|
|
Проучувања за македонското иселеништво од пред Илинден 1903 до денес (20) |
„ИЛИНДЕН 1903-2003 И МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ“ Македонците како библиски народ, своето постоење и опстанокот низ историјата, најверојатно му го должат, меѓу другото, и на празникот Илинден, издигнувајќи ја неговата верска и национална симболика до ниво на маѓија која ги поврзува, независно дали се наоѓаат во Австралија, САД, Канада, Европа (Европската Унија) или на други простори ширум светот. Притоа, Илинденските празнувања на сите континенти имаат свој типично македонски концепт, односно функционираат како систем кој го мотивира и стимулира најкреативното кај Македонците на сите простори. Кај нив доаѓа до израз исконското, цивилизациското кредо на нацијата, изразено низ вредностите создавани со векови во областа на музиката, фолклорот, везот, резбата и носијата, кои ја збогатуваат културата на државите во кои се доселиле. Исто така, македонските исегенички организации и заедници, особемо македонските храмови се матиците околу кои се обединуваат Македонците од сите делови на Македонија. Македонските правоспавни општини, цркви и манастири насекаде по светот се дел од историската ризница и културниот подем што го постигнуваат Македонците насекаде низ светот. Иселеништвото како дел од македонскиот живот, култура, религија, наука и од други аспекти е тема и е истражувано од поголем број ентузијасти, новинари, културолози, политиколози, публицисти, црковни дејци и друг вид научници. Сите тие продонесуваат да се збогати вистината за Македонците од етничка Македонија кои свиле „нови гнезда“ по светот. Така, според Ѓорче Петров (кој го изучувал во 1909 година емигрантското движење од Македонија во разни земји и континенти), централен простор за гурбетчиството била Југозападна Македонија. Причина за тоа било албанското иселеничко движење кон исток, што резултирало: истиснување на македонското население од земјата, разбојништво на шиптарските банди, сечењето и палењето на шумите, што го оневозможувало сточарството и дрвното производство и пропаѓањето на многу зaнаети. Почетокот на гурбетчиството се забележал во чисто планинските западни и југозападни краишта на Македонија, каде што арнаутскиот притисок бил најсилен. Гурбетчиството како широка општествана појава, особано за Демир-Хисарско (Битолско) и Кичевско, постоело од крајот на 19 век. Одењето во туѓина било привремено одделување од куќата. Семејствата останувапе, а иселениците се враќале дома случајно или во сезони. Обично гурбетчиството било насочено кон Србија, Бугарија, Цариград и други поголеми градови во Турција и Романија. Емигрантското движење за Америка, Канада и други континенти, пак, било само проширување на регионалното гурбетчиството. Според Ѓорче Петров, прв повод за иселување во Америка бил даден во Романија со прогонот на Македонците во 1898 година, по повод убиството на романскиот журналист Михајло. Нов поттик на иселеничкото движења во 1900 година бил направен со протерувањето на јагленарите во шумите на Европска и Азиска Турција и затворањето на границата за секакви гурбетчии од грчка страна.
Пустошењето во време на Илинденското востание и по него, како и подоцнежните борби придонеле да се прошири заминувањето преку океаните и морињата. Во Охридско ва 1905 година движењето земапо силен замав. Кон 1908 - 1909 година тоа движење се засилило особено во Леринско, Костурско, Битолско, Пресланско, Прилепско и други места. Инаку, поради миграциските движења и поради зголемувањето на наталитетот и други фактори, бројот на македонските иселеници расте од година во година. Не постојат целосни и попрецизни податоци за Македонците на Балканот и за македонските доселеници во прекуокеанските земји, Европската Унија и во други земји. Точниот број на македонските иселеници во Америка не можел да се одреди. Пред големата економска криза во таа голема прекуокеанска земја нивниот број достигнал до 18.000 души, од кои 70 - 80 отсто биле селани. До 1908 година бројот на иселениците во Америка не бил повеќе од 50.000 души (8.000 во 1903 година, 10.000 во 1904 година, 12.000 во 1905 година и 16.000 во 1906 година). Исто така, според Ѓорче Петров, во време на Втората светска војна и по неа, нов прилив на емигранти во Америка и Канада имало од Егејска Македонија и делумно од Петрич, Банско и Неврокоп, во Пиринска Македонија. Голем број македонски иселеници распрснати низ градовите, фармите и плантажите на Америка, Канада, Бразилија, Австралија, Египет, Европа и во соседните држави, не доаѓале со намера да се населат, туку само да спечалат пари и да се вратат во своите домови, каде што ги чекале нивните семејства. Но, причините што ги терале овие наши луѓе да ја бараат заработувачката далеку од родната грутка, биле од потешка природа, заради што многумина од нив и не се вратиле. Тие мислеле на своите блиски во стариот крај, ги помагале испраќајќи им пари и материјална помош. Останала нишката што ги поврзувала со своите села, со своите земјаци, блиските роднини и пријатели, со старата татковина. Официјалните статистички податоци за бројноста на македонските доселеници низ светот, се, исто така, нереални од многу причини. Така, според нив во САД има 20.365 Македонци (Биро за попис на САД, 1990 година), во Канада има околу 54.000 Македонци, во Австралија 42.199 Македонци, според Министерството за надворешни работи на Република Македонија (МНР на РМ) во Сојузна Република Германија 40.400 со регулиран престој (Централен статистички уред на СРГ, 1999 година), во Швајцарија 53.907, со регулиран престој, во Белгија 2.059 со регулиран престој, во Холандија 577 (Холандско биро за статистика), во Големото Војводство Луксембург 358, во Италија 21.988 (според МВР на Р.М), во Австрија 21 (Статистика на Австрија), во Полска 150 македонски семејства (според МВР на РМ), а во поранешна Република Југославија 47.200, според официјалниот попис. Според еден австриски извор, пак, во етничка Македонија во почетокот на минатиот, (XX) век живееле околу седум милиони луѓе. Меѓутоа, некои пореални процени зборуваат дека, покрај македонското население во Македонија (1.378.687) според пописот во 1994 година), за жал одтогаш како да се заборавил зборот „попис“, во Бугарија живеат повеќе од 300.000 Македонци, во Грција околу 250.000, во Албанија повеќе од 150.000, а во Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и Црна Гора живеат над 100.000 Македонци. Исто така, се проценува дека од средината на XIX век па до денес, од сите делови на Македонија, во разни земји во светот се преселиле од 600 до 700 илјади Македонци. Во отсуство на целосни статистички и други податоци, мошне тешко е да се утврди точниот број, меѓутоа, се проценува дека во САД, Канада и во Австралија живеат околу 500.000 македонски доселеници, од кои околу 150.000 во САД, приближно 150.00 во Канада и повеќе од 200.000 во Австралија и Нов Зеланд, од кои поголемиот број се од егејскиот дел на Македонија и од Република Македонија, а мал број од македонскиот дел во Бугарија и во Албанија. Се проценува дека само во Европската унија (Германија, Шведска, Данска, Норвешка, Франција, Белгија, Швајцарија, Австрија, Италија, Велика Британија, потоа во Словенија, Хрватска, Чешка Словачка, Полска, Унгарија, Романија, Украина, Русија и други земји) живеат околу 200.000 граѓани од македонско потекло. Исто така, во Европската Унија има голем број етнички Албанци од Македонија. Постои одреден број дојденци од македонско потекло коишто живеат во Јужна Америка, Египет, Израел, Јужна Африка, Узбекистан и во Турција каде има повеќе стотици илјади Македонци-муслимани и етнички Турци од Македонија. Тешко може да се определи бројот на Македонците во иселеништвото, бидејќи при доаѓањето во новиот свет, Македонците патувале, односно доаѓале со турски, грчки, бугарски, српски и други патни исправи. Во зависност од тоа нивните имиња се врзувале за земјите од кои што доаѓале. Единствено Македонците од Република Македонија заминуваат со македонски патни исправи и се регистрираат официјално како Македонци во прекуокеанските земји. За Македонците од другите делови на Македонија, за жал, процедурата за докажување на сопствениот идентитет била, е и веројатно ќе биде потешка и непријатна, бидејќи не ретко се кршат и осноните човекови и морални норми пропишани со Декларацијата на Обединетите нации за основните човечки права и други закони. Сите горенаведени податоци се сметстени во книгата "Илицден 1903-2003 и македонските иселеници" на авторот Славе Катин. Тоа е дело со бројни податоци и факти за македонекото исепеништво во светот. Ова дело е посветено на големиот јубилеј Илинден, и претставува оригинално издание од овој вид во македонската историографија. Во него е остварена еден вид синтеза на историската борба на македонскиот народ за национална и социјална слобода во текот на цел еден век, крунисан со неговата самостојна и независна држава - Република Македонија. Продолжува
|