Среда, 03 Мај 2017   
Информативните гласила на Македонците во Европа (1)

igme1-1

НИЗ СТРАНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПЕЧАТ ВО ЕВРОПА

Преселувањето од Македонија кон Европа било во помал број, во споредба со иселувањето во САД, Канада и Австралија. Меѓутоа, карактеристично за иселувањето од Македонија е тоа што се засилило по Илинденското востание во 1903 година, а особено било изразено по Балканските војни и по Првата светска војна, кои наместо слобода од петвековното ропство, на Македонците им донеле тројна поделба, угнетување, асимилација, денационализација и физичко уништување, што ги спроведувале порано ослободените соседи, Бугарија, Кралска Југославија, Грција и Албанија.

Она што се случувало во минатото, особено во текот на Балканските војни и по Првата светска војна, за релативно кусо време во одделни делови на Македонија настанале крупни миграциски движења и етнички промени кои имале катастрофални последици за македонското население. 

Раселувањето на емигрантите, пак, од логорите во Грција, Италија и Австрија започнало 1951 година, главно, во Австралија, Нов Зеланд и Јужна Америка (Бразил и Аргентина), од 1957 година во Белгија, 1958 и 1961/62 во скандинавските земји, а во седумдесеттите годиии се засили бранот на македонски граѓани на привремена (постојана) работа и престој во странство.

Се проценува дека само од Република Македонија во земјите на стариот континент денес има повеќе од 150.000 Македонци. Исто така, има и неколку десетици илјади етнички Албанци, Турци, Роми и други од Република Македонија, кои, пак, таму живеат и работат повеќе од четириесет години. Најголем број од нив повеќе од 80.000 се во Германија, над 20.000 во Швајцарија; по повеќе од десетина илјади во Шведска, во Австрија, Франција, во Данска, во Белгија и во другите земји во Европската Унија.

Според неофицијални податоци има и десетина илјади Македонци од Беломорска Македонија и помал број од Пиринска Македонија. Овој број на Македонци во Европа во последните години само се зголемува и има различни осцилации.

Македонците кои работат во поголемите центри ширум Европа, уште со доаѓањето имаат организиран живот преку организациите, клубовите, друштвата, црковните општини, печатот и другите асоцијации.

igme1-2

Досега се формирани околу 40 клубови и друг вид друштва и асоцијации, со македонско национално обележје и тоа: во Германија дваесетина, во Шведска десетина, по неколку во Франција, во Данска, во Австрија итн. Оваа форма на општествено собирање придонесува за зачувување на националниот и културниот идентитет на Македонците и нивната врска со родната земја.

Исто така, со различен успех се организираат информативни гласила (печат, радио), културно-забавни, воспитно-образовни, црковно-просветни, спортски и многу други активности, кои придонесуваат за зближување во новите средини во Европската унија.

Тоа зборува за организираното живеење на Македонците во демократската Европска унија и нивниот придонес на сите полиња во општественото живеење. Тие се вистински амбасадори на македонската култура, јазик, обичаите, религијата и други македонски обележја, со што претставуваат мост меѓу Европската унија и Република Македонија.

Уште со доаѓањето во новите средини во повоениот периот, Македонците во западно-европските земји правеа обиди да печатат гласила на македонски јазик. Во почетокот иницијатори беа поединци-емигранти декларирани како антикомунисти во прифатните логори.

igme1-3
Драган Богдановски

Оние емигранти, пак, во грчките логори кои изјавиле дека се Македонци беа изложени на посебен режим на измачување. Тие беа главно членови на Македонскиот национален комитет (МНК), покасно преименуван во Ослободителен комитет на Македонија (ОКМ), на Движењето за ослободување и обединување на Македонија (ДООМ), на Народноослободителниот фронт на Македанија (НОФМ) и други организации.

Прв весник на оние што емигрираа од политички причини во западноевропските земји беше „Македонија" печатен пролетта 1957 година во Швајцарија, како предвесник на првото списание на македонски јазик во Еврола „Македонска лоза", кое започна да се печати од 1 јануари 1959 година. Потоа, 1960 година се појави весникот „Слободна Македонија" 1963 година списанието „Македонија" и 1964 година „Македонец". Во шеесеттите години се појави списанието „Македонска мисла", во 1966 година „Камбана", a вo 1983 година се појави  „Македонија".

Во 1971 година излезе гласилото „Македонска нација", кое има најдолг век на печатење, и тоа четири години (1971—1974) редовно, а потоа повремено до 1990 годнна. Како додаток на ова гласило, а како орган на ДООМ се печатат „Македонска трагедија" и „Македонска вистина".

Овие гласила ги уредува главно групата или приврзаниците на Драган Богдановски, односно то| лично, меѓу кои, Димко Нечовски, Mилe Илиевски, д-р Богољуб Андоновски и др. Тие се издаваат во Швајцарија, Белгија, Германија и Шведска.

Исто така, во повоениот период, а поврзано со политичката положба во Македонија и на Балканот, започнаа да се печатат и антикомунистички гласила со анархистичка  политичка програма. Меѓу нив е весникот „Народна волја", кој започна да излегува најпрво во Сиднеј Австралија, а потоа во Лонлон во 1980 година. чиј сопственик и уредник беше Александар Христов. по потекло од Петричко (од пиринскиот дел на Мзкедонија), a кој се декларираше како анархист.

Веникот „Народна волја“ се печати и денес на бугарски и македонски јазик. Тој започна да излегува во април 1992 година во Благоевград, каде излезе првиот број во новото седиште, сега и со новата редакција, чиј главен уредник е Георги Христов, брат на Александар Христов. Оттогаш весникот излегува непрекинато до ден денешен и претставува единствено гласило во тешките недемократски денешни услови за Македонците од Пирин.

Исто така, емигрантот Благој Христив, брат на Александар, кој имаше слична политичка платформа, во Лондон во 1973 голдина на бугарски јазик започна да го печати билтенот „Смрт или слобода", како орган на Македонско тракискиот револуционерен комитет, а во издание па „Македонско слово".

Во 1990 година, пак, во Рим започна да се печати весникот „Македонија". како гласило на организацијата на Иван-Ванчо Михајлов — МПО, со познати пробугарски тези за негирање на Македонија и на  македонскиот  народ и црква.

Меѓутоа, со доаѓањето на таканаречените „граѓани на привремена работа и престој" (на постојан престој н.з.), положбата во печатот и воопшто во организационото живеење на Македонците во западно-европските земји во основа се измени. Започнаа да се печатат гласила кои ја следеа и прифаќаа политиката на Република Македонија во рамките на тогашна Јутославија.

Таков е случајот со списанието „Македонски весник" од Гетеборг, кое започна да се печати под името „Наш лист" 1977 година, а кое пзлегуваше подолг период и претставуваше едно од најиздржаните списание и по форма и по содржина. Редакцијата на ова гласило од 1984 година започна да го печати и списанието за деца „Снегулка".

Исто така, во 1971 година во Рим на италнјански јазик започна да се печати гласилото „Релациони Мачедонија" чиј одгаворен уредник беше Антонио Јерков и кое во еден подолг период претставуваше информатор и афирматор на македонската култура, литература, религија итн.

Во 1980 година, пак, на македонски јазик започна да излегуав списанието „Гласник" на УHECKO. Гласилата „Релациони Мачедонија" и списанието „Гласник" претставуваа убав пример за афирмирањето на македонската  вистина и на  Македонија.

Денес излегуваат поголем број електронски гласила во бројни македонски заедници во Европската унија и во земјите на Балканот. Тие претставуваат афирматори на македонската вистина во нивните средини, а во исто време тие се и чувари на македонскиот народ и на етничка Македонија.

Продолжува

slave-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.