Среда, 30 Ноември 2016   
Украински контрасти на развојот и опстанокот

ukraina1

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – УКРАИНА  (1)

Украина е независна држава вo Источна Европа. Таа се граничи сo Русија на североисток, со Белорусија на север, со Полска, Словачка и Унгарија на запад и со Романија и Молдавија на југозапад. На југ излегува на Црното и Азовското Море. Украина прогласи независност од СССР на 24 август 1991 година, а нејзината независност е финализирана на 25 декември истата година. Официјален јазик во државата е украинскиот јазик, а доминантни религии  се православната и римокатоличката вера.

Според руски извори се верува дека името Украина доаѓа од старословенскиот термин „украина“ што значи „гранична област“ или „крајина“. Многу современи украински историчари поимот „украина" го преведуваат како „во-земја“, „татковина“ или „наша-земја“. Овој превод е во согласност со оригиналното значење на предлогот   „у-“ во украинскиот јазик и именката „краина“. 

Меѓутоа, треба да се разликува значењето на „гранична земја“, кое неконзистентно се презема од бројни научни извори, често од неукраинско потекло, додека преводот како „гранична земја“ добро се усогласува со традиционалното значење во рускиот јазик на „у-“ и „краина“.

Украина по територија е 24 пати по­голема од Република Македонија. Таа е неколку де­се­тици илјади квадратни километри поголема од це­лиот Балкански Полуостров. Зафаќа простор колку Франција, Белгија и Холандија заедно или колку Гер­манија, Швајцарија, Австрија, Унгарија и Данска заедно. Или, повеќе од Шпанија и Португалија.

Таа е индустриски раз­­виена земја со огромни капацитети и суровини, но со транзициски и меѓуетнички проблеми и потешкотии. Затоа, често се вели дека таа е земја на контрасти на нејзиниот развој и меѓуетничкиот опстој.

Да се биде неколку дена во Киев значи да се доживее нешто ново, недоживеано. Тоа се потврди со посетата на неколкумина од Македонија што учествувавме на конференцијата за религијата во овој велеград.

ukraina-kiev
Киев 

Инаку, Киев често го на­ре­куваат: град на контрастите, на цвеќето, на сту­дентите, на минатото, на сегашноста, на иднината, на љубовта...

Овие епитети Киев ги добил зашто во него се измешало и старото и новото, од исток и од запад, од север и од југ. Зашто неговите жители со љубов негуваат цвеќиња по прозорците. Зашто нај­големиот број студенти се школуваат токму тука. Зашто во него се случиле бројни историски настани и се потврдила древната историја, денешната вис­тина и иднина на Киев. Зашто патникот, патеписецот и намерникот во него до­живува дел од животот единствен и карак­те­рис­ти­чен за украинскиот народ и држава.

Според податоците на голем број ана­ли­ти­ча­ри, Киев започнал да се развива уште во IX век, а е запишан во една повелба на летописот Нестор во по­четокот на XII век. Така, во тој документ се вели след­ното:

„Си биле тројца браќа, едниот се викал Киј, другиот Шчек, третиот Хорив, а името на нивната сестра било Либед. Тие си живееле сложно како браќа во планините: Киј живеел кај Борич, Шчек живеел во денешното место Шчековица, а Хорив на третата планина која се викала Хоревица. Тројцата создале град на кој му го дале име­то на најстариот брат и го нарекле Киев. Градот се развивал до околната шума од високи борови со голем број ѕверови“...

Ова е само легенда. Определен број ис­торичари се склони да го прифатат мислењето дека Киј бил историска личност, а можеби е и првиот ки­ев­ски кнез. Меѓутоа, за ова има и спротивни мислења. Но, се знае дека од IX век Киев почнал да се раз­вива како средновековен центар на Словените и се из­дигал како културен центар благодарение на прос­ве­тителската дејност на свети Кирил и Методиј, значајните сесло­вен­ски и македонски просветители, за што сведочат многу до­ку­менти и аргументи.    

Оваа посета на Киев и престојот во хотелот „Украина“ беше втора наша визитација и со различна цел. Првата посета беше во времето кога Украина беше во состав на Советскиот Сојуз и кога преку Киев летавме до тогашниот Ленинград (денешен Санкт Пе­терзбург), а оттаму за Москва и назад за Бел­град, две престолнини преку кои беа насочувани кон­­так­ти­те на културно-историските врски меѓу Ма­ке­­до­ни­ја и Украина.

jaroslav-mudru
Јарослав Мудри

Затоа и денес на двата народа им е заед­ничко малото познавање на едни со други, а чес­то и непознавањето на сопственото минато. Вто­рата по­сета, пак, ја остваривме по една деценија, кога на покана на Ка­би­нетот на министри учествувавме на ме­ѓународната кон­фе­рен­ција на тема: „Религијата и црквата во пос­т­­ко­му­нис­тичкиот период“ што се одржа во Ук­ра­ин­ската ака­де­мија на науките и уметностите во Киев.

Киев, со околу четири и пол милиони жители е најзначајниот велеград во над педесетмилионската Украина. Тој ги спојува должините на реката Днепар. Киев со своите цркви и споменици, со своите стари згради, кои се чуваат од канџите на времето, насликани со жолта, бела и тон на зелено-сива боја, со чисти широки улици и огромни паркови, кои во есен имат златна боја во блесокот на сонцето, го викаат град на бајките.

Киев е убав во секој временски период. Тој се покажува со сета своја убавина на идните генерации. Киев е убав велеград кој го нуди минатото од кое задржал бројни споменици, до сегашноста што ја покажува на неговите обожаватели, посетители и намерници.

На другата страна на реката Днепар постои уште еден огромен Киев, со бројни станбени згради на бескрајните соништа на нејзините жители. Ова е Киев од помодерниот период на социјалистичката изградба, кога личноста  се стопи во колективниот дух на живеење.

Киев е главен и најголем град во Украина, кој се наоѓа во северниот централен дел на земјата на реката Днепар. Тој претставува важен индустриски, научен, образовен и културен центар на Источна Европа. Градот е дом на голем број светски компании, високообразовни институции и светски познати знаменитости. Киев има висока  инфраструктура  и високоразвиен систем за јавен превоз, вклучувајќи го и Киевското метро.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.