Среда, 25 Јануари 2017   
Весникот „Изгрев“ – едно од најтиражните гласила во Австралија (17)

aus17

НИЗ СТРАНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПЕЧАТ ВО АВСТРАЛИЈА

Во почетокот гласилото „Изгрев“ се појави на мал формат (16,5 х 21 см), за подоцна да продолжи во форма на весник (29x41 см.) на 20 страници, содржински добро подготвен и технички уреден. Често ги менуваше симболите на главата, која е на македонски и на англиски јазик, при што се употребуваа сонцето со 16 краци, етничката карта на Македонија, а речиси кај сите броеви е присутен симболот црвено сонце што изгрева. Исто така на клишето на главата стои дека тоа е списание на англиски и на македонски јазик.

Тоа се печатеше на македонски јазик со кирилица и со латиница, а тиражот му се движи од илјада до неколку илјади. Имено, во бројот четири е дадено дека претходниот број е продаден во 1.091 примерок, а во бројот 7 е презентиран нодатокот дека тој број е отпечатен во 7.500 примероци и дека тие броеви се дистрибуирани шнрум Автсралија и на други места. Главен и одговорен уредник е Стојан Боризов Марковски, кој во исто време беше и претседател на Македонската етничка заедница за Викторија, а нему му помагаа поголема група македонски доселеници од Мелбурн.

„ИЗГРЕВ“  (SUNRISE“) (1983—1987) — МЕЛБУРН

izgrev17

Во воведот од бројот 4, покрај другото, се вели: „Ова, слободно и независно списание ќе биде прво и единствено од ваков вид во Австралија. Тоа ќе биде достапно за сите Македонци и нема да се плаши да ја каже вистината. Сите објавени реклами на друштва, организации и поединци се бесплатни, но за сите протестни писма и персонални полемики се плаќаат 50 долари за една страна.

Ова списание е слободон македонски гласник и не припаѓа ни на една организација. „Изгр работи без профит, а и уредниците работат на доброволна база, затоа секој Македонец може да се вклучи во Редакцијата без парични оредства. Доброволните прилози и цената од 60 центи се основните спедства за списанието да излегува квалитетно и да се продава“.

Во, 1984 година излезе двобројот 9 за јануари-февруари, кој е сличен на претходните броеви и по форма и по содржина. Покрај другото, тука е помеетен текстот за КУД „Дамјан Груев“, за античките Македонци, голем број писма и други информации и реклами.

Во август 1984 година гласилото „Изгрев“ се појави во вид на весник, на 16 страници, на формат 29x41 см., што ќе продојлжи и во наредните години да ја следи истата форма, но не и број на страници. Главата на весникот е слична на тие од претходната година, а цената на весникот е 80 центи. Весникот ги содржи рубриките: „Слободна страница“, „Прашања и одговори“, „Поезија“, „Од сите страни“, „Од заедницата во Мелбурн и пошироко“ и „Спорт“.

Весникот „Изгрев“ обилува со текстови од животот на Македонците на тие простори, меѓу кои, е поместена информација за донаторот Георги Димитриос. кој подарил 20,000 долари на весникот „Изгрев“, а тоа го направил за љубов кон својата родна земја Македонија, потоа бројни лични творби на македонски доселеници кои се занимаваат со пишување поезија.

izgrev17-2

Во јули 1985 година се појави бројот 22. Тој е отпечатен на 20 страници со кирилица и содржи текстови од севкупното живеење на македонските доселеници. Во четвртата година на печатењето, пак, на весникот „Изгрев“, во февруари 1987 година се појави бројот 26, кој е исполнет со информации за гостувањето на ФК Вардар од Скопје во Австралија. Се чини ова е последен број на весникот.

Списанието „Корзо", пак, се дрјави 1984 година, а финансиски и морално е поткрепено од Македонското родителско друштво при гимназијата во Фуцкрај и Македонското наставничко друштво на Викторија.

Тоа е печатено на македонски јазик со кирилица, на 44 страѕници на формат 17,5 х 25 см. Собирач на текстовите е Лилјана Тасевска, а соработници се: Благуна Маркоеки, Снежана Шеровска, Елизабета Хаџи-Кирова и Стефо Стојанојвски. Во предговорот, покрај другото се вели: „Македонскиот јазик се предава во Гимназијата Фуцкрај од 1981 година. Во 1984 година јазикот и културата ги изучуваат ученици на возраст од 7 до 12 години.

КОРЗО“ (1984) — МЕЛБУРН

izgrev17-3

Овој успех е постигнат со вложениот труд на повеќемина соработници, а списанието е посветено токму на нив. Во 1984 година решивме да издаваме списание, кое се надеваме ќе стане традиционална појава, и ќе се печати ако не двапати барем еднаш годишно. Соработниците се членови на учителската заедница, родители, ученици, студенти и наставници.

Списанието е поделено на три дела: „Спомени од Македонија“, Кај нас во Фуцкрај“ и„Песни, приказни и мислења“. Во првиот дел од текстови и фотографии за Битолското корзо, за животот на село, за животот и детството во Македонија и друго. Во вториот дел се презентирани текстови за изучувањето на македонскиот јазик во Фуцкрај, за секцијата за глума и за животот во тој дел на Мелбурн. Третиот дел, пак, содржи претежно лични творби на ученици од гимназијата, од кои неколку се поместени во оригинал во ракопис, што зборува за љубовта и односот на учениците кон македонскиот јазик. Се чини дека овој е единствен број на ова списание.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

www.slavekatin.com

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.