Среда, 15 Февруари 2017   
Влашко и преселбите во „Ветената земја“ и за бројни Македонци

romania3

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – РОМАНИЈА (3)

Од памтивек влашката земја била „ветена земја“ за голем број Македонци, особено од западниот дел на Македонија, кои со торбата на рамо, тргнале по белиот свет да спечалат и, пак, да се вратат во Македонија на дедовските огништа, на своите корени. Таквите печалбарски движења, според некои пишувани документи и од комуникацијата со бројни раскажувачи, може да се каже дека биле прилично интензивни и оставиле свој белег врз историјата на македонскиот народ.

Така, печалбарството во еден подолг период во времето кога владеела Отоманската Империја, станало масовна појава кај Македонците, особено кај селското население. Ваквата појава ја потврдувала неподносливата состојба во македонските рурални средини од каде голем број од македонското население, па и од другите националности, ја напуштиле Македонија и, за да спечалат по нешто и да им пратат на своите фамилии, меѓу другото, одело и во Романија.

Се знае дека по неколку илјади Македонци од Галичник, Кичевско, Струшко, Тетовско, Мијачкиот крај, Маврово, и од други делови на Македонија оделе на гурбет во Влашко. Таму се занимавале со различни занимања и живееле претежно групирани во тајфи, односно групи, сè со цел полесно да го организираат животот и подобро да се снајдат во новата средина. Таквиот печалбарски живот оставил траги во историјата, културата, обичаите и црковното живеење на македонскиот печалбар. Затоа, не случајно се испеани бројни песни за одењето, живеењето и враќањето од Влашко, меѓу кои, секако, најпозна­та­та е „Влашки моми убави“...

Најголемиот бран доселувања на Македонци во Романија се појавиле по Втората светска војна. Имено, во 1949 година, во виорот на Граѓанската војна во Грција голем број политички емигранти од Егејска Македонија се населиле претежно во Букурешт. Нивниот дел бил околу  6-7.000 од кои 3.000 Македонци. Тие биле населени претежно во Бостошан, Флорика, Питешти, Хинедоара,  Блаила, Галац, Валчеле, Брашов, Клуж, Орадија, Фалтичени како и во детските домови „Синаја“, „Тулгеш“, „Орадија“, „Фалтичени“, „Блаж“, „Палтениш“ и „Трговиште“.

tugles
Тулгеш

Доселениците од Егејска Македонија и од Грција почнале да се организираат во групи уште со самото доаѓање. Македонците започнале да го издаваат списанието „Македонче“. Тоа е прво списание што на македонски јазик било отпечатено во источноевропските земји. Списанието „Македонче“, било наменето за македонските деца и за младината. Тоа во Букурешт се појавило во август 1949 година како орган на прогонетите Македончиња од Егејска Македонија. Клишето било на македонски јазик со кирилица со цртеж на борци од Илинден и од НОВ, на 28 страници на формат 20 х 26см.

Во воведот во првиот број, се објаснува целта на весникот. Во него, меѓу другото, се вели: „Една сурова војна, што ни ја наложија туѓинците, принуди нашите деца за да се спасат, да го земат патот за туѓина. Во народните републики нашите деца најдоа секаков мајчин и човечки прием што може да даде еден народ којшто твори ново општество на работа, на прогрес, мир и радост и ја чувствуваа нивната борба многу близу до нив, како нивна борба... За Македончињата на кои првпат им се дава можност да се образуваат на свој мајчин јазик, благодарение на заедничката и општа борба на грчкиот и македонскиот народ, благодарение на големата и неизмерна грижа и помош на народните републики во кои денес живеат, вакво списание ќе помогне од многу страни. Стремежот, или обидот, да се научат нашите деца на свој јазик, да им се пренесат револуционерните преданија и духот на нашиот народ, да се научат спрема способностите во местото каде живеат и да се подготват за одбрана и заштита на народот, на мирот и напредокот“.

Настојувањата на списанието биле за единство меѓу Македончињата и Грчињата. Имено, како што македонскиот и грчкиот народ се челичеле во борбата против општиот непријател - фашизмот, така тогаш заедно развивале љубов, пријателство и соработка со народите со кои живееле, а особено се стремеле нивните деца, да станат патриоти кои ќе ја сакаат својата татковина и својот народ, да станат луѓе со длабока мисла, а нивен пример да биде нивниот живот, работата, духот и напредокот на социјалистичката младина.

Написите со историска содржина го правеле списанието еден вид прирачник по историја. Од него децата учеле за Илинден, за Народно ослободителната војна и ги развивале своите патриотски чувства. Низ написите од литературата, фолклорот, географијата најмладите се запознавале со минатото, традициите, обичаите на својата поделена татковина.

Исто така, доселениците од Егејска Македонија и од Грција, од почетокот на 1950 година издавале свој билтен „Неа зои“ („Нов живот“) на грчки јазик, но и со статии на македонски јазик со кирилско писмо. Од декември 1952 година гласилото, како орган на политичките емигранти од Грција започнало да се печати во вид на весник на среден формат, на 4 страници, од кои една на македонски јазик. Сè  до 1958 година гласилото излегувало четирипати неделно, кога започнало да се печати на 6 страници излегувало секој втор ден, од кои две страници вметнати како прилог биле на македонски јазик. Тиражот се движел околу 2.000 примероци.

Весникот „Нов живот“ бил општо политичко гласило, а се занимавало со прашања од културата, организираното живеење, економијата, со проблемите во Грција. Посебна нагласка се ставало на прашањата и проблемите на Македонците во емиграција и во Егејска Македонија во борбата против дискриминациските закони.

vlasko-oro
Влашко оро, Македонско-англиско-влашки речник за деца

Во него имало и коментари и други информации од севкупното живеење на Македонците ширум светот и од Пиринска Македонија. Во периодот по 1956 година се објавувале бројни текстови за слободниот дел на Македонија, од нејзината култура, јазикот, а се поместувале и текстови кои се однесувале на организирање на семинари за македонски учители, како и информации за издавачката дејност и печатот во емиграција, квалифи-кацијата на македонските работници, студирањето на младите итн.

Продолжува

slave-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.