Среда, 01 Февруари 2017   
„Македонски весник“ - значаен информатор на Македонците во Австралија (19)

mpa19

НИЗ СТРАНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПЕЧАТ ВО АВСТРАЛИЈА

Гласилото „Македонски весник“ беше еден од позначајните македонски информатори во Австралија што се печататеше на литературен македонски јазик, а има материјали што се објавуваат и на англиски јазик. Тој претставува вистински информатор на македонската култура, јазик, литература, нсторија, минато и сегашност. Во голема мера настојува духовно да ги обедини македонзските иселзеници во новата средина и да го афирмира македонското име и нација во демократска Австралија.

Првиот број на „Македонски весник“ е отпечатен во јануари 1985 година во Рокдеил, населба на Сиднеј и збратимен град со Битола, како гласило на Центарот за информации и печат на Македонската етничка заедница од Сиднеј. Тој е печатен на 8 страници на формат 43 х 30 ом., а од вториот број се печати стандардно на 16 страници. Излегува еднаш месечно (месечник), неколкупати се печати на петнаесет дена и еднаш во два месеца, по цена од 60 центи до еден долар.

Како што обично се прагви при започнувањето на издавање ново информативно гласило, и „Македонски весника, донесе воведна статија во која ги истакнува своите цели. Во неа се вели дека „Македонки весник“ ќе работи да ги заштитува националните интереси на македонскиот народ насекаде во светот и ќе ги почитува правата на другите народи; ќе ја брани од туѓо посегнување светата национална држава на македонскиот народ — Републњ ка Македонија, факелот на македонската слобода и надеж на сите обесправени Македонци од егејскиот и пиринскиот дел на Македонија; ќе го афирмира македонскиот литературен јазик, литература, култура, историја, фолклор, традиции и севкупното творештво на слободната македонска држава во светот, а посебно во Австралија.

makedonski-vesnik
МАКЕДОНОЌИ ВЕСНИК“ („МАСЕ
DONIAN NEWSPAPER“)
(1985  )
- СИДНЕЈ

Исто така, овој број, а и наредните броеви обилуваат со позајмани текстови од гласилата што се печатат во Републиката. Главен и одговорен уредник на „Македонеки весник“ е    Кире Циревски, истакнат преспански охриѓанец, роден во селото Перово, што се наоѓа на брегот на живописното Преспанско Езеро. Тој е еден од значајните личности во животот и активностите во Македонската православна црква „Света Петка“.

И вториот број од февруари 1985 година е отпечатен на 16 страници и содржи голем број материјали за активноста на Македонците во Австралија, особено во македонската колонија во Сиднеј, како и новости од Републиката и пошироко.

Во сите дванаесет броеви колку што ое отпечатени во првата година (1985 година), се поместени пригодни текстови за голем број македонски револуционери, за значајни датуми од историјата во Австралија, со посебен акцент на црковниот, културно-просветниот, спортскиот и забавниот живот на макекедонската заедница во Сиднеј.

Во втората година од излегувањето на „Македонски весник“ се отпечатени исто така 12 броеви во ист формат и на 16 страници. Тие се иополнети со голем број интересни прилози од активностите на Македонците во Австралија, особено од активноста на Македонските православни цркви.

Во третата година од излегувањето на „Македонски весник“ се отпечатани 16 броеви во кои се поместени одбрани п интересни матерајли од животот на македонски иселеници во Австралија. Така, првиот број од јануари 1987 гадина, како и претходните е печатен на 16 страници со ист фармат. На првата страница е поместена фотографија од тогашниот премиер на Нов Јужен Велс г. Бери Ансфорт и пригоден текст за Австралија, во кој, меѓу другото, се вели дека денот на ооновањето на Австралија пред 200 години, претставува симбол на слобода и рамноправност и за Австралијанците од македонско потекло кои ги уживаат сите права на демократска и мултикултурна Австралија.

Политичкиот живот на Австралија има посебно место во овој број. Имено, две страници се посветени на кандидатите од политичките партии во Австралија за кои се апелираше Македонците да гласаат за нив. Од изворните текстови, пак, треба да се одбележи оној по повод одбележувашето на 20-годишнината на успешната работа на КУД „Илинден“ од Рокдеил, во кој се вели дека „ .. .Друштвото е формирано од група ентузијасти и вљубеници во македонскиот фолклор и работи во рамките на МПЦО „Св. Петкаи. Во него членуваат повеќе од илјада членови, а во овие дваесетина години има организирано      околу 90 целовечерни концерти, над 200 пати настапило на разни приредби, прослави, национални празници и цркоовни манифестации.  Друштвото било гостин на Републиката и било учесник на фестивалот „Илинденски деновиа во Битола, а учествувало и на „Шел фестивалот“ и на „Етничкиот фестивал“ во Канбара“.

Привременото престанување на печатењето на овој весник, не значеше крај. Повеќе пати се правеа обиди за повторно покренување. Така, во ноември 1991 година, се направи обид за продолжување на животот на „Македонскиот весник“ и е отпечатен еден број. Новиот број по форма, а и неговото клише на главата е ист како и претходните броеви. Тој е отпечатен со современа компјутерска техника на 16 страници, во кој преовладува македонскиот јазик, а има текстови и на англиски јазик. Весникот го уредија Кире Циревски и Снежана Митревска, поранешен новинар во Вечер“ од Скопје, која ги      уредуваше македонските страници во весникот „Ново доба“ од Сиднеј во кој од 1975 година се пренесуваат куси вести, информации и други текстови за Македонија и за макеоднските доселеници). Новиот број на „Македонски весник“ е посветен на посетата на претседателот на Владата на Република Македонија д-р Никола Кљусев и министерот за информации г. Мартин Треневски на Австралија. Во него се поместени и други текстови за активностите на богатиот живот на Македонците во Сиднеј.

vesnik-1985

Гласилото  „Весник“ е јубилејно издание на Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија, а по повод 25- годишнината (1960—1985) на Македонската православна црква „Св. Горѓи“ од Мелбурн. Отпечатено е на 36 страници, без корици, на формат списание 21x29 см. на македонски јазик со латиница и кирилица. Списанието го уредиле членови на управата на Црквата, а цената на чинењето е 1 долар. На наслов- ната страница е псместена фотографија на Македонската правоолавна црква „Св. Ѓорѓи“ од Мелбурн, а насловот е на македонски со латинично писмо.

Во овој број е објавен текст кој се однесува на историскиот јубилеј на првата Македонска православна црква во странство „Св. Ѓорѓи“, при што е дадена и Одлуката за отворањето на црквата и назначувањето нејзии свештеник, испратена од архиепископот Охридски и Скопски и прв митрополит Македонски г. г. Доситеј. Во продолжение се поместени текстовите за изградбата на црквата, за пречекот на делегацијата на Македонската православна црква во Мелбурн, опширен текст за осветувањето, како и пропаганден текст по повод 25-годишнината и богатиот живот на Македонската православна црква Св. Ѓорѓи“, илустриран со голем број фотографии. Исто така, е поместен пригоден текст по повод 1100-години од блаженото упокојување на свети Методиј Солунски.    

sv-gjorgji

Посебен простор е посветен на Илинден-националниот празник на Македонците, потоа за македонското дополнително училиште Браќа Миладиновци“, во кое 150 ученици учат на македонски јазик, за КУД „Светлост", најстарата македонска фолклорна група во Мелбурн и една од првите во иселеништвото, за Македонскиот културно-прооветен центар, за македонската старска организација и за други активности.

На последната страница е објавена програмата по повод јубилејната прослава, како и други соопштенија за активностите што следат во наредниот период.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

www.slavekatin.com

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.