Среда, 08 Март 2017   
„Stirling Macedonia - Стирлинг Македонија“ - прво македонско спортско гласило на петтиот континент (23)

stirling-macedonia-1

НИЗ СТРАНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПЕЧАТ ВО АВСТРАЛИЈА

Ова издание е печатено од Фудбалекиот клуб „Стирлинг Македонија“ од Западна Австралија. Публикацијата е издадена на англиски јазик, на 80 страници, на формат 22 х 27 см. Таа е отпечатена по повод 29-годишнината од постоењето на фудбалскиот клуб „Стирлинг Македонија“ (1958—1987). Издавачи се членовите на клубот, Македонската заедница од Западна Австралија, а со помош на Фудбалската федерација на Западна Австралија. Гласилото  „Стирлинг Македонија“ го подготвил Џим Велиос, додека технички уредник е Мартен Шрудерс.

Во предговорот на изданието, чиј амблем го содржи лавот, буквата „Ма и три факели, на кои пишува В {Вардар), Е (Егеј) и П (Пирин), покрај другото, се вели: „Ова издание им припаѓа на приврзаниците на фудбалскиот клуб „Стирлинг Македонија“ и на, нивниот интерес кон опортот, како и на опстојувањето и прогресот на фудбалската екипа.

Таа е статискички показател посветен на членовите на Македонската заедница во Западна Австралија, која има за цел да го поттикне моралот на екипата со цел да постигне подобри резултати и да претставува идна инспирација“

(„STIRLING  МАСЕDONIA“) („СТИРЛИНГ МАКЕДОНИЈА“)
(1987) — СТИРЛИН
Г

macedonia-sports-club

Изданието содржи бројни податоци за успесите на фудбалската екипа и членовите на „Стирлинг Македонија“ во целина, чии текстови иа англиски јазик се проследени со бројни фотографии  кои го збогатуваат ова прво македонско спортско информативно гласило на петтиот континен

МОНОГРАФИЈА“ (1988) — АДЕЛАЈД

monografija-adelaid

Билтенот „Монографија“ е орган на Македонската православна црковна општина за Аделајд и Јужна Австралија во чиј состав работи Македонската православна црква „Овети Наум Охридски“. Тој излезе на 29 мај 1988 година по повод свеченото отворање на Македонскиот културен центар во Аделајд. Во редакцискиот одбор на Билтенот се Јордан Тасев и Мајкл Радин, а го отпечати Тоде Велјановски, на 8 страници формат 21 х 29 см., на англиски и македонски јазик.

На првата страница е поместен текстот иа англиски јазик кој се однесува на историјата на Македонската православна заедница за Аделајд и Јужна Австралија (инкорпорација), како и фотографија од зградата на Македонската православна црква „Свети Наум Охридски“.

Во текстот што продолжува и на втората и на третата страница на билтенот „Монографија“, покрај другото, се вели:

„Оваа македонска заедница е формирана во 1947 година од околу 60 активни членови речиси сите од Егејска Македонија кои биле собрани во друштвото „Александар Македонски“. Меѓутоа, денес Општината брои неколку илјади и во неа со успех работат: фолклорен ансамбал, спортски клуб, етничко училиште, се печатат бројни публикации, има радио-час на македонски јазик, а се одвиваат и други активности на културно-просветно и духовно поле“.

Во продолжение, на македонски јазик на две страници е поместен животопис за „Свети Кирил и Методиј“ од нивното раѓање до смртта. Исто така, на македонски јазик е објавен текст посветен на светите браќа Кирил и Методиј.  Исто така, се објавани текстови по повод отворањето на Македонскиот културен центар на свечениот ден на светите браќа- просветителите Кирил и Методиј.

sv-naum-ohridski-adelaid
Црквата „Свети Наум Охридски“ во Аделаид

На последната страница од Билтенот е дадена програмата предвидена за свеченото отворање на Домот, со благодарност на сите оние што дале посебен придонес во изградбата на Центарот. Во изданието се објавени и други информации, вести од животот во македонската заедница во Аделајд и пошироко.

mak-delo
„МАКЕДОНСКО ДЕЛО“ („
MACEDONIAN ACT“)
(1989 )
МЕЛБУРН

Весникот започна да се печати во октомври 1989 година како орган на МПЦО „Св. Илија“ од Фуцкрај, предградие на Мелбурн. Првиот број е отпечатен на 20 страници на формат 30 х 40 см., со цена од еден долар. Весникот се печати на македонски јазик со кирилица и некои текстови се на латиница, аима бројни текстови на англиски јазик, како и преземени текстови од весници и списанија што излегуваат во Република Македонија.

Него го уредуеа Редакциски совет составен од членовите: Цветан Велјановски, Борис Трајков, Вело Божиновски, Ефтим Бетински, Ило Милошевеки и Пецо Ѓоршевски; а главен и одговорен уредник е Стојан Марковски.                

Во воведната статија на ова гласило, покрај другото, се вели: „Амбициозни се зафатите, сериозни се плановите, отворени се широко погледите кон светлата иднина на трудољубивата емиграција. Сета работа на Рдакцискиот совет е исполнета со љубов кон нашите родољубиви и непоколебливи доселеници, кои се бескомпромисни кон македонските идеали, а сето тоа го прават за светото македонско дело. На едно од епархиските собранија е решено да се отпочне со изда!вање весник. Затоа, Црковната општина „Св. Илијаи одлучи да го издава весникот „Македонско дело“, кој треба од општинско да прерасне во епархиско глаоило. Се планира овој весник да стане слободна трибина на родољубивата емиграција во Австралија под раководство и целосна поддршка на Австралиско-македонската епархија, а таквата улога и’ припаѓа на најголемата и најпрогресивната општина во Мелбурн и Викторијаа.

Вториот број на весникот „Македонско дело“ се појави во декември 1989 година, на ист формат како претходниот број, а на 24 страници. Во него е поместен текст со фотографии од посетата на делегацијата од Македонија, информации за активнојстите во Центарот и бројни позајмени текстови од други гласила.

Од извориите текстови посебен простор е посветен на написите  кои се однесуваат на црковното живеење во Австралија и за новиот Македонски центар. За Центарот во Саншајн на англиски јазик, покрај другото, се вели дека камен темелник за Центарот е поставен на 13 февруари 1988 голина, на простор со вкупна површина од осум ипол акри (околу 4 хектари). Само Центарот зафаќа простор од околу 2.000 квадратни метри. а има и помали сали, од кои едната има 900 м2, другата 250 м2, а третата 150 м2, додека паркингот може да прими до 200 возила.

Бројот три, пак, е отпечатен во јануари 1990 година. Тој е идентичен на претходните броеви. Во него се поместени текстови и фотографии по повод отворањето иа Македонскиот центар во Саншајн, а е даден и список на 157 дарители на парични аредства кои го помогнаа отворањето на Центарот.

Во април 1990 година се појави четвртиот број, кој е на ист формат и слог, но на 16 страници. Тој е посветен на велигденските празници, затоа и се поместени пригодни текстови илустрирани со фотографии. Исто така, поместени се и бројни фотографии од собирите и другарувањата во Центарот, а само мал број ое изворни текстови.

Бројот 5 од август 1990 година од весникот „Македонско дело“ е отпечатен на 16 страници и е сличен на претходните броеви. Тој обилува со позајмени материјали од гласила што се печатат во Република Македонија, а на последната страница е дадена личната карта на КУД „Јане Санданскиа од Саинт Албанс, формирано во мај 1982 година и во кое членуваат околу 280 активни членови од македонско потекло. Од овој број е направена кратка пауза во печатењето на весникот „Македонско делои, кој се очекуваше да се печати и во иднина.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

www.slavekatin.com

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.