Среда, 07 Март 2018   
Зошто сакаме да ја негираме и да јазаборавиме Античка Македонија?

karta-na-anticka-makedonija

Кон вистина за Античка Македонија

Во Република Македонија, за жал, античкиот период не е често и континуирано истражуван, затоа бројот на делата кои  го третираат ова прашање е многу мал, за разлика од нашите јужни и други соседи, кои со векови потплатуваат и копаат по „нивната вистина”, за да ја замаглат и покријат македонската вистина. И ние со негирањето и заборавањето на Античка Македонија, како да им помагаме на сите светски фалсификатори и злобници на Македонија.

Меѓутоа, иако огромен фонд на артефакти се од земјата, јасно е дека  вистината не може да се закопа во земја,  оти,  кога-тогаш ке излезе на виделина. Таков е случајот со вистината за Античка Македонија и древните Македонци, за кои е напишано толку многу литература што може да се спореди со литературата за Светото писмо - Библијата.

Токму затоа авторот на овие редови имаше можност и убава прилика овој пат на македонски јазик да го претстави и да го преведе од англиски на македонски историски роман „Александар Македонски” (Велики) (1988) на 320 страници, од германскиот автор Улрих Вилкен, а во издание на Издавачката куќа „Мисла“ од Скопје. Романот се базира врз вистинските аргументи  и историските материјали  за Античка Македонија.

Овој историски роман е лика и прилика за развојниот  континуитет на Македонија, претставен во романизирана литературна форма, со посебна нагласка на ликот и делото на големиот стратег, мислител и дипломат - Фип II Македонски и најголемиот досега воин,  освојувач на земји, гениј над гениите, обединувач на народите, почитувач на различните култури, традиции и обичаи, и цар на силното Македонско Царство  - Александар III (Велики) Македонски. Затоа, со право може да се рече дека ова дело претставува библиска вистина за македонските корени и непресушен извор од каде секој Македонец ќе  се напојува со чистата патриотска љубов кон татковината – Македонија, кон својот народ, со правичен однос кон своите собраќа, пријатели, кон човештвото…

filip-aleksandar

Историскиот роман „Александар Македонски” на авторот Улрих Вилкен, а прв превод од англиски на македонски јазик во Република Македонија што го направи авторот на овие редови претставува збир на традиционалната македонска вистина, култура и наследство, почнувајќи од времето на владеењето на Филип II Македонски (359-336 пред Христа) до владеењето и смртта на неговиот син Александар III Македонски (336-323 пред Христа).

На страниците од книгата е обработена македонската вистина, многу успешно се претставени ликовите на Филип и Александар, како и на другите личности од тој период. Авторот Урлих Вилкен навлегол во корените од каде проникна   ‘ркулецот на принцот Александар, а потоа го следи неговиот раст до небесните височини, за да напише дека тој од своите предци наследил душа како Шарената Планина и ум чист како бистрите води на реката Бистрица.

Но, откако во Оазата Сива ја доживеал чудесната трансформација од човек во Бог, чинот на просветлувањето, јасно ја видел Екумената, братската заедница на целото човештво. Тој верувал дека наближува времето кога ќе создаде еден единствен свет на рамноправни луѓе со кои тој владеел, не како нивен господар, туку како добродушен и правичен Бог.

Сакал да им покаже и докаже на сите како ја замислувал Екумената на дело. И кога видел како мислата станува дело, се побунтувале неговите Македонци. Верувал дека лесно ќе излезе на крај со нив, но не било така.

Меѓутоа, вистината е таа дека Александар, со своето големо дело, не само со силината на мечот, туку и со доблеста на душата, како никој пред него и по него, направил најмногу да ги сплоти луѓето од сиот Свет во Екумената, братската заедница меѓу сите народи, за која верувал дека таа некогаш ќе стане стварност. Со еден збор, тој бил основачот на денешната заедница во Европа и пошироко.

Романот „Александар Македонски” од авторот Урлих Вилкен опфаќа значаен и голем период на настани што се случиле на просторот од Македонија и Македонското Царство, чии граници и континуитет се менувал, но многу нешта останале трајни со неизбришливи траги во историјата на цивилизацијата. Овој историски роман, во кој се претставени извонредните раскажувачки способности на авторот, кај читателот буди чувства за интерес на недоволно проучените периоди од античкиот период и ја јакне љубовта кон Македонија.

Токму затоа, имаме можност и убава прилика овој пат на македонски jазик да се соочиме со историски роман што е базиран врз  вистинските аргументи  и историските пишани материјали  за Античка Македонија.

anticka-makedonija-knigi

Делото „Придонесот на Македонија во светската цивилизација“  од академик Антоније Шкокљев-Дончо и Славе Николовски- Катин, Македонска искра, (2006) е отпечатено на 350 страници Со  оваа  книга се потврдува нараснатиот научен интерес за анимиран пристап кон историјата на Македонија, особено кон античкиот период, кој посебно кај нас не бил често и континуирано истражуван и претставуван. Нараснатиот интерес не е случаен и доаѓа во одредена еволуција на прашањата во посочениот контекст. Токму затоа имаме можност  да се запознаеме со ова дело, кое се осврнува на историскиот развоен континуитет на Македонија.    

Во трудот е проследена традиционалната македонска култура и наследството. Посебен е акцентиран периодот на праисторијата на Јужниот Балкан, улогата на домородците и палеобалканската средина, селидбите на Ахајците, појавата на Микенската држава, миграцијата на Дорците, Дорската Спарта, Дорска АРГА, Македонија и други прашања.         

Делото е поделено на седум глаци во кое паралелно со историските настани се проследува културата и писмениот израз во Македонија, при што посебно е проследена развојната нишка на македонскиот јазик, чиј јужен дијалект влегол како основа во литературниот старословенски јазик (наречуван терминолошки и како старомакедонски).

Понудената публикација опфаќа значаен и голем период на настани што се случувале на теренот на Македонија, чии граници и континуитет се менувал, но сепак, нешто трајно и обврзувчко оставало видливи траги во исторјата на цивилизацијата. Недостатниот број извори ја отежнуваат очевидно, сликата на прецизното историско претставување, но, сметаме дека нараснатиот интерес за недоволно проучените периоди и настани, ќе вроди плод. Како пример за таков поттик во науката го сметаме и ова дело. Со тоа многу поставки може да се утврдат, а можно е и да се видоизменат или дополнат.

Поголем дел од публикацијата „Придонесот на Македонија во светската цивилизација“ е објавено и на англиски јазик под наслов „Macedia in Anciant Times” (2010), од авторите академик Антоније Шкокљев-Дончо од Белград, Славе Катин од Скопје и Ристо Стефов од Торонто, кој го изврши преводот на англиски јазик, Тоа е издание на „Македонска искра“, отпечатено на 230 страници.

Ова дело наиде на голем  одѕив  меѓу Македонците, особено од егејскиот дел на Македонија кои живеат во прекуокеанските земји Австралија, Канада и САД.

Само во весникот „Македонија“ од Торонто се отпечатени дваесеттина продолженија од оваа англиска верзија на „Македонците во античките времиња“. Но, се чини најзначајно е тоа што неколку стотици книги како поклон на Издавачката куќа „Македонска искра“ од Скопје и сопственикот Славе Катин се испратени на голем број дипломатски претставништва во Македонија и во светот, на дипломати и претставници на Европската Унија, друштва и асоцијации ширум светот, со цел во овие бурни времиња тие да се запознаат со вистината за Македонците во Античка Македонија.

Исто така и делото „The Balkan and Macedonia“ (2014) („Балканот  и Македонија“), кое е на 300 страници на англиски јазик, од авторите академик Антоније Шкокљев-Дончо од Белград, Славе Николовски- Катин од Скопје и Ристо Стефов, ја третира Античка Македонија.

Монографијата, пак,  „Ѓорѓи-Џорџ Атанасоски (“2012),  од Флорида, од Славе Николовски-Кати, а е издание на „Македонска искра“ и на  Македонско сонце и ТВ Сонце, Скопје, на 468 страници, на македонски и англиски јазик, меѓу другото, содржи голем број текстови за Античка Македонија.

Почнувајчи од првиот споменик на Александар Македонски изграден во Прилеп, до положувањето на надгробната плоча на последниот македонски цар Персеј во околината на Рим, во Италија. Сето тоа спонзорирано од бизнисменот и донатор Џорџ Атанасовски,

Инаку, овој доблесен патриот вели дека сaмо Сонцето е постаро од Македонија. Затоа, симболот на античките Македонци, на Филип и на Александар, чии потомци сме ние Македонците, од Кутлеш (Палатица), беше симбол на официјалното знаме на Република Македонија од осамостојувањето на 8 септември (гроздобер) 1991 година.

Се чини сонцето од Кутлеш (Палатица) е симбол на животот и работата на американскиот бизнисмен Ѓорѓија–Џорџ Атанасоски и на неговите инвестиции во Република Македонија: гласилото „Македонско сонце“, ТВ „Сонце“ и хотелот „Сонце ГА“.

dzordz-steve

Исто така и Стив Пљакас е човекот на кого Македонија му е големата љубов. Тој не отстапува и го брани сè она што е поврзано со античка Македонија. Со неговата посветеност за зачувување на древните македонски корени, насекаде во светот ја раширил вистината за античка Македонија насекаде во светот. Меѓу другото, заедно со професорот Мајкл Димитри од САД се првите ентузијасти кои во 1995 година ги посетија и ги открија Калешите, народ  кои се смета за потомци на Александат III Македонски (Велики) во Пакистан.

Затоа со право се вели дека Стив Пљакас  навистина е Македонец кој се посветил на националното прашање. Тој, со своето знаење, со својата Господова дарба, интелигенција, итрина и приспособливост во новите демократски услови, успешно се приспособил на приликите во Канада. Воден од љубовта кон татковината и од нејзиното сонце,како Големиот Александар Македонски, тој е мошне активен и во Македонија. Цели дваесет години од осамостојувањето на Република Македонија, тој со срце, душа и големаљубовучествуваво политиката, културата, медиумите и воопшто во социјално-општественото живеење и опстојување на својот народ и својата татковина.

Тој е човекот кој е сопственик на големиот и единствен трговски центар „Македонија“ во Њу Маркет. Впечатливо дизајнираните рекламни табли на центарот „Македонија“ на некои им пркосат, а за многумина е место за препознавање и запознавање со Македонија.

Исто така, во Македонија и во светот има голем број организации, институции, друштва и други асоцијации на кои им е симбол шеснаесетзрачното сонце, меѓу кои и името на ресторанот на бизнисменот Ристо Гуштеров во Нејплс во Флорида го носи името Виргина (Палатица -Кутлеш) .

Од 19 септември (гроздобер) 2004 година, античкиот симбол –шеснаесетзрачното сонце се вее и на симболот пред општинската зграда во Пустец, Мала Преспа. За античкиот симбол на општинското знаме, секако има заслуги Светскиот македонски конгрес и збратимената општина Гази Баба од Скопје. Утврдувањето на македонскиот симбол од страна на Советот на Општината Пустец и неговото потврдување од Министерството за правда на Република    Албанија ја направи единствена општина со Македонци во светот, која за официјален симбол го утврди македонското шеснаесетзрачно сонце.

Јавното објавување на симболот на Општината, симболично го означи и воведувањето на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо во административна употреба во Република Албанија, бидејќи на грбот - називот на Општината е напишан и на македонски и на албански јазик.

Меѓутоа, најголемиот чувар и бранител на симболот од Кутлеш е, секако, бизнисменот Атанасоски. Тоа сонце постојано го води во текот на целиот негов живот, а тој тоа го потврдил особено преку гласилото „Македонско сонце“ чиј развој е тесно поврзан со идеите на голем број Македонци во дијаспората.

skatin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.