|
|
Македонски гласила во Австралија со патриотски содржини (12) |
„Приказ за македонското национално прашање“ е специјално издание на Централниот комитет на „Движењето за ослободување и обединување на Македонија (ДООМ) и на весникот „Македонска нација“. Тоа е печатено во декември 1975 година на англиски јазик, на 24 страници во форма на списание 21x29 см. Приказот е преведен и публикуван од огранокот на ДООМ во Мелбурт. Како што е наведено во воведната статија што е поместена на втората страница, во Приказот е дадена историската вистина за македонскиот народ и неговата сегашна борба за слобода и независност на македонската земја. Во продолжгение се наведува:. „Со приказот се апелира до владите на сите демократски сили, како и до властите и народите на третиот свет да им погмогнат на Македонците во нивната борба до конечна слобода, за подобар човечки живот и подобар животен стандард“.
„ПРИКАЗ ЗА МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО ПРАШАЊЕ" Приказот е отечатен на македонски, англиски, француски и руски јазик и е дистрибуиран од члановите, активистите и поткрепувачите на „Движењето за ослободување и обединување на Македонија“. „БИЛТЕН" (1975—1976) — МЕЛБУРН
Тој е орган на МПЦО за Мелбурн и Викторија „Св. Горѓи“. Се печати на македонски јазик со латинично писмо, на четири страници на формат 21x31 ом. Првиот број се појави во 1975 година по гиојвод Новата 1976 шдина и Божиќ, во кој е поместена честитката од Управата на црквата. Во продолжееие се презентирани текстови што се однесуваат на единството на македонските доселеници на тие простори, потоа информации за КУД „Светлост", за фудбалската екипа ,,Македонија-Престон“, за македонските радио-часови, како и за изградбата на манастирот „Св. Климент Охридски“ во Мелбурн. Значаен простор е посветен на одржувањето на традиционалниот илинденски пикник од 28 декември 1975 година и на програмата во врска со активностите за Нова Година и Божиќ. Не е наведено кој е уредник, но билтенот го уредуваат членови на Упјравата. Наредната година, 1976, пред новогодишните и божиќните празници, а по повод првата богослужба во манастирот „Св. Климент Охридски“ одржана на 2 јануари 1977 година, отпечатан е уште еден број на „Билтенот“. На тој ден, се вели во оваа гласило, се планира да се одржи сенароден пикник на кој се поканети сите Македонци од тој дел на демократска Австралија, а изградбата на манастирот, како што е назначено, е дело на сите благочестиви Македонци, за што им се изразува благодарност. Во овој број, покрај другото, е поместен пригоден текст по поовод 25 годишниот јубилеј од хиротонисувањето во епископски чин на Архиепископот Охридски и, Македонски и првиот поглавар на Македонската лравославна црква г.г. Доситеј, потоа Програмата за големиот илинденски пикник од 2 јануари 1977 година и за богослужбите за Божик и Нова година. „ВЕСНИК“ („NEWSLETTER OF THE MACEDONIAN COMMUNITIES IN AUSTRALIA”)
Првиот број на „Весник“ се појави на 2 август 1976 година на 4 страници, на голем формат (30 х, 45 см.) како орган на Македанската ошнтина. Тој е продолжение на гласилото „Македонски општински весник“, што се појави ово 1975 година. Се печати на македонски јазик, во почетокот со латиница, а потоа со кирилица, а има материјали и на англиски јазик. Овој број го уреди Коста Ангелков, а во него се поместени текстови за Илинден и за македонските дејци од илинденскиот период и од Граѓанската војна во Грција. Меѓу другото, се вели: „Се навршија 73 години од Илинденското востание, кога Крушево беше слободно и се прогласи Крушевската република. Меѓутоа, освен во Република Македонија, Македонците во Бугарија и Грција не ги уживаат националните и црковнодуховните права и врз нив се врши познатата врховистичка политика, а во Егејска Македонија грчките власти го изложуваат македонското население на жестоко национално угнетување“. Во декември 1976 година се појави вториот број, чиј главен и одговорен уредник е Јани Делијанов. Тој е отпечатен на 6 страници, на ист формат како првиот број, кој, со мали измени го има зачувано дог шериод. Исто така и уредниците на овој весник ое менуваа на одреден период, односно со избирањето на нова управа (комитет) во македонската општина. На 2 август 1977 година се појави бројот 3 (година II), кој е посветен на 74-годишнината од Илинденското востапие. Главен и одговорен уредник е Јани Делијанов, а има и други соработници. Тој е отпечатен на 6 страници на кои се поместени текстови со поизразен патриотски дух, што е случај и во наредните броеви. Број 4 на „Весник“ е отпечатен на 25 декември 1977 годп-на, на ист формат и број страници како и претходните. Во него, на англиски јазик е поместена Божиќната порака, а на македонски јазик материјалот за поделбите на Македонската црква „Свети Никола“ од Перт, потоа писма и други информации во врска со немилите настани, текст за Македонците и нивните човекови права, како и активностите на играорната група, Македонскиот радио-час и спортската секција во Перт, како и активностите во македонските колонии во Мелбурн, Аделајд, Вулунгонг и Сиднеј. Во 1978 година е отпечатен и бројот 9, чија глава е модифицирана и во одредена смисла се разликува од претходните броеви. Ваквата форма на главата на весникот, со мали измени на симболите е задржана кај идните броеви. Отпечатен е на 8 страници; на ист формат, чиј главен уредник е Јани Делијанов. Во него е даден опширен текст за гостувањето на фудбалската екипа „Вулунгонг Јунајтед“ во Перт, придружен со бројни фотографии од таа и други македонски фудбалски екипи, фолклорни групи и од другите активности во македонските општини. На 1 март 1980 година е отпечатен бројот 12 (година V), кој е пооветен на 40-годишнината од активноетите на македонската општина од Перт, при што се поместени бројни фотографии од минатото и сегашноста на активностите на таа општина. Уредници на овој број се Јани Делијанов и Трпо Цалев. Во декември 1980 година е отпечатан бројот 14, посветен на Новата година и Божиќ. Тој на 8 страници и поквалитетна хартија претежно пренесува содржини на англиски јазик. Овој број го уредиле Васил Радеов и Михаил Шариновски. Во воведот на англиски јазик, меѓу другото се вели: „Ова е прво издание на „Весник“ од изборот на новата управа што се одржа на 1 ноември. Во минатото, целата работа околу подготвувањето на весникот го вршеше Јани Делијанов но тоа сега ќе биде обврска на целата управа, со цел адекватно да се презентираат ак- тивностите, историските вистини, културните и социјалните активности“. Во 5-та шдина на излегување се отпечатени два броја кои ги уредиле Васил Радев и Михаил Шариновски. Во 1982 година, пак, се оптечатени новите броави 17 и 18. Во седмата година на издавање на гласилото „Весник“ на македонеките заедници во Парт, 1983 горина, се отпечатени два броја; бројот 19 во април и бројот 20 во август. Нив ги уреди Редакциски; одбор составен од членовите Танас Толев, Маноли Станишев, Иљо Огнанов, Љубе Костаднновски, а одговорен уредник е Филип Цалевски. Како и претходдите броеви, и овие се исполнети со текстови од активностите на Македонците во Перт и пошироко.
Во 1984 година за првпат се отпечатени три броја. Така, бројот 21 е отпечатен во јануари на 14 страници, на ист формат. Тој е посветен на новогодишните и божиќните празници. Бројот 22, пак, е отпечатан во мај 1984 година, на 16 страници и е посветен на активностите за купувањето на Македонскиот парк во Стирлинг, а бројот 23 од август е посветен на Илинден и е печатен само на 8 страници, кои се исполнети со материјали за Илинданекото востание. Во 1985 година се отпечатени четири броја; бројот 24 излезе од печат во јануари по повод божиќнитеј празници, бројот 25 во мај и на 10 страници, а е посветен на Велигден и осветувањето и поставувањето на камен-темелникот на Македонскиѕот парк; бројот 26 во август; а по повод Илинден и бројот 27 во декем!ври 1985 година и е посветен на Првата средба на децата бегалци од Егејска Македонија и на заминувањето од нивната татковина. Овие броеви ги уредил Редакцискиот одбор составен од членовите: Наум Неделковски, Филип Цалевски, Иљо Огненов, Крсто Шкордов, Коста Ангелков, Томе Миовски, Маноли Станишев, а главен уредник е Танас Толев. Бројот 28 од јануари 1986 година е единствен број во таа водина. Тој е отпечатен на 20 страници, а го уредиле Коста Ангелков, Иљо Огнееов, Томе Миовски, Јоте Цандовски, Крсте Шкордов и Наум Неделковски, а главен уредник е Танас Толев. Овој број е посветен на отворањето на Македонскиот спортски центар, по кој повод се поместени бројни писма и телеграми, а тоа е направено и по повод оспорувањето на македонското малцинство во Егејска Македонија од страна на Папандреу. Во 1987 година се отпечатени три броја; бројот 29 излезе во јануари, бројот 30 во август, а 31 во декември. Во 1988 година, (пак се отпечатени два броја и тоа: бројот 32 кој излезе од печат во април и содржи материјали за весникот „Австра- лиско-макадонски неделник“ од Мелбурн и за активностите во општината, а бројот 33 од октомври 1988 година, пак, е посветен на човечките права и барањето на Македонците пред Обединетите нации, како и на Средбата на децата, бегалци од Егејска Македонија. Продолжува
|