Среда, 01 Март 2017   
Аргентина – богата и контраверзна јужноамериканска земја (1)

argentina1

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – АРГЕНТИНА

Да се биде во Јужна Америка за нас од Европа значи да сме од другата страна на Земјината топка. Тоа чувство го доживеавме во Аргентина – земјата на тангото, како често ја нарекуваат ова голема, богата и контраверзна јужноамериканска земја. Таа е сместена меѓу Андите и  Атлантскиот Океан, а се граничи со Парагвај,  Бразил, Боливија, Уругвај и Чиле.

Во текот на нашиот престој бевме информирани, меѓу другото, дека првите европски новодојденци кои пристигнале во Аргентина биле шпанските и португалските колонизатори. Најпрво, тие дошле во Буенос Аирес на Рио де ла Плата што значи „Сребрена река“ уште во XVI век. Пред доаѓањето на европските колонисти територијата на Аргентина била ретко населена. Индијанскиот народ Диагуити самостојно и слободно живеел на овие интересни и богати простори, особено во северозападниот  дел на Аргентина, во соседство со Империјата на Инките. Меѓутоа, сè се изменило со стапнувањето на првите Европејци на чело со Америго Веспучи на оваа територија во 1502 година. Шпанците основале постојана колонија на местото каде денеска се наоѓа престолнината на Аргентина, милионскиот град Буенос Аирес , која била дел од  Вицекралството Перу, кое било формирано во времето на Карло V, царот на Светата Римска Империја  со потпишувањето на кралскиот декрет во Барселона во 1542 година. Веднаш по ова започнала граѓанската војна помеѓу Франциско Пизаро и Диего де Алмагро за тоа кој да управува со Перу.

По создавањето на Вицекралството Рио де ла Плата во 1776 година, Аргентина заедно со денешните земји Парагвај, Уругвај и голем дел од Боливија биле вклучени во нејзиниот состав. Престолнина на Вицекралството бил градот Буенос Аирес, кој станал голем трговски и финансиски центар. Целта на формирањето на Вицекралството била заштита на шпанските колонии од сè почестите англиски и португалски амбиции за овој регион. Веќе во 1810 година започнало пропаѓањето на Вицекралството по објавувањето на независноста на Аргентина и Уругвај  под името Соединетите Покраини на Рио де ла Плата, а потоа независноста, на Парагвај , Боливија и Уругвај. 

argentina1-2
Буенос Аирес

Од огромната литература научивме дека во втората половина на XIX век, Аргентина се развила, главно, поради својата добра географска положба и пред сè‘ поради излегувањето на море. Но, како земјите на Балканот, така и земјите во Јужна Америка, Аргентина заедно со Бразил и Уругвај воделе војна против Парагвај.

Во текот на модерната историја на Аргентина, на чело на земјата застанале поголем број избрани власти и воени диктатури. Социјалните и политичките прилики условиле за доаѓањето на власт на Хуан Доминго Перон во 1946 година. Самиот Перон спровел агресивна политика во земјата, главно насочена кон зајакнување на земјата. Перон се задржал на власт до 1955 година, кога со воен удар тој бил сменет и на негово место застанал Едвардо Лонарди. Перон бил принуден да замине во прогонство и покрај тоа што останал многу популарен во земјата.

Во текот на 60-тите години на минатиот век, власта се обидела да се соочи со проблемите околу економскиот раст на земјата и социјалните проблеми. Во следните години владееле голем број немири помеѓу приврзаниците на Перон и неговите непријатели. Така, на крај Перон се вратил од прогонство и на изборите во 1973 година победил. Тој починал во 1974 година, а власта по ова била преземена од страна на милитаристите. Земјата и во следните години се соочувала со неповолната економска состојба.

Овој период од историјата на Аргентина е познат и како валкан период, во кој биле убиени и затворени голем број на неистомисленици на воената диктатура, проследено преку кршење на основните човекови права. Сепак, милитаризмот во Аргентина дошол во криза, главно, поради нерешените економски проблеми на народот.

argentina1-3

Во 1982 година се водела Фолкландската војна помеѓу Аргентина и Обединетото Кралство на Англија за спорните Фолкландски острови, Јужна Џорџија и Јужните Сендвички Острови. Во времето пред војната, Аргентина била зафатена со голема економска криза и граѓански немири против воената хунта. Аргентинската воена власт настојувала да ја задржи моќта преку пренасочување на вниманието на јавноста на вековниот спор со Велока Британија околу суверенитетот на островите, но не очекувала дека Велика Британија ќе одговори со воена сила.

Суверенитетот на Фолкландските острови бил предмет на тензии кој ескалирал кога една  група најмени аргентински трговци го истакнале знамето на Аргентина на Јужна Џорџија, што подоцна било сметано со прв офанзивен акт во војната. Аргентинската воена хунта, сметајќи дека Велика Британија може да го засили военото присуство во јужниот Атлантик, ја наредила инвазијата на островите. Веста за инвазијата, најпрво, стигнала во Велика Британија преку аматерско радио.

Велика Британија, најпрво, била изненадена од нападот на Аргентина, и покрај повеќекратните предупредувања од своите морнарски офицери за можната инвазија. Само неколку недели подоцна, Британците започнале поморска и воздушна офанзива, и за кусо време ги зазеле островите и ги заробиле сите аргентински војници што биле стационирани на нив.

Продолжува

slave-katin-argentina
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.