба за добро здравје. На Шестата конференција во јануари е донесено решение да престане да излегува весникот „Македонска искра“, а да започне да се печати „Македонски глас“, како нов весник. Тој не е приватен весник, туку е на целата македонска емиграција и треба да се знае дека ние сите не сме само добри Македонци, туку и добри Австралијци”.

Исто така, на првата страница е поместен пригоден текст за народната архитектура проследен со фотографии од манастирот „Свети Наум Охридски” во Охрид, а е дадено и поздравното писмо до колективот на весникот „Македонски глас“ испратено од истакнатиот иселеник Стојан Србинов.

Втората страница е резервирана за активностите на македонските доселеници во Австралија. Покрај другите текстови, заслужуваат внимание информациите за одржаните пикници во Аделајд на 1 јануари 1957 година на кој се собрале 550 души, потоа во Мелбурн во месноста Калорама што е одржан на 31 декември 1956 година, а на кој се собрале над 500 луѓе. И третата и четвртата странида се исполнети со голем број информации од животот и активностите во македонските колонии, а има и бројни други вести.

Третиот број за јуни и јули 1957 година е со ист формат како и вториот, а има 6 страници. Целиот е посветен на 45-годишнината од Илинденското востание. Притоа, на првата страница е поместен текст под наслов: „Гоце Делчев-бесмртен водач на македонското национално револуционерно движење", што е просдеден со фотографии од Гоце Делчев, Мирка Гинова и Јане Сандански. Во: продолжение се дадени текстови за Крушевската република, за Илинденското востание во народните песни, како и бројни информации од македонските колонии ширум Австралија, меѓу кои и текстот за велосипедистот од македонско потекло, Алек Лазич, кој постигнал видни резултати во австралискиот спорт.

Шестиот број е отпечатен како двоброј за декември 1957 и за јануари 1958 година, на 4 страници и на ист формат како претходните броеви. На насловната страница е објавено дека Седмата конференција на Македонскиот народен согјуз во Австралија ќе се одржи на 4, 5 и 6 април 1958 година во Сиднеј. Во продолжение се поместени и бројни честитки по повод Новата 1958 година, текстови од севкупното живеење во македонските колонии, а се објавени и изводи од книгата на македонскиот писател Владо Малески „Младоста на Фросина“.

Бројот 7 од јуни 1958 година е последен отпечатен број на весникот   „Македонски глас“. Тој е печатен на 4 страници, ист формат и ист квалитет на хартијата како предходните броеви. Во него е даден пригоден текст по повод завршувањето на 7-та конференција на МАНС со извештаи од повеќе членови, кои зборуваат за проблемите, значењето, перспективите, обврските и финансирањето на весникот, а е поместена и Резолуцијата. На Конференцијата е избрана и управа која имаше задача да го уредува весникот, чиј список е објавен во овој број. Тоа се: уредник Мик Веловски, секретар Џон Пизарков, благајник Коста Валами, редактор Горѓи Стојковски, а се одредени и осум дописници од разни градови ширум цела Австралија.

ХИСТОРИСКИ БИЛТЕН" (1959) — МЕЛБУРН

istoriski-bilten

Во почетните години на организираното живеење во далечна Австралија, одвреме-навреме се печатеа некои изданија по повод некој настан, за да се објави некое соопштение, или да се прокоментираат некои прашања. Едно од таквите македонски гласила во Мелбурн е таканаречениот „Хисториски билтен“ (1959).

За разлика од претходните билтени, тој има форма на весник 36x74 см. На главата на „Хисториски билтен“, кој ни’ беше на увид, од јули 1959 година и број 2 волум. 3, стои дека е специјално издание на Македонската православна општина „Свети Ѓорѓи“ за Мелбурн и Викторија, сето тоа на македонски со латиница. Потоа на левата страна е дадено соопштение за подготовките за Илинден, а десно е објавено дека по повод Илинден на Радиостаницата ЗАК, во сабота на 1 август, ќе има македонска радио програма од 10,30 до 11 часот на која ќе има македонска музика и кус говор. Билтенот е печатен со примеси од леринско-костурскиот говор, а има текстови и на англиски јазик.

На првата страница од „Хисториски билтен“ е поместена фотографија од Македонската православна црква „Св. Ѓорѓи“ од Мелбурн, со текст дека темелот за црквата е поставен и дека се бара материјална помош од сите Македонци без разлика од кој дел доаѓаат. Во продолжение е поместено официјалното соопштение за изградбата на црквата и тоа: на македонски латиница и кирилица исто и на англиски јазик, како и текстот по повод 56-годишнината од Илинденското воетание. На инглиски јазик, пак, се поместени текстовите под наслов „Македонската народна илинденска епопеја“ и „Меморандум и текстови на асоцијацијата на Македонската православна црква. “Свети Ѓорѓи“.

Инаку, во тој период црквата ,,Св. Ѓорѓи“ стана црковен и национален темелник што ги поттикна Македонците низ светот да се зближат, да постигнуваат подобри резултати и да се афиримираат себеси и македонската вистина во новата средина. Затоа со право се вели дека историјата на црквата ,,Св. Ѓорѓи“ е многу бурна, таа има големо значење и силно влијание врз организирањето и работењето на, речиси, сите црковни општини во Австралија и пошироко.

sv-gjorgji-melburn
Првата македонска црковна општина  „Свети Ѓорѓи“ во Мелбурн

Паралелно со заживувањето на црковниот живот, се преземени чекори и за развивање на културно-просветни, спортски и други активности, бидејќи таа уште со самото формирање беше замислена како црковно-просветна институција на македонците доселеници, особена таа беше центар за печатење на голем број македонски иселенички информативни гласила во демократска Австралија.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

www.slavekatin.com

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.