Среда, 14 Март 2018   
Атанас Близнаков – најголемиот донатор од македонското иселеништво

atanas-bliznakov

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ

Иселеништвото во Соединетите Американски Држави како дел од македонскиот живот, култура, религија, наука и од други аспекти е тема и е истражувано од поголем број ентузијасти, новинари, културолози, политиколози, публицисти, писатели, црковни дејци и друг вид научници. Сите тие продонесуваат да се збогати вистината за Македонците од етничка Македонија кои свиле „нови гнезда“ во „ветената земја“- Америка.

Затоа, нашата цел е читателите на Веб порталот „Македонска нација“ да ги запознаеме со дел од вистината за доблесниот патриот Атанас Близнаков - најголемиот донатор во иселеништвото. Да ги запознаеме како Атанас Близнаков со формирањето на Фондацијата „Атанас Близнакоф“ отвори една нова страница во историјата на донаторството за Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје, за македонските студенти, македонскиот народ и македонското иселеништво.

Во поголем број продолженија ќе се обидеме да претставиме дел од монографијата „Атанас Близнаков“ (2000), на македонски јазик во издание на Ректоратот на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” и Министерството за иселеништво на Република Македонија од Славе Николовски-Катин  и монографијата „Атанас Близнакоф“ (2017), на македонски и на англиски јазик. во издание на Ректоратот на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” исто така од Славе Катин.

За поцелосно запознавање на Атанас Близнаков и неговата многустрана значајна личност, Славе Катин се потруди да ги зафати позначајните моменти од животот на овој доблесен иселеник, за кого постојано ќе навираат спомени, а најмногу ќе се потсетуваат студентите – стипендисти на Фондацијата ,,Атанас Близнакоф”, за неговото хумано и патриотско дело, зашто тој останува да живее во историјата на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј”, на македонското иселеништво, на македонскиот народ и на Република Македонија. 

atanas-bliznakov-2

Инаку, животот на Атанас Близнаков започнал на 15 декември 1901 година во познатото револуционерно село Д’мбени, Костурско, во егејскиот дел на Македонија. Селото во кое се родени плејада предвоени македонски борци и интелектуалци, меѓу кои, Лазар Поп Трајков, Лазо Москов, Лазо Трповски, Ташко Караџа и други кои се бореле за афирмација на македонските идеали.

Во Илинденското востание имал само дваесет месеци кога турскиот аскер навлегол во селото и кога неговата мајка Доча во својата прегратка го однела во планината да го спаси од Турците, а неговиот татко Иван, заедно со другите мажи од селото, им се приклучил на востаничките чети кои се бореле за слобода на родната Македонија.

По балканските колежи и Првата светска војна, како последица на лошите економски и политички услови, голем број Македонци, особено од Костурско, Леринско, Битолско, Преспанско, Воденско и од другите краишта на поделена Македонија, побарале спас, напуштајќи ја родната земја и своите најблиски и заминувајќи во белиот свет.

Еден од нив бил и Атанас Близнаков, кој на 19-годишна возраст, во цутот на младоста, ја вкусил горчината на емигрантскиот живот. Тој во 1920 година го напуштил родниот крај и тргнал во потрага за подобар живот по белиот свет. Од родителскиот дом го понесол сознанието дека го гони немаштијата, но го понесол и единственото чувство дека е Македонец, дека ќе остане тоа на кој и да е дел на земјата и дека пак ќе се врати во својата Македонија.

Новата страница од интересниот животен пат на Атанас Близнаков започнала на 16 декември 1920 година, кога пристигнал во САД, во градот Медисон, во државата Илиноис, каде што веќе имало македонска колонија. Таму првпат се вработил како фабрички работник без знаење на англискиот јазик. По една и пол година се населил во Гери, Индијана, град што е сместен на езерото Мичиген, а кој во тоа време се развивал во индустриски центар. Таму, во Железарницата во Гери, еден од големите гиганти на тие простори, работел цели 34 години, сè до денот кога бил пензионира.

atanas-bliznakov-3

За сето време во САД, деловноста на Близнаков се состоела од купување на недвижнини и акции. Потоа, за вложување на стекнатото било потребно следење на целокупната економска состојба, како и знаење и умеење, особини коишто тој ги поседувал.

Времето во туѓина му поминувало многу брзо и по петнаесет години печалбарски живот, се вратил во родниот крај, каде што се сретнал со својот животен сопатник, Славка, млада и убава девојка од Д’мбени. Го одбрал својот животен вистински другар, кој во период од шеесет и три години била постојано со него, го храбрела, живеела со неговите идеи и заеднички копнееле за Македонија.

Потоа повторно заминал за Гери и засекогаш го оставил своето родно Д’мбени. Ги оставил сите убави и горчливи денови поминати во родниот крај, кога во Д’мбени, живееле над илјада Македонци, и со тага зборуваше за денешното Д’мбени во кое пустелијата и утките го заменија детскиот џагор и селската врева.

Иако најголемиот дел од своето постоење го минал во емиграција, Близнаков до крајот на својот живот остана со проблемите на Татковината. Тој не се покажа како обичен печалбар, туку како личност што насстојуваше да навлезе во суштината на македонската слобода, убава и правдољубива идеја, гледајќи ги работите со многу сериозен пристап, со што се издигна над времето во кое живееше.

Во целиот свој животен пат делбата на Македонија ја сфаќаше како трагедија и погуба за македонското дело. Затоа со формирањето на Фондацијата ,,Атанас Близнакоф”, тој беше убеден дека ќе даде драгоцен придонес за Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје, за македонскиот народ и за Македонија, а во исто време тоа ќе претставува поттик и инспирација за идните генерации во иселеништвото.

„Македонска нација“

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.