Среда, 30 Ноември 2016   
Интересни македонски информативни гласила со различни содржини во Австралија (9)

mesecni-novini
НИЗ СТРАНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПЕЧАТ ВО АВСТРАЛИЈА

Првиот број на билтенот „Месечни новини” (1971-1974) се појави во март 1971 година како орган на Македонско-австралиската православна општина од Перт, Западна Австралија. Клишето за главата на весникот е на македонски и на англиски јазик, во средината е дадена фотографија од зградата на Центарот на Македонската православна општина, каде што е и сместена црквата „Св. Никола“, прва во Перт. Билтенот се печати еднаш месечно и служи како организационо гласило на општината во Перт; донесува вести, текстовм, покани и друг вид соопштенија на македонски и на англиски јазик, користејќи се со латиница. Излегува обично на 4 страници мал формат, 23 х 29 см., а некои броеви се печатат и на повеќе страници.

Првиот број од март 1971 година е отпечатен на 6 страници на македонски и на англиски јазик. На првата страница на овој број е поместена воведна статија во која се вели: „Комитетот на Македонско-австралиската православиа оиштина од Перт, Западна Австралија, имајќи ја предвид нуждата од едно подобро комуницирање оо нашите членови, дарители и поткрепители, реши да издава четиристранично билтенче, во чии страници се опишува и македонската црква во Перт. Печатењето на билтенот ќе чини околу 50 долари и ќе излегува редовно еднаш месечно. Билтенот „Месечни новини“ ќе го опишува социјалниот живот и ќе ги чува интересите на Македонците во општината и во целина, а ќе се печати на македонски и на англиски јазик со латиница“.

Главен и одговорен уредник на билтенот е Коста Ангелков, а дадени се и имињата на соработниците и тоа:; спортската секција ја води Васил Радин, младинската секција Џејри Скивинс, женската секција Мита Мијас, црковниот живот му припаѓа на прота Спасе Стефановски, културното живеење на Кони Макензи, додека за одбојката е задолжен Ник Каркакис. Во продолжение од билтенот „Месечни новини“ е поместен текстот за македонската црква и за Македонците во Перт – Западн Австралија, соопштението во врска со намерите за печатење на спомнатата книга за животот и дејноста на Македонците во таа општина, како и информацијата за Првата црковно-национална македонска конференција што се одржа во Мелбурн на 2 јануари 1971 година.

mesecni-novini-2

Целта на ова гласило е да го опишува социјалниот живот во Перт, Мелбурн, Џералтон и други места, каде што живеат голем број Македонци од Егејска Македонија, кои се меѓу првите доселеници од македонско потекло што стасале во Австралија. Такви текстови се објавени во сите броеви.

Вториот број, пак, од април 1971 година е на ист формат како и претходниот, на четири страници. На првата страница е поместен текстот под наслов „Успеси на македонскиот народ“, во кој е даден животот, активностите и постигнатите резултати на Македонците, како и еден текст во продолжение на повеќе страници, кој се однесува на социјалните активности во заедницата во Перт. Посебен простор е посветен на активностите на спортскиот клуб, женската секција, играорната група и други информации.

Третиот број од мај 1971 година е идентичен на претходните. Во него се презентирани бројни информации, честитки, соопштенија и реклами. И четвртиот број од јуни 1971 година е на 4 страници на ист формат, на македонски и на англиски јазик. Во него е поместен текстот за Гоце Делчев, а по повод 68- годишнината од неговата смрт и бројни вести и информации од социјалниот живот во македонската општина во Перт. Посебен простор е посветен на покојниот иселеник Наум Кристов од селото Турие, Леринско, еден од активните членови во македонската заедница.

Како двоброј за јуни и јули 1973 година, под година 3 се појави бр. 26. Овој број на, билтенот „Месечни новини“ е на ист формат како и претходните броја, но на 16 страници и со ист квалитет на хартијата. Клишето на главата од билтенот во одредена мера е модифицирано. На левата страна е сместен ликот на Гоце Делчев, во средината фотографија од Општинскиот центар, а на десната страна е даден амблемот „Македонија за Македонците“ со вкрстен пиштол и нож.

Главен и одговорен уредник и на овој број е Коста Ангелков, а цената на билтенот, односно весникот е 5 центи. Во овој број на македонски јазик е поместен пригоден текст по повод 70-годишнината на Илинденското востание, а на англиски јазик текстот под наслов „Илинден - македонски национален ден“. Во продолжение се дадени опширни и интересни текстови за македонскиот јазик, текстови за македонските иселеници, вести, информации од целокупното живеење, како и бројни фотографии од животот и активностите во македонската заедница во Перт.

„МАКЕДОНИЈА (1972) - ПОРТ КЕМБЛА

Во предградието на Вулунгонг, во Порт Кембла, во почетокот на седумдесеттите години, кога бројот на доселеници од Македонија постојано се зголемуваше, се појави првиот број на весникот „Македонија“ (1972). Тој е отпечатен како месечник во февруари 1972 година, на 8 страници, на среден формат. Се печати на македопски јазик со кирилица, а има текстови и на англиски јазик. „Македонија“ е исполнет со текстови преземени од други весници што се печатат во Република Македонија. Сопственик и одговорен уредник е Жан Мицикијан, кој се потпишува како Ј. Мицикан, роден скопјанец, а Ерменец по потекло. Весникот донесува вести и други информативни материјали од Австралија, СР Македонија, како и други вести од културата и од други области.

Од весникот „Македонија“ се отпечатени само три броја кои се исти по форма и идентични по содржина и кои се приодонес на македонското новинарство на петтиот континент.

ИНФОРМАТИВЕН ДОКУМЕНТ (1973) – МЕЛБУРН

informativen-dokument

Ова е специјално издание на Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија. Отпечатено е на 12 страници, на македонски со кирилица, на формат 28x42 см. во Мелбурн, во декември 1973 година, а го уредиле членови на МПЦО „Св. Горѓии. Всушност, ова информативно гласило е збир на документи во врска со поделеноста во македонската колонија во Мелбурн. На насловната страница е поместена фотографија од св. Климент Охридски и голем број пароли со патриотски карактер. На втората и третата страница е поместен текстот под наслов „Вистините околу предизвиканиот и организиран расцеп во Мелбурн“, а во врска со купувањето на новата црква „Св. Илија“ во Фуцкрај и во продолжение се дадени голем број документи, писма, фотокопија и други преписи со цел да се докаже дека членовите на МПЦО „Св. Горѓи“ не се за расцеп, туку за единство и сакаат да ја помагаат втората македонска православна црковна општнна во Мелбурн „Св. Илија“.

Исто така, во овој број на „Информативен документ“ е поместен опширен текст во врска со Проект-текстот на Уставот на Македонската православна црква, во кој во точката 23 стои: „Секој православен христијанин кој ќе биде признат како таков, како член припаѓа на оваа парохија на чие подрачје живее. Парохијанин кој не е државјанин на СР Македонија може да биде избиран во органите и телата на Македонската право- славна црква само со посебна одлука на Светиот архијерејски синод“. Оваа точка предизвика бурни реакции меѓу македонските доселеници, особено оние од егејскиот дел на Македонија.

БИЛТЕН“ (1973) — МЕЛБУРН

bilten-mesecni-novini

Овој „Билтен“ е издаден од Македонската православна црква „Свети Пророк Илија“ од Фуцкрај, а по повод македонскиот пикник одржан на 22 декември 1973 година во Гисборн. „Билтенот“ е печатен на 4 страници (12x33 см) и содржи опширни информации и друти текстови за одржувањето на Македонскиот пикник.

Втората и третата страница се резервирани за активностите на црковната управа „Свети Пророк Илија“, односно културно - забавниот живот и идните планови за работата и за црковно-националните активности. Последната страница е посветена на програмата во која се вели: „Покрај пикникот на 22 декември, ќе сеодржи и старокрајска вечеринка за која се поканети сите иселеници. Културната манифестација под наслов — „Избор на таленти пејачи“.  Таа се одржа на 25 ноември 1973 година во Јаравил и остана незаборавна за околу 800 лица присутни од сите делови на градот.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

www.slavekatin.com

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.