Среда, 22 Февруари 2017   
Гласила на Македонската обединета општина на Западна Австралија (21)

mpa21

НИЗ СТРАНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПЕЧАТ ВО АВСТРАЛИЈА

Гласилото „Наш  свет“ започна да се печати во септември 1986 година како орган на Македонската обединета општина на Западца Австралија (инкорпорација). Него го уредуваше редакциски одбор чиј главен и одговорен уредник беше истакнатиот иселеник Сашо Цветкоски, а членови на Одборот Зоран Ќосески и Милорад Јакимов. Првиот број од „Наш свет“ содржи дваесет и осум страници на формат 19x29 см. Се печатеше на ли- тературен македонски јазик со кирилица, а имаше текстови и на англиски јазик, како и материјали преземени од весници и списанија што се издаваа во Република Македонија, кои се однесуваат на историското и културното минато на македонскиот народ и Македонија.

Во воведната статија од првиот број се вели: „Гласилото „Наш свет“ се планира да излегува еднаш месечно, со цел да ги запознае членовите на Обединетата општина и другите Македонци со постигнатите успеси на организацијата. Затоа се планира постојано да се објавуваат најактуелните вести од животот во Австралија и оние што се однесуваат на доселениците, како и вести и информации од старата татковина Македонија, и тоа од социјалниот, културниот, црковниот, забавниот, спортскиот и другиот живот на македонските доселеници во Перт. Весникот е одлучено да се печати на македонски и англиски јазик“.

Вториот број од „Наш свет“ ое појави во октомври 1986 година на ист формат, на 26 страници, со поиздржана содржина и е подобро технички уреден. И во овој број е поместен вовед, но овојпат на македонски и ангиски јазик, во кој, меѓу другото, се вели дека вториот број на „Наш свет“ е посветеи на, 11 Октомври, големиот празник на македонскиот народ. Покрај другите поместен е и текст на англиски јазик што ја дава личната карта на Макадонската обединета ошптина ,на Западна Австралија (инкорнорација). Таа е формирана, се вели во текстот, на 24 март 1985 година и претставува еден вид продолжение на спортскиот клуб „Вардар“ и на Македонската православна црква „Свети Никола“, каде што има над 1500 членови, додека во фолклорната група „Илиндена бројот на вљубениците во македонското оро и песна достигнал до 106 членови.

,,НАШ СВЕТа („OUR WORLD) (1986—1987) — ПЕРТ

nas-svet

Третиот број од весникот „Наш свет“ се појави во декември 1986 година на ист формат, а на 24 страници. Во воведната статија Редакцискиот одбор, кој се зголемил уште со соработниците: М. Јакимов, М. Спиркоски, Ј. Томов, К. Вртески, Д. Талимгиоски и Д. Гусакоски, на сите читатели им ги честита Нова година и Божик со најубави желби и информира дека Општината планира да започне со изградба на новиот Клупски центар, кој ќе биде средиште на сите активности за Македонците во Западна Австралија.

Бројот четири на „Наш овет“ е отпечатен во 1987 година, со нов формат (35x25 см.) што се применуваше и кај идните броеви. Од четвртиот број квалитетот на публикацијата се подобри и по форма и по содржина, Како и во претходните броеви и во овој е поместн воведник, но овојпат само на англиски јазик, во кој, покрај другото, се наглаоува: „Македонската обединета општина во Западиа Австралија има за цел да го обедини македонското население во Перт и во Западна Австралија. Во текот на овие две години од постоењето оваа асоција-ција станува посилна и има значајна улога во севкупното жи- веењеи.

Бројот пет од 1987 година е посветен на 84-годишнината од смртта на великанот Гоце Делчев, кој во својата рана младост го даде животот борејќи се за слободна Македонија, а бројот шест од 1987 година е посветен на Илинден, најголемиот и најзначајниот светол ден на македонскиот народ. Во овој број има голем број текстови и на англиски и на македонски јазик кои се однесуваат на историјата и културата на македонскиот народ, писма од австралиската влада до Обединетата општипа по повад илинденските празници, вести од светот, од Македонија, од Аветралија и од Македонската заедница во Перт.

Од бројот седум од 1987 година весникот ,;Наш свет“ го смени името во „Македонска мисла“, но и понатаму остана орган на Македонската обединета ооштина. На овој број на насловната странида е поместена фотографија на Гоце Делчев и етничка карта на Македонија, како и глобусот на целиот свет. Тој е на ист формат како и претходните броеви на „Наш овет“ (35 х 25 см) но на 24 страници. Бројот седум на публикацијата, сега со ново име „Македонска мисла“ е посветен на 11 Октомври. Во него се дадени материјали и бројни фотографии за новиот Македонски обединет општински центар во местото Блага кој започна да се гради на 20 септември, 1987 година. Во овој број стои дека главен и одговорен уредник е С. Дветкоски, а помошник уредник е 3. Ќосески, членови на Одборот се М. Јакимов и М. Спиркоски додека фотограф, односно фоторепортер е Д. Гусакоски.

kar-mk

Бројот осум од 1987 година е печатен на 20 страници, а е посветен на Новата година. Во него се поместени текстови за активностите на фолклорната група „Илиндена, потоа текст за македонските иоеленици во прекуокеаиските земји, одбрани четива за најмладите и други материјали, вести и информации.

Во текот на 1988 година е отпечатен само еден број иа „Македонска мисла“ посветен на 85-годишнината од Илинденското востание и формирањето на Крушевската република, како и на 44-годишнината од создавањето на македонската држава – Република Македонија.

Во 1989 година е отпечатен исто така само еден број со ист формат како и претходните броеви, на 28 страници. Овој број десетти по ред донесува материјали за изградбата на Центарот, за Македонската православна црква; за Гоце Делчев, односно за 76-годишнината од неговата смрт; како и за посетите на оиштината. Посебен простор е даден на Посланието од поглаварот на Македонската православна црква г.г. Гаврил испратено до свештенството и преподобното монаштво и верниците на Македонската православна црква. Од 1989 година не е отпечатен друг број, но се прават напори во обединетата општи- на ова значајно гласило повторно да излегува.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

www.slavekatin.com

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.