Среда, 01 Февруари 2017   
Романија – пријателската земја на Македонија и на Македонската православна црква

romanija1

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – РОМАНИЈА (1)

Романија е земја во југоисточна Европа, а се граничи со Украина и Молдавија на североисток, со  Унгарија и Србија на запад и со Бугарија на југ (по должината на реката Дунав), додека на исток има мал излез на Црното Море. Источните и јужните  Карпати  минуваат низ централниот дел на земјата, чиј главен град е Букурешт. Таа е членка на НАТО од 2004 година. На 25 април 2005 година, пак, Романија го потпиша договорот за членство во Европската унија, а нејзин полноправен член е од 1 јануари 2007 година, заедно со Бугарија.

Со својата површина Романија е најголема држава во Југоисточна Европа и дванаесетта по големина во Европа. Голем дел од романската земја граничи со  Србија и Бугарија, односно со реката Дунав, а реката  Прут ги дели Романија и Молдавија. Во Романија се влива реката Дунав која ја прави втората најголема и најдобро зачувана делта во Европа.

Името Романија доаѓа од романскиот збор - роман (român) кој, пак, потекнува од латинскиот назив Romanus. Во XVI век  повеќе автори нагласиле дека населението се нарекувало како „романи“. Првиот документ напишан на романски јазик било писмото неакшу каде за првпат во пишана форма бил употребен зборот „романски“.         

Според пишаните историски информации територијата на денешна Романија низ раната историја повеќе пати била населувана од најразлични племиња како Даките, Гетите и голем број други индоевропски племиња. Во 106 година Дакија била заземена од страна на римскиот император Трајан, за што,  според романските историчари, романскиот етнос настанал со мешањето на Даките и римските колонисти по долината на реката Дунав.

romanija1-2
Букурешт

Во XIV век било создадено кнежеството Молдавија кое станало центар на романската држава  Влашка. Стратешката положба на кнежевствата Молдавија и Влашка во долниот тек на реката Дунав и на планинскиот превез на Карпатите овозможувале големи предности во текот на владеењето на Османлиската Империја. Бидејќи се наоѓале на север од Балканот, Влашка дури на  почетокот од XV век, а Молдавија на крајот од XV век  станале должни да плаќаат даноци на Османлиската Империја, а веќе на почетокот на XVI век биле и анектирани. До средината на XIX век, официјален јазик во Влашка било кирилското писмо, додека во 1861 година била воведена латиницата.

Интересно е да се нагласи дека по паѓањето на  Берлинскиот ѕид во 1989 година, во Букурешт избувнале демонстрации за поголеми права и слободи на романскиот народ. Диктаторот Чаушеску, заедно со неговата сопруга Елена биле фатени во бегство и заробени на 25 декември 1989 година. Набргу потоа биле стрелани.

Инаку, во Романија има 20 етнички малцинства, на кои им се загарантирани сите права според меѓународните конвенции. Меѓу другото, на секое од нив Уставот им гарантира по едно пратеничко место во романскиот парламент. Меѓу признатите малцинства во Романија се и Македонците. Романија отсекогаш имала мегаломански ставови спрема ароманското (влашкото) население на Балканот, а тие ставови останале непроменети до денес. Имено, иако Романија ги „признава“ Ароманците исклучително како Романци, од друга страна, пак, не им ги признава нивните основни права.

Официјален јазик во Романија е романскиот јазик, кој го зборуваат околу 91% од населението. Покрај романскиот, поголеми малцински јазици се унгарскиот и  ромскиот јазик. Таа е секуларна држава и нема национална религија. Најголема религиска организација е Романската православна црква во која членуваат над осумдесет проценти од романското население. Покрај православието, други позначајни религии се католицизмот со околу пет посто и протестантството со околу четири посто верници. Во Романија живее и малобројно турско население кое е дел од исламската религија.

romanija1-3
Црквата „Свети Никола“

Инаку, Романија е доста богата земја, особено со нафта, со што по Русија таа го зазема второто мес­то во Европа. Црното злато особено го има во око­­лината на градот Плоешти, во кој видовме бројни ма­­шини за вадење на нафтата од плодното поле на кое му нема крај. Меѓутоа, об­ра­бот­­ливите површини во Влашко тогаш беа во оп­штествена сопственост и припаѓаа на едно минато пов­р­зано со колективниот систем на обработка на зем­јиштето. Се очекува во иднина производството да се зголеми и таа да биде житница за Европската унија, во која таа е членка.

Романија ја посетивме заедно со министерот Владо Наумовски, како гости на Министерството за религија и соработката на Комисијата за односи со верските заедници, со учество на симпозиум за религијата. Таму бевме во едно ново, поинакво вре­ме, во нови услови, но во различни околности кога се измешало старото со новото, комунистичкото со капиталистичкото... Во Романија, односно во Бу­ку­решт престојувавме неколку дена, кога нашето па­ту­вање се совпадна со посетата на една делегација на Вла­дата на Република Ма­кедо­ни­ја на оваа земја. Пристигнувањето на ае­ро­дромот „Венеаса“ во Букурешт, буди спомени за долгите патешествија на македон­ските печалбари при доа­ѓа­њето во оваа, за нас блиска, а за нив далечна, земја по разни траси и патишта.

По сместувањето во вилата во која сопругата на бившиот романски претседател Елена Чаушеску по­минала голем дел од својот живот и во која е сè го­лемо: од дневниот простор до спалните соби, бевме запознати дека се наоѓаме во квартот во непосредна бли­зина на плоштадот „Авијаторилор“ и паркот „Жерастру“ во кој долги години живеел кремот на пора­нешниот систем. Зградата е сместена во еден парк во кој со години се одгледувале разновидни цве­ќиња и растенија. Вилата беше оградена со високи ѕидини и кога човек е во дворот на пре­крас­ното здание тешко е да каже дали се наоѓа на исток или на запад. Внатрешниот дел, особено приемните прос­тории на вилата, беа исполнети со голем број умет­нички дела, резби, скапи килими и класичен ме­бел, голем дел од нив донесени од странство.

Продолжува

slave-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.