Среда, 07 Февруари 2018   
Австралиско македонскиот театар од Сиднеј организира Гала вечер

Австралиско македонскиот театар од Сиднеј во сабота 24 февруари со почеток во 19 часот во просториите на Hurstville Civic Theatre, MacMahon Street, Hurstville ја организира традиционалната Гала вечер при што ќе се доделат награди за глума и театарска уметност под име Александар Македонски.

Наградите се поделени во следните категории, и тоа: Награда за најдобар дебитант; Награда за најдобра женска придружна улога; Награда за најдобра машка придружна улога; Награда за најдобра женска улога; Награда за најдобра машка улога; Награда по избор на публиката како и Награда за животно дело. Наградата Александар Македонски исто ќе им се додели и на индивидуалец и организација кои ја негуваат и промовираат македонската култура во Австралија.

На оваа Гала вечер премиерно ќе се изведе монодрамата КАМЕНОТ ОД РОБИ од Душан Ристевски во режија на Стефо Нанцу, а во изведба на Валентина Апостоловска и Антонио Нешковски. Членовите на Македонскиот театар: Гордана Милошевска, Владо Сазданов, Јаворка Котевска и Татјана Нешковска ќе настапат со посебни комични изведби.

Ансамблот Илинден ќе настапи со музичко - забавна програма со традиционални македонски музички бисери.

Ќе се направи промоција на ДВД од драмските продукции Изненадувачка забава и Сонце мое.

На крајот на вечерта ќе следи богата македонска традиционална закуска и освежителни пијалоци.

Влезот е бесплатен и сите сте добредојдени.

********

The Theatre has been awarded with:
* 2015 Australian Multicultural Marketing Award for Arts and Culture
* 2015 Prestigious Award for promoting Macedonian culture by the President of Macedonia

Театарот е добитник на:
* Повелба на Република Македонија од претседателот на Македонија
* Национална австралиска награда за уметност и култура

*******

Theatre-Announcement--Awards2017

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.