Среда, 01 Март 2017   
Јавно обраќање на Ацо Крстески на протестот во Женева

aco1

Почитувани присатни на оваа голема демонстрација, почитувани господа од ЕУ

Јас сум Ацо Крстески, Македонец, претставник на Дијаспората во Германија. 

Со кое право изгласавте во ЕП дека во Бугарија нема Македонци, кога во Судот во Стразбур има стотина жалби и решенија во полза на Македонците кои живеат во Бугарија. Бугарија е осудена за непочитувањето на  човековите права и слободи на Македонците во Бугарија! Како може да не постојат Македонци во Бугарија, а да се борат за своите права и слободи. Бугарија не ги признава Македонците за посебен народ и врши дискриминација врз Македонците.

Со кое право изгласавте заштита на „Бугарското„ население во Албанија, а скоро ниту еден Бугарин не живее во Албанија. Дали сакате и тамошните Македонци да ги прекрсти те во Бугари?

Со кое право вашите именувани функционери во Македонија наместо да го изговорат уставното име на мојата татковина - Македонија, велат вашата земја, а за мојот народ велат „граѓаните на вашата земја“, наместо да кажат Македонци, исто така го игнорираат и мојот мајчин јазик - македонскиот јазик?!

aco2

Во неодамнепната посета на господинот Хан на Македонија, тој ниту еднаш не ја именува мојата татковина со уставното име Македонија, ниту еднаш не ги именува Македонците како Македонци, туку јавно се обраќаше; со „вашата земја“ и „граѓаните на вашата земја“. Не се обидувајте да го заштитите за непочитувањето на Основните права и слободи на земјата која што му беше домаќин.

Малцинства во Македонија ги именуваат по називот на нивната етничка припадност и немаат проблем да го посочуваат нивниот мајчин јазик со име и со презиме!?

Со кое право им ги одземате основните права и слободи на Македонците во Македонија и давате важност и сила на Охридскиот рамковен договор. Создадовте и поддржавте Договор во кој велите дека е дозволена „позитивна дискриминација“ иако знаете дека дискриминација не е дозволена во ниту[AK1]  еден случај, па макар што ја именувате како „позитивна дискриминација“. Дискриминација си е дискриминација и Меѓународната конвенција тоа не го дозволува, впрочем секаков вид на дискриминација се казнува по Законот и Правото!

Овој противзаконски Охридски рамковен договор го пропагирате како успешно решение за помирување на Македонците и Албанците, со тоа што терористите ни ги ставивте во Собранието на Република Македонија наместо да ги осудите во ХАГ за злосторство врз човештвото, а за да ја разгорите уште повеќе ситуацијата сите предмети против Албанците ги вративте на Македонското судство, иако знаете дека имаа цел да отцепат дел од Македонија вршејќи терор, егзодус и геноцид врз Македонците од западна Македонија, а врз Македонците ја применувате т.н. „позитивна дискриминација“ и со тој чин вршите повреда на правата и слободите.

aco3

Што се однесува до билатералниот спор помеѓу Македонија и Грција јасно ви е дека Македонските власти, под силен притисок од надвор, извршија повреда на правата и слободите на Македонците со тоа што во Времената спогодба за спорот за името се откажале од Меѓународното право и на тој начин противзаконски отвориле пат и извршиле злосторство врз Македонија и врз Македонците - (културен геноцид)!

Овој обид за етноцид врз Македонија и врз Македонците се одвива токму во рамките на ООН, а вие молчите и што е уште пострашно го потенцирате како услов за прием на Македонија во ЕУ наведувајќи го како „Решавање на билатералниот спор за името со Грција“, а ја игнорирате содржината на тој спор, иако знаете дека со него се бара од Македонија да изврши самоетноцид!

Давањето легитимност на злосторствата веднаш треба да престанат и ЕУ треба да ги применува и да ги заштитува Основните права и слободи на сите народи во светот наместо да поддржува политички и дипломатски агресии на некои соседни држави на Македонија врз Македонија.

Имам приговор на многу недоследности во врска со приемот на Македонија во ЕУ како што е примерот со Договорот за добрососедски односи со Бугарија во кој повторно се врши отворена дискриминација врз Македонците, но и многу други забелешки кои воопшто не се прифатливи за Македонците.

aco4

Бидејќи Властите во Македонија не нѐ удостоија и не пратија ниту една забелешка до ЕУ во врска со дискриминацијата врз нас Македонците и врз нашата држава Македонија, јас се чувствувам повикан самиот да се бранам и да си ги барам моите основни права и слободи, правата и слободите на Македонија и правата и слободите на мојот народ, на Македонците.

Со ова јавно барам ЕУ да ги преиспита сите свои Решенија, Заклучоци, Извештаи итн. и во оние делови каде што се врши дискриминација врз Македонците и врз Македонија да се изврши корекција и да се почитуваат Основните права и слободи според Меѓународната конвенција без исклучоци и без „позитивна дискриминација врз Македонците“.

Ние имамеме само една татковина, Македонија, за која моите предци Македонци со голема гордост и храброст се бореле против сите непријатели на Македонија и го дале својот живот за оваа грутка земја која денес со голема гордост е мој дом, мое културно и правно наследство. Културно и правно наследство на Македонците, кои имаат право на свое знаме и свој грб, знаменитости познати низ целиот свет, а му припаѓаат на македонскиот народ. Македонски знаменитости кои соседите ни ги оспоруваат со цел да го присвојат милениумското македонско културно и национално богатство.

Ние Македонците сме препознатливи и се разликуваме од сите соседни народи кои што на најдрзок начин ја асимилираат и ја претставуваат македонската култура преку методата на новата политичка монтирана историја, како своја, иако многу нации и народи кои постојат денес на оваа територија во тоа време не постоеле воопшто на планетата Земја. 

За да ме разберете ќе направам една хипотетичка компарација со Турците во Германија кои ги има во милионски број. Замислете Турците во Германија од Германија да бараат права и слободи прво со тероризам, односно со терористички дејствија да извршат егзодус и геноцид  врз Германците, а потоа ослободени од секакво обвинение од страна на ХАГ, да седнат во германскиот парламент по барање на ЕУ и да бараат да се смени германскиот Устав и Турците да бидат запишани во него како конститутивен дел-народ на Германија. И тоа не е сѐ, туку ЕУ да продолжи да врши притисок врз Германците и да ги принуди доброволно да прифатат да зборуваат и да учат на турски јазик во тие делови каде што турскиот народ е мнозинство, да се вее турското знаме на големи јарболи високи колку планина и да се слават турските херои кои извршиле злосторства врз Германците за време на терористичките дејствија, а сето тоа да биде поддржувано од страна на нивната татковина,Турција, и, на крај да се прогласи нова турска држава во рамките на германската територија.

Токму ова сценарио ни го подаривте нам, на Македонците, и велите, тврдите, се удирате од гради дека сте направиле добро дело и се гордеете со Охридскиот рамковен договор?!

Од ова место барам од ЕУ да престане да се меша во внатрешните работи на Македонија и да дозволи Македонските институции задолжени за таа намена да се справат со велепредавникот Зоран Заев (кој веќе беше осуден за криминални дејствија и ослободен под неразјаснети околности од страна на поранешниот претседател на Македонија, Бранко Црвенковски) и неговата партија, кои што умешно ги злоупотребуваат сите придобивки на демократијата за да дојдат на Власт и да извршат етноцид врз Македонија и врз Македонците. 

Дозволете македонските институции да се справат со одговорните за отвореното вршење на дискриминација врз државата Македонија и врз Македонците од осамостојувањето па сѐ до ден-денес по принципите на Правото и Законот кои треба да важат за сите, па и за вас во ЕУ.

Дозволете македонските институции да се справат со оние кои константно вршат антидржавни дејствија во Македонија, а кои вие од ЕУ несвесно ги поддржувате

Барам ВМРО-ДПМНЕ да се врати на Власт во Македонија и Договорот „Пржино“ да се прогласи за ништожен, бидејќи СДСМ врши јавна дискриминација врз Македонците и македонската држава и јавно говори дека не ги признава државните институции и ги обвинува за корупција и криминал, што е надвор од здравиот разум.

Навистина ние Македонците сме мирен народ и веруваме во Правото и во Законите, но вие од ЕУ не смеете да ја изиграте таа доверба и не смеете да го загрозувате суверенитетот и интегритетот на Македонија на кој и да било начин. Постојат Меѓународни закони и права кои и вие, ЕУ, мора да ги почитувате, како што ги почитуваме ние во Македонија. 

Не смеете и не можете да создавате паралелни институции! Не можете и не смеете да барате спроведување на Договорот „Пржино“, оти е ништожен, како и Охридскиот рамковен договор. Вие тоа многу добро го знаете дека на Меѓународен суд, овие договори веднаш ќе паднат! 

Сакам да потенцирам дека вие во Извештаите за Македонија, барате од партиите во Македонија да извршат етноцид врз Македонците со воведувањето на билатералниот спор за името меѓу Грција и Македонија како главен Услов за членство, иако добро знаете дека Грците се Грци, а Македонците се Македонци и исто така знаете дека ние Македонците сме староседелци на целата етничка македонска територија, чии еден дел бесправно беше даден од големите сили во 1913 год. со Букурешкиот договор на новосоздадената Грција.

Затоа уште еднаш барам да престанете да вршите притисок врз Власта на Македонија за промена на името, тоа претставува обид за етноцид врз Македонија и врз Македонците. Тоа дело е злосторство врз човештвото!

Исто така сакам да потенцирам дека не се согласувам со обидот на некои функционери на ЕУ емигрантите да бидат стационирани во Македонија, бидејќи Македонија не е членка на ЕУ и нема капацитет да се справи со емигрантите коишто имаат за цел да влезат во ЕУ.

Неопходно е да ги уважите нашите Барања и да ја спречите дискриминацијата врз Македонија и врз Македонците, оти тоа е во интерес на сите народи и посакувам никогаш повеќе да не се повтори ваква дипломатска и политичка агресија врз кој било народ и која било држава, каква што се врши врз мојата татковина и врз мојот народ. 

Повеќе од јасно е дека ЕУ се наоѓа во тешка криза и сѐ уште не може да најде пристап како да се справи со неа, но македонското прашање единствено може и мора да се реши преку почитувањето на Меѓународното право од страна на Македонската власт, но и од страна на ЕУ. 

Јас сум длабоко уверен дека ќе се посветите сериозно кон посочувањата и Барањата во врска со македонското прашање и дека ќе сфатите и ќе прифатите дека ние, Македонија и Македонците силно постоиме и покрај сите обиди за политичка, дипломатска и воена агресија врз нас.

Да живее Македонија и Македонскиот народ!

Ацо Крстески, претставник на Дијаспората во СР Германија

Женева, 26.02,2017


 [AK1]

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.