|
|
Весникот „Македонски глас“ од Сиднеј – глас на вистината за Македонија (26) |
НИЗ СТРАНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПЕЧАТ ВО АВСТРАЛИЈА Меѓу големиот број информативни гласила, кои што имаат значајна мисија за зачувување на македонскиот национален идентитет, литературниот мајчин јазик, културните вредности, литературата, традициите и обичаите меѓу македонските доселеници во Сиднеј, е секако весникот „Македонски глас“. Тој започна да се печати 1990 година на македоноки јазик, со кирилица, настојувајки да претставува афирматор на македонската вистина. Излегува на 16 страници, на среден формат 29x42 см. и е еден од најчитаните и најпопуларни неделни изданија на македонски јазик во Сиднеј и пошироко. Главен и одговорен уредник и сопственик на ова информативно гласило е познатиот новинар Васил Боглев, еден од плејадата млади новинари кои новинарската професија ја усовршија во Редакцијата на „Нова Македонија“ во Скопје, за кои новинарската мисија меѓу Македонците во дијаспората е макотрпна, но и благородна кога ќе се постигне вистинската цел. Првиот број на веоникот „Македонски глас“ се појави во вторник на 20 септември 1990 година во населбата Рокдеил, предградие на Сиднеј. Во почетокот тиражот се движеше до илјада примероци, а според зборовите на Васил Боглев тиражот достигнувал и до пет илјади и станал трет најголем етнички весник во Австралија. Цената на чинењето започнала со еден долар од првиот број, а и во иднина, а се дистрибуирал во сите македонски колонии ширум петтиот континент. Во првата година се отпечатени 14 броеви, додека во 1991 година се излезени 48 броеви. Весникот „Македонски глас“ не се печател единствено за време на божиќните и новогодишните празници кога во Австралија е летен период и се користат годишните одмори.
Во воведната статија што е поместена на втората страница од првиот број, покрај другото, се вели: „Македонски глас“ е единствен весник што се издава и се печати на македонски јазик. Појавата на весникот дојде како резултат на потребата македонското население на овие простори преку пишаниот збор да сс информира за се’ она што се случува на петтиот континент - во Австралија, во Македонија, а исто така и во светот“. Поголемиот број од текстовите се, всушност, адаптирани од информативните гласила во Република Македонија, (особено втората страница). Но, сепак најзначајно место во весникот е посветено на важните настани во секојдневниот живот и активностите на Македонците во Австралија. Весинкот „Македонски глас" е убаво и професионално, технички, ликовно и содржински уреден, Во него е застапена постојаната рубрика „Вести", потоа „Актуелности од стариот крај" се застапени на неколку страници, „Вести од светот," рубриките „Занимливости", „Здравје“, „Панорама потоа, „Рубриката најмладите", а одреден број страници се посветени на спортот. Oд самиот почеток весниког „Македонски глас" преставува вистински информатор на дејствата и на актуелностите на македонските доселеници, кои го примија со големо задоволство и жар, Така, тие изворно дознаваат за актуелната состојба во Републиката и пошироко, а во исто време гласилото претставува и солиден рекламно-пропаганден информатор на деловните активности на макодонската заедница во Сиднеј и пошироко во други градови каде живеат Македонци. Исто така, во јуни 1992 година, новинарот Васил Боглсв залочна да го издава списанието „Збор“. Тоа се печати на македонски јазик секој втор четврток ва месецот и е подготвунано на најсовремена компјутерска опрема. На страниците на првнот број се појавија коментари и осврти, како и друга текстовп, главпо со критичка содржина на актуелните настани.
Гласилото „Македонски весник“ е јубилејно издание на Македонската православна црковна општина „Св. Ѓорги“ од Мелбурн, издадено по повод 30-годишнината од осветувањето на таа прва македонска православна црква во Австралија, а и воопшто меѓу иселеништвото. Весникот е отпечатен на 6 страници среден формат (19x42 см.), на македонски јазик со кирилско пиомо, а го уредил Редакциски одбор на црковната општина. На првата и втората страница е поместен пригоден текст по повод јубилејот на црквата „Св. Ѓорги“, која е осветена на 7 август 1960 година и која ги отвори ;вратите на сите дотогаш организирани сили да ја прошируваат својата програма и во неа да создаваат платформа на верско-национален живот. Во продолжение е поместен текстот, илустриран оо бројни интересни фотографии за доделувањето на заслужното признание на пионерите на црковно-народниот живот, текстовите за Фудбалскиот клуб „Македонија“, КУД „Македонија“, КУД „Светлост“, Женската секција и Македонскиот социјален центар. Посебен простор е посветен на текстот за Манастирот „Св. Климент Охридски“, кој работи во составот на МПЦО „Св. Ѓорги“ од Мелбурн. Продолжува
|