Среда, 21 Март 2018   
Илинден - симболот на „Обединети Македонци“ од Канада (27)

kanada27-1

„ИЛИНДЕН 1903-2003 И МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ“

Магнетизмот на Илинден во дијаспората најсилно се доживува во текот на илинденските иселенички празнувања. Во тој период најголемо внимание привлекуваат Илинденските пикници, како најмасовни манифестации на иселеништвото. На тие денови се одржуваат бројни црковни осветувања, полагање камен темелници на нови духовни храмови и одржување на национални, културни, црковни, спортски и други манифестации. Овие празнувања, особено во Канада се одржуваат повеќе од седум децении, што значи дека тие се веќе темелно традиционални.

Илинденските празнувања на американскиот континен имаат свој типично македонски концепт, односно функционираат како систем кој го мотивира и стимулира најкреативното кај Македонците на овие простори. На нив доаѓа до израз исконското, цивилизациското кредо на нацијата, изразено низ вредностите создавани со векови во областа на музиката, фолклорот, везот, резбата и носијата, особено кај средствата за информирање.

kanada27-2

ИЛИНДЕН" (1974) – ТОРОНТО

Весникот „Илинден" еспецијално издание отпечатено ло повод илинденските празнувања одржани во Торонто на 4 август 1975 година Тој е орган на „Обединети Македонци" и ги изразува целите, задачите и активностите на македонската заедница. Се печати на македонски јазик на 8 страници, среден формат ( 28 х 42 см.). Не е наведено кој е главен и одговорен уредник, освен дека бројот технички го уредил Герман Казаков, чие име стои на главата на весникот „Илинден 1974".

На првата страница од весникот е поместена фотографија од Илинденскиот пикник (снимена од висина, веројатно од авион) на која се дадени моменти од одржувањето на пикникот. Централно место има текстот под наслов „Во срцето на македонскиот иселеник", кој продолжува и на втората страница.

Во продолжение се поместени лригодни текстови и говорите на делегацијата од Македонија, во состав Живко Василевски, претседател на Матицата на иселениците од Македонија, Наум Пејов, потпретседател на Матицата и Крсте Секуловски, претседател на Собранието на општина Ресен, кои допатуваа специјално по повод Илинден. Потоа се дадени говорите на Џим Сандерс, првиот претседател на Организацијата „Обединети Македонци", на тогашниот секретар на организацијата Михајло Николовски - Мајорчето и на Тели Мориовче, претседател на МПЦО „Св. Климент Охридски" од Торонто.

Следи текстот под наслов „Чудно но вистинито" кој се однесува на Крушевскиот манифест, потоа фотографија и текст за приемот на Фудбалскиот клуб „Вардар" од Скопје, кој беше гостин во Канада и ја посети општината Ист Јорк, а се дадени и други информации. Во весникот „Илинден"  скоро сите текстови се дополнети со фотографии, кои ги збогатуваат содржините.

„ИЛИНДЕНСКИ ЗБОР“ (1989) - ТОРОНТО

По повод илинденските празници во Канада, во Македонската православна црква „Св. Илија" излезе од печат еден број на весникот „Илинденски збор". во Мисисага. Тоа е периодично гласило за јули - август 1989 година, печатено на 8 страници, среден формат (19 х 34) на македонски јазик со кирилско писмо, а има текстови и на англиски јазик.

Не се наведува кој го печати ни каде, но од содржината може да се заклучи дека, покрај црквата, веројатно учествувале и членови на Организацијата „Обединети Македонци" за Северна Америка, односно еден нејзин поранешен огранок.

На првата страница од весникот е програмата на Илинденскиот пикник на 6 август и манифестациите поврзани со Илинденските празници, односно одржувањето на Комитската вечер, банкет вечерата и игранката, концертот и др. Втората страница е посветена на изградбата на вториот македонски црковен дом во Торонто „Св. Пророк Илија" во предградието на Торонто, Миссисага.

kanada27-3

Потоа на англиски јазик следи текстот за „Обединети Македонци од Северна Америка" и преамбулата од Уставот на Организацијата. На двете последни страници е поместен текстот под наслов „За Илинден, за Гоце, за слободата, за страданијата и подемот". Овој број содржи и голем број честитки од Македонци во Мисисага. 

„МАКЕДОНСКИ ГЛАСНИК  (1999) ТОРОНТО

По повод илинденските празнувања во Торонто, во 1999 година организацијата „Обединети Македонци" од Канада го отпечати весникот „Македонски гласник". Тој е печатен на среден формат, на 36 страници, на англиски и на македонски јазик. Весникот е исполнет со текстови кои се однесуваат на историските собитија кај Македонците пред и по Илинден.

Така, меѓу другото, во него се дадени текстови за првиот македонски Илинден - Битката кај Херонеја на 2 август 338 година пред н.е., како прв Илинден,  вториот Илинден 1903 година, самородното дело на македонскиот народ и третиот Илинден 1944 година - АСНОМ, темелникот на новата историја.

Исто така, во првиот број на весникот „Македонски гласник", на македонски и на англиски јазик се поместени голем број текстови од историјата на македонскиот народ и држава, потоа текстови од животот и активностите на организацијата „Обединети Македонци" и од црковното живеење на македонските доселеници.

Весникот „Македонски гласник" излегуваше секој месец. Тој е еден од најдобрите македонски весници во иселеништвото што се печати и на англиски јазик. Весникот на „Обединети Македонци" е гласило на вистината за Македонија и за активностите на Македонците во Канада и пошироко. Важен момент во одбележувањето на Илинденските прослави во организација на „Обединети Македонци", е одржувањето на  Илинденскиот фудбалски куп, кој веќе е традиционален.

kanada27-4
Членови на „Обединети Македонци“ во Вашингтон

Сите македонски фудбалски клубови се натпреваруваат за освојување на Илинденскиот трофеј, кој го доделува организацијата „Обединети Македонци", како покровител на купот. Пехарот на победничкиот тим му се предава за време на одржувањето на Илинденската академска вечер, од страна на претседателот на „Обединети Македонци".

Во 1979 година прослави за Илинден беа организирани во повеќе македонски колонии во странство. Особено значајни манифестации беа изведени по македонските црковни општини, кај бројни спомагателни селски и околиски друштва кои како први македонски асоцијации постојат и дејствуваат во разни краишта на американскиот континент.

По традиција централната илинденска прослава се одржува во големата канадска метропола Торонто. Македонските радио-часови во Торонто во квечерината на Илинден емитуваат празнични програми. Македонскиот ТВ час „Македонски дневник" 4 недели пред Илинден исполнува илинденски репертоар. Специјално илинденско издание објави и весникот на „Обдинети Македонци" „Македонски глас", а на 2-ри август, во културните простории на црквата „Св. Климент Охридски" се прожектирани филмови со илинденска тематика.

Одбележувањето на илинденските празници претставува уште еден доказ повеќе дека Македонците од сите делови на Македонија кои свиле гнездо во оваа далечна и демократска земја стануваат се попознати и признати од канадското општество. Со своите активности, пак, од национален карактер, со својот фолклор, песната, орото, културата и другите национални обележја, претставуваат сеʼ позначаен дел од мозаикот на мултикултурна Канада и мост на зближувиње и соработка меѓу Канада и  Македонија.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува:
СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.