Среда, 22 Февруари 2017   
Манастирите во Куртеа од Арџес – поддржувачи на Македонската православна црква

romanija4-1

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – РОМАНИЈА (4)

Во Букурешт се печатело и списанието „Илинден“. Тоа било второ списание на македонски јазик што се печатело во источноевропските земји. Списанието било орган на Централниот совет на организацијата „Илинден“. Се печатело на македонски јазик со кирилица, употребувајќи и руски букви, на формат 16,5 х 25,5 см. Списанието од август 1952 година излегувало на четиринаесетина страници, како периодично гласило. Потоа, во 1963 година излегол и првиот број на списа-нието „Македонски живот“ како периодично издание. Тоа се печатело на македонски јазик и кирилица, на формат 14 х 21 сантиметри, во тираж од 2.000 примероци.

Во 1968 година започнала големата преселба на Македонците од Романија во Република Македонија, а во мал број и во Грција и во другите земји. Во влашката земја останале многу малку кои, за жал, денес малку се организирани во свои македонски организации, а помошта од матичната земја е мала, а тие се оставени во „котелот на асимилирањето“.

Денес во Романија живеат околу 15. 000 Македонци, населени во различни делови на земјата тие се потомци на доселеници од Македонија, дојдени во различно време и од сите делови на етничка Македонија. Оние, чии предци дошле пред повеќе векови, знаат само дека се од Македонија, на пример, од Пиринско, Прилепско или од други делови на Македонија. Потомците кои подоцна се доселиле си го знаат и точното место (град или село) на потеклото.

Исто така, во Романија денес студираат поголем број студенти, главно, од влашка националност, на Универзитетот и на други високи школи во Букурешт. Има и одреден број студенти на постдипломски студии и научници кои ги стекнуваат или презентираат своите знаења во Романија.

vlasko
Преселби во Влашко

Во Романија не е дозволено формирање на политички организации на етничка основа, но затоа Македонците имаат свој претставник во парламентот. Тие се организираат и преку „Друштвото на Македонците во Романија“ (Asociatia Macedonenilor din Romania), во кое членуваат поголемиот број Македонци.

Романија е карактеристична и по големите кон­­трасти. Таа е православна земја чија историја е мно­­­гу стара. Така, Влашко и Добруџа биле насе­лени со племето Дачани, кое подоцна се измешалo со Кел­­тите и Словените кои оставиле забележителни траги во ми­­натото на Романија, што денес можат да се видат на многу места и во многу прилики.

Имавме го­ле­­ма чест и предизвик да бидеме примени од патријархот на Ро­ман­ската православна црква, неговата светост г.г. Теоктист, со кого имавме срдечен разговор. Пат­ри­јар­хот, кој со својата става, духов­ност и муд­рост остава си­лен впечаток кај со­го­вор­никот, со сво­и­те со­ра­бот­ници ни посака до­бре­дојде во Ро­ма­нија и го изрази своето за­до­вол­ство што има при­ли­ка да разговара со претставници од хрис­тијан­ската Ма­кедонија, како што ја нарече Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­нија.

Во срдечниот разговор стана збор за про­ши­ру­вање на соработката на Романската и Ма­ке­дон­ската првославна црква, како и за други прашања и проб­леми, врзани со православието и екуменското живеење. Притоа, истакна  дека е запознат со полож­бата во која се наоѓа Маке­дон­ската пра­вославна црква и дека се разменети по­да­роци и посети меѓу претставници на Маке­дон­ската и Романската православна црква.

Во текот на престојот го посетивме манасти­рот во Куртеа од Арџес, една од владетелските рези­ден­ции која се наоѓа на 150 километри  северно од Бу­ку­решт. Таму бевме гости на владиката Ка­ли­ник кој има големи сим­па­тии кон Македонската пра­вославна црква, ма­кедонскиот народ и Репуб­ли­ка Македонија. Љу­без­ни­от митрополит со од­бра­ни зборови говореше за МПЦ и за сè она што тој со голема љубов го има направено за не­кои ма­ке­донски свештени лица.  

dobrudza
Споменик во Добруџа

Сам приз­на де­ка бил „укорен“ од членови на Си­нодот на Ро­ман­ска­та православна црква, наводно за­ради тоа што служел со митрополити од Маке­дон­ската пра­вославна црква. Ме­ѓутоа, во шега ни рече дека на членовите на Си­­но­дот им одговорил: „Тоа не е вистина, би­деј­ќи тие слу­жеа со мене, а  не јас со нив“.

Со владиката Калиник расправавме долго за го­лем број прашања и проблеми. Меѓу дру­­гото, дознавме дека епархијата на која е надлежен има околу 120 манастири. Во градот Куртеа од Арџес по­стои Теолошки факултет, еден од дванаесетте во Ро­манија, на кој студираа четири студенти од Ре­пуб­­­лика Македонија, а со кои имав средба и заед­нич­­ки ручек. Во пријатната атмосфера и разговор, вла­­­диката Калиник нè запозна со приликите, ус­ло­ви­­те, можностите и намерите во врска со идната со­ра­ботка на Маке­дон­ската пра­вославна црква со Романската православна црква, осо­­бено со епархијата за која е надлежен. Притоа, со задоволство ја прифати поканата да ја посети Ре­публика Македонија.

Инаку, регионот Арџес се наоѓа во централно-јуж­ниот дел на Романија и го зафаќа горниот базен на реката Арџес, по која и го добил името што го но­си до денес. Тој простор е богат со голем број реки, при­­родни и вештачки езера, околу кои се развила ин­­тересна флора и фауна, што овозможува Арџес да биде интересен за туристите и  намерниците. Па­тем, тој е главен град на овој регион, кој нуди многу интересни места и културноисториски споменици.

kutea
Манастир во Кутеа ог Арџис

Се­како, Куртеа од Арџес е еден од најголемите романски центри на средновековната умет­ност и архитектура. Сместен во централниот дел на Романија, блиску до Карпатите, на околу 150 километри  од Букурешт, Куртеа од Арџес беше првиот главен град на Романија во 1330 година. Таму има вредни споменици на културата и уметноста, затоа со право се вели дека Куртеа од Арџес е вистински музеј на романската историја.

Нашата посета на Куртеа од Арџес ја ис­ко­рис­тивме да го посетиме главниот манастир кој е граден во XIV век како византиска класична црква и прет­ста­­вува вреден споменик на културата, религијата, ис­­торијата  во која има вредни фрески од три различни периоди. Манастирот е изграден од де­л­кан камен и има интересна архитектура, како и око­­лина. Вредно е да се спомене дека на неколку ки­­лометри од градот Куртеа од Арџес се наоѓаат ди­­вите, природни и сликовити простори во кои е смес­­тен замокот на Влад Тепеш, денес познат како Дракула.

Престојот во Романија беше уште едно поинакво видување на сегашноста во која чекори оваа пријателска земја на Македонија.

Крај

slave-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.