Среда, 08 Февруари 2017   
Гласилата „Копнеж“ од Њукасел и „Духовна искра“ од Џилонг (18)

newcastle-united

НИЗ СТРАНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПЕЧАТ ВО АВСТРАЛИЈА

Првиот број на информативното гласило „Копнеж“ излезе во Адамстаун, населба во Њукасл, во април 1984 година. Тоа е печатено во вид на списание, еднаш месечно на 16 страници, среден формат (21x30 см.). На насловната страница во левиог агол има фотографија од Гоце Делчев, а под неа со големи букви стои името Копнеж со кирилица, како весник на Македонците. Цената на весникот е 60 центи.

Главан и одговорен уредник е Благоја Божиновски, социјален работник по потекло од Демир Хисар, а му помагаа соработниците Лилјана Сазданов, водителка на радио-часот и Владо Крстевеки, карикатурист и новинар. За период од две години, колку што излегуваше ова македонско гласило отпечатени се 11 броеви, од кои пет како списание (21x30 см.), а шест броеви во вид на весник во големина 29x42 см. Се печатеше како гласило на Македонците од Австралија, во почетокот во шестотини примероци, а подоцна излегуваше и до две илјади примероци, кои се дистрибуираше во мзакедонските колонии ширум петтиот континент. Во секој од броевите е поместена песната Копнеж од Б. Божиновски.

„КОПНЕ,Ж“ („LONGINES“) (1984-1985) - ЊУКАСЛ

kopnez

Во воведот на првиот број што е поместен на втората страница, покрај другото, се вели: „Со копнеж за подобар живот, со копнеж за среќа и благосостојба, дојдени сме во оваа далечна земја. Копнежот да се вратиме во нашата родна земја ни дава сила и истрајност, да опстанеме и да егзистираме како Македонци. Ни еден народ на овој свет нема такво чувство и приврзаност за родниот крај како ние. Копнежот најизразито се чувствува само во градите на Македонците и Македонките. И еве, денеска во вашите раце го имате и првиот број на макекедонскиот весник „Копнеж“. Ова е гласило на нашето самобитие во Австралија, како резултат на една замисла, желба со години носена во нашите срца, да бвде и остане израз на македонската култура и јазик“.

Од бројот 6 што се појави во септември 1984 година, гласилото „Копнеж“ ја измени својата форма и квалитет. Имено, се печатеше како весник на 16 страници во формат 29x42 см., ја мени главата, односно со подобро решение на бројот ка-ко технички така и содржински. Во него се поместени: писма од читателите, вести од Аделајд, Њукасл, Перт и од Републиката, како и материјали за собитијата во Ватикан и за историскиот развој на Австралија.

Бројот 11 од април 1985 година е последен отпечатен примерок на весникот ,Копнеж“.  Тој е со ист број страниц-и (16) и формат како претходните. Во него на англиски е дадена     информација за условите за Регионалниот рехабилитационен сервис, а потоа следат текстови за одржувањето на забавата во организација на фудбалскиот тим „Њукасл Македонија“ и за Македонскиот радио-час. Посебно место е дадено на спиоокот на дарителите на средства за реновирање на салата во МПЦО „Света Богородица", за маскенбалот под наслов „Фенси  диско вечер“, што го одржаа младинците и на подолгиот текст од Доне Илиевски на англиски јазик за Првото собрание на македонското православно свештенство во 1943 година.

ДУХОВНА ИСКРА“ (1984-1989) - ЏИЛОНГ

SPIRITUAL SPARK (1984-1985) – GEELONG

Билтенот „Духовна искра“ е орган на Македонската правѕославна црковна општина „Св. Јован Крстител“ од Џилонг, Викторија. Тој се печатеше на мал формат 14,5 х 21 см. на македонски јазик со кирилица, а повремено имаше и текстови на англисски јазик. Главен и одговорен уредник беше протојерејот Чедомир Илиевски, а гласилото излегуваше до четирипати во годината. Во првиот број од јануари-јуни 1984 година се содржани претежно материјали со религиозен карактер позајмени од Светото писмо, а е дадена и куса историја на Македонската православна црковна општина „Св. Јован Крстител од Џилонг, како и други вести и информации.

И вториот број, кој е за периодот  јули-декември 1984 година е отпечатен на 24 страници и со тврди корици. Во него се поместени материјали со духовен карактер, потоа од животот на МПЦО „Св. Јован Крститела, за историскиот преглед на МПЦ од нејзиниот почеток до денес, со особена нагласка за активностите на Женската секција.

Третиот број, под година II, за периодот јануари-март 1985 година е сличен на претходниот и содржи повеќе текстови од Светото писмо. Ист е случајот и со бројот 4, за периодот април- јуни 1985 година, кој меѓу другото, го содржи текстот по повод 1100-годишнината од блаженото упокојување на свети Методиј Солунски, поголем број текстови со религиозеи карактер, како и материјалн и информации од животот во македонската колонија во Џилонг.

dzilong

Бројот 5 и 6 се отпечатени 1985 година, а бројот 7 е тримесечник за периодот јануари-март 1986 година. Тој е отпечатен на 24 страници, а содржи текстови за Св. Климент Охридски, Св. Наум Охридски, за Константин Миладинов и неговиот книжевен опус. И тримесечникот број 8 за април-јуни 1986 година е сличен на претходииот и по форма и по содржина, а покрај другите информации содржи и текст за посетата на папата Јован Павле II на изложбата на македонските икони во Рим, како и список од 126 дарители на Црквата.

Бројот 9 е тримесечник за периодот јули-септември 1986 година, кој, покрај другото, ги содржи текстовите по повод прославата на македонскиот празник Илинден во Џилонг, за давањето на македонски православни имиња на новороденчињата, за 25-годишииот јубилеј на Струшките вечери на поезијата и за историјата на Македонската православна црква

Бројот 10, пак, од октомври-декември 1986 година е посветен на животог и делото на македонскиот револуционер Гоце Делчев, за кој се поместени пригодни текстови.

На бројот 15 за периодот јануарњмарт 1988 година што е печатен на 24 страници на форамат 15x21 ом. главен и одговорен уредник е пак прота Чедомир Илиевски. Во него повеќето текстови се на македонски јазик со кирилица, а има и на англиски јазик. Покрај другите, поместени се текстови во врска со грчката пропаганда во Австралија, како и за ставот на македонската заедница во Австралија за одржувањето на т.н. „Интернацио- нален конгрес за македонски студии“ во Мелбурн. Бројот 16, пак, за периодот април-јуни 1988 година во продолжение го пренесува ставот на заедницата за т.н. Конгрес, а има и текстови за одржувањето на Средбата на децата бегалци од Егејска Македонија во Скопје во 1988 година, како и преземеии тексто- ви од Новиот завет.

Во 1989 година, како VI година на излегувањето, се отпечатени бројот 19 за периодот јануари-март и бројот 20 за периодот април-јуни, а бројот 21 е триброј за периодот јули-септември 1989 година, кој претежно е исполнет со материјали за Илиндеи и друго.

Во 1989 година, во издание на Македонската православна црковна општина „Св. Јован Крстител“ од Џилонг е отпечатен посебен билтен, чиј уредник е протојереј Чедомир Илиевски. Во овој број целосно е пренесена само Божествената литургија на Свети Јован Златоует.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

www.slavekatin.com

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.