Среда, 30 Ноември 2016   
Коци Ѕоѕе - Првиот Министер за внатрешни работи на Албанија, има заслуга за македонскиот јазик во Албанија

koci-dzodze
Коци Ѕоѕе

Основно образование завршил во родното место Негован, Леринско, Егејска Македонија., а гимназија завршил во Солун. За едно со неговото семејство се преселил во Корча, Албанија, во 1930 година. Таму влегол во редовите на комунистичката партија и бил еден од нејзините најактивни членови на подрачјето на Корча. Тој од 1937 год. бил познат како почитуван лидер, а со оглед на неговото македонско потекло бил поддржуван и од Југословените. За време на Втората светска војна бил еден од раководителите на комунистичкото движење во Албанија, додека во мај 1944 година бил избран за заменик-претседател на Високиот совет на Албанија, и унапреден во генерал-поручник. Веднаш после ослободувањето застанал на чело на Министерството за внатрешни работи, како и еден од основачите на албанската тајна служба. Исто така бил член на Политбирото и пратеник во собранието. Тој е човекот, кој бил најтесно поврзан со комунистичките лидери на Југославија и близок политички соработник на Енвер Хоџа. Сето тоа се променило по прекинувањето на дипломатските односи меѓу Југославија и СССР со донесената Резолуција на Информбирото во јуни 1948 година. Тоагш биле нарушени и односите меѓу Албанија и Југославија, поради што Ѕоѕе бил тргнат од фукцијата началник на МРВ. Наскоро по посетата на Москва од Енвер Хоџа ( 28 ноември 1948 година) Кочо Ѕоѕе бил уапсен и суден на таен процес, на 11 мај 1949 година.

koco-dzodze
Кочо Ѕоѕе во Тирана судски процес

Процесот се водел за неговата група соработници Темелко Кристо, Панди Кристо, Нести Керенџи. При тоа, Ѕоѕе бил суден од воен судкој му изрекол смртна казна, по што на 11 јуни 1949 бил обесен. Тие се товареле како соработници на групата на троцкистите на Тито, кои преговарале за тоа Албанија да стане република во југословенската федерација и др. Некои од нив како Кочи Ѕоѕе, Панди Кристо и други беа осудени на смрт без да се дознае вистината дали работеле за добро или за лошо на Албанија. До ден денес не се знае каде е неговиот гроб. Советскиот новинар Аркадиј Пјервенцев, кој го следел процесот против него, го опишал така: „Кочи Ѕоѕе, тој е мал маж кој спојува ѕверство и малодушност на чакал. Се смета дека заслуга на видните партиски функционери на некогашната Комунистичка партија, Коци Ѕоѕе, Панди Кристо и др. кои биле по потекло Македонци, е зачувување правото на образование на мајчин македонски јазик за македонското национално малцинство во Мала Преспа и оставање на работа на македонски учители од Македонија да ги учат Македонците во Албанија, како и оставањето на работа на Никола Беровски по истерувањето на македонските учители во 1948 година“.

Никола Ѓурѓај

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.