Среда, 18 Април 2018   
ВИСТИНАТА ЗА СОЗДАВАЊЕТО НА ГРЧКАТА ДРЖАВА

МАКЕДОНСКИ ЗБОР -1977 Detroit

sotir-grozdanovski
Пишува: Сотир Гроздановски

 

dionis-solomos
Дионисос Соломос 1847

"СЕКОЈА НАЦИЈА ТРЕБА ДА ЈА СМЕТА ЗА СВОЈА САМО ТАА ИСТОРИЈА КОЈА СЕ ТЕМЕЛИ ВРЗ ВИСТИНАТА"

Неодамна на интернетската мрежа изненадно се појави видео документ за создавањето на современата грчка држава, како резултат на Револуцијата од 1821 година.  Изненадувањето беше угодно за Македонците,  но шокантно  за погрешно информираната грчка јавност. Ништо не би било необично, кога таа би се темелила врз вистинската древна историја и врз вистинските историски процеси од тие времиња. Но, бидејќи тоа не е случај, шокот кај големиот број Грци е катастрофален. Катастрофален, бидејќи овај видео запис ги открива сите лаги и невистини за гнилите темели на денешнава "демократска" Грција, која нема никаква вистинска врска со древната Грција, односно со градовите државички и Атина како центар на старогрчката култура, врз која западниот свет ја втемели својата култура, со која се гордеат да е супериорна. Со овој видео запис се откриваа и сите sверства на грчкиот клер од тие времиња а кои се протегаат до ден денешен, а нарочито врз националните малцинстав, од кои се и Македонците.

Тежината на фактите од кои врие овој видео запис му ја даваат многубројните учесници во разговорите, а кои доваѓаат од многу високообразовни светски институции, меѓу кои и од самата грчка научна елита.

Видео записот за кој е збор во овој мој текст е делумно на грчки, а повеќето на англиски јазик. Верувам дека многу од нашите иселеници во странските земји, но и во Македонија кои имаа можност да го видат без потешкотии ја следеа неговата содржина, но исто така многу од нив имаа извесни потешкотии со англискиот јазик. За оние кои имаа потешкотии со англискиот јазик, се погрижив да им помогнам - им ги преведов текстовите на македонски, најдобро што можев.

А сега, да ја започнеме приказната за создавањето и развојот на денешната грчка држава, една од нашите не баш најдобри соседи за која би се можело нешто добро или пофално да се рече од наша, македонска страна. Но сепак,  нема  чаре од поплаки или враќање лошо за лошо. Од тоа нема корист никој, туку само обновување на насобраните горчини, меѓу двата соседни народи. И ако доцна, вистината излегува пополека на виделина и ќе помине нешто време, кога помладите генерации соочени со историските факти и заблудите на двете страни од границата ќе седнат заедно и ќе си ги подадат рацете во знак на стварање нови околности за поарни и поцивилизирани добрососедски односи.

joanis-kapodistria
УБИЕН ПРВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НОВАТА ГРЧКА ДРЖАВА ЈОАНИС КАПОДИСТРИА

ludvig1
Лудвиг I,
13.X.1825 - 20.III.1848 

ГРЦИТЕ НЕ СЕ КАДРИ ДА ИМААТ СВОЈА ДРЖАВА А КАМОЛИ СО НЕА ДА ВЛАДЕАТ

 На 27 септември 1831 година на главниот пат за Нафплиос - пристаниште и прва грчка престолнина, беше убиен Јоанис Каподистриа, првиот претседател на новата грчка држава. Со неговото убиство земјата ја зафати нов бран на граѓански воини. Наскоро потоа постана јасно, дека сите напори на грчкиот претседател да створи нова функционално независна и при тоа снажна држава останаа само желби. Излезе на виделина, дека Грците не се кадри да имаат држава, а камоли со неа успешно да владеат.

Овие беа зборовите на водителот на грчката ТВ СКАЈ, поведувајќи не низ историските настани, кои доведоа до стварање на денешната грчка држава по прв пат со името Грција и потоа продолжи: - 

- Заглавени во времето на Отоманската Империја, не беа способни да и' погледнат в'очи на иднината. Правејќи огромни напори да си ги задржат привилегиите кои ги уживаа до тогаш, упорно се противеа на секакви измени во нивниот статус кои неспорно би дошле со новата грчка држава, во која би завладеел редот, правото и правдата.

Гледајќи од страна што се случува на овие простори, европските сили веќе им најдоа лек на несложните Грци. Само требаше да се изнајде идеологија и лидер кои би ги обединил. И така и' дојде времето на монархијата и стварањето на првото грчко кралство. Картите беа фрлени на маса и потоа отпочна играта како следи. 

СОЗДАВАЊЕТО НА ПРВИОТ ГРЧКИ НАЦИОНАЛЕН  МИТ

Во 1832 година, грчката кралска круна не беше нешто што се посакувa како нужна потреба, туку како нужда, наметната од надвор. После долгите немири и безмилосни уништувања, zемјата немаше што добро да понуди. Многу поважно од самото стварање на некаква нова држава, беше идеата која би ја поврзувала денешницата со старата грчка култура, која нестана од овие простори пред многу векови, но со тоа и од главите на сегашните луѓе.

Баварскиот монарх Лудвиг I, еден од најголемите хеленовљубеници, отиде најдалеку во реализацијата на тој проект. Неговата сестрана поткрепа на грчката револуција за самостојност од Отоманската Империја и стварање на кралството грчко на чело со неговиот малолетен син Ото, не беше случаен чин.

Во времето кога Англичаните ги крадеа мраморните оставштини од Партенон и ги пренесуваа во своите музеи или приватни збирки, при што најмногу се "истакнал" лордот Хелгин, Лудвиг I внимателно од нив правел копии и ги поставувал на видни места во својата германска држава. Така, тој од Минхен направил нова Атина во срцето на Бавариа, чија убавина и денес пленува и ако далеку од самата денешна Грција, како вечен спомен на неговата љубов кон Хеленизмот и неговите вредности.

За времето на Лудвиg I, во образовниот систем на оваа мала германска држава је воведен старогрчкиот јазик како обавезен наставен предмет, заедно со литературната и научна оставштина на учените луѓе од античка Грција. Така, Бавариа до 1830 тите години постана центар на вљубениците во Хеленизмот, а Минхен изгледаше повеќе грчки од самата Атина. Многу баварски уметници, подржани од самиот Лудвиг I, често патуваа низ грчките простори инспирирани од класичното минато на земјата и длабокиот романтизам на времето.

peter-von-hes
Петер Вон Хес - сликар
29.VII.1792 - 4.IV.1871

ПОЗНАТИОТ БАВАРСКИ СЛИКАР ДОБИ СПЕЦИЈАЛНА ЗАДАЧА

Петер Вон Хес, еден од тие баварски уметници доби и специјална задача. Имено, неговата задача беше да ја овековечи Револуцијата од 1821 година, забележувајќи ги сите важни настани со пригодни цртежи.

Спрема зборовите на Вилиам Сент Клер ( Willam St. Clair) од центарот за Историја при Универзитетот во Кембриџ, до 1830 та година Грција била првата независна национална држава во Европа, благодарејќи и' на "Sвездата", односно на древна Грција. Па спрема традиционалните погледи на монархистичките влади во тоа време се сметало, дека слободата на Грција значела препород на една стара цивилизација, која ја ценат и почитуваат сите во светот.

oto
ОТО првиот крал на Грција

ПРВИОТ ГРЧКИ КРАЛ  ОТО И НЕГОВИТЕ 3500 ИНСТРУКТОРИ

И така по ред, сонот на големиот вљубеник во Хеленизмот, баварскиот монарх Лудвиг I, засилено почна да се остварува. Утрото на 6 февруари 1833 година, 17 годишниот негов син Ото пристигна во Нафплиос, а наскоро по тоа, тој се скраси во Атина, новата престолнина на грчката држава. Се разбира, новиот крал не допатува сам. Со него пристигнаа повеќе од 3500 воени и административни инструктори со цел да воспостават административен модел по урнекот на онај во Баварија. Прокрај ова, тие имаа и други, поважни цели од наведените. Требаа одвоените делови од грчката територија да ги припојат и така да створат обединета нова грчка држава и на крајот, да креираат нов национален идентитет.

Новата власт која беше наскоро формирана, се сретна со многу тешкотии и пречки во својата работа. Се сретна со поделено општество, уништено стопанство итн.нт. Нејзините приоритети не беа само воспостава на мирот и редот во државата, туку пред се' креирање на новиот грчки национален идентитет. Идентитет, кој би го обединил општеството и би го изменил традиционалното сваќање за идентитетот, во идентитет на модерна нација.

Во своето излагање појасна Пашалис Китромилидис, професор по политички науки при Универзитетот во Атина.

Во поглед изборот на Атина за престолнина на новото кралство констатирано беше, дека тоа е направено од посебни и логични причини. Една од нив е истакната како клучна, а таа е поврзана со меѓународното признавање на древна Грција, како појдовна база за признавање на новата државна творевина, како Грција. Впрочем оваа идеа беше оживотворена уште во самиот почеток на грчкиот проект од страна на Лудвиг I, кога тој одлучи на престолот на новата држава, која го носеше името Хелас а не Грција, да го постави својот уште не полнолетен син Ото.

Во своите проекти спрема новото грчко кралство, Баварците имаа и многу други изненадувања; - да избришат секоја трага и спомен од Отоманското минато на Атина и пошироко, при тоа обновувајќи ги сите споменици во главниот град и тоа за чудо, по минхенскиот модел. Но, не сосема неочекувано, главен приоритет на новата држава и понатака остана, враќање на грчкото древно потекло, исчезнато со векови пред тоа, материјално и духовно.

priority

Прва работа по стапувањето на грчко тло што ја направи беше средување на  државните финансии и враќање на Драхмата од пред 2000 години и укинување на Фениксот, на убиениот прв претседател Јоанис Каподистриа, во 1831 година. Потоа, новиот монарх ги преименува сите улици во Атина со имињата на античките филозофи, драмските писатели, како и имињата на хероите од востанието од 1821 година. И така, се што беше поврзано со античка Грција, преку ноќ постана симбол на новата држава.

Користењето на официјалниот грчки јазик од тоа време, Баварците го правеа со особена чувствителност и љубов, уверени дека зборуваат на старо грчки. И така, ова идеализирање на старогрчкиот јазик постана темел во одгојот на грчката интелигенција, за среќа или можеби несреќа. До колку тоа не се случеше, највероватно денес Грците се' уште би зборувале Арванитика, односно "Албански".

Но соработката во грчкото кралство не беше лесна работа. Грците се постојано во меѓусебни судири и никако да најдат заеднички јазик ни за најелементарните потреби на своето општество. Нивната политичка сцена е толку разединета, да е напросто невозможен заеднички соживот на нивните политички субјекти. Национално единство Грците можат да постигнат само со мешање на фантазијата и историјата, при што успеваат да си створат митови, од кои ја црпат потребната им енергија за преживување. Ништо чудно! Нели?

Во една ваква, скоро хаотична состојба во ново компонованото грчко општество потребно е да се повикаат легендите во помош, како би се тргнало напред во некаков соживот. Да се створи некој нов идентитет, што ќе ги обедини сите субјекти на кралството. Но, од каде да се започне во случајов со новиве "Грци" ? Секако, прво со редукција на Историјата и со бришење на некои факти кои не држат вода.

Можеби е малку чудно кога се зборува за редукција на историските "факти", бидејќи тоа не почна да се  практикува прво во Грција, туку во Минхен, новата Атина, за времето на неокласичното кралство на ЛудвигI. Тој, впрочем, наместо да ја редуцира грчката историја, со градење неокласични монументи и споменици во својата сопствена престолнина Минхен, заправо ја редуцира својата сопствена историја. Една од таквите градби која Лудвиг I ја издигна во својата престолнина е и Пропилаја. Исто така, тој во чест на грчката Револуција од 1821 година, во центарот на Минхен изгради велелепен споменик на кои со големи грчки букви се исписани имињата на сите оние учесници во неа, кои одиграа значајна улога во стварањето на новата грчка држав. Покрај веќе спомнатите, тука се и имињата на сите оние кои одиграа важна улога од политички, општествени, идеолошки, црковен и други значај за ослободување на Грција од турската империја. Еден до друг со своите имиња можат да се видат и Рига Фереоу и патријархот Грегори и ако биле идеолошки противници. Не е занемарено ни името на Јоанис Каподистриа, како и името на Адамантиоу Кора и многу други "херои" на Револуцијата и ако биле повеќе пати на овај или онај начин меѓусебно спротиставени и дури пукале еден врз друг. Но, сепак биле историски личности и придонеле за ослободување на новата грчка држава и како такви биле почитувани.

Баварскиот монумент јасно ја прикажува логичноста, патот и начинот на кој историјата на Револуцијата од 1821 би требала да биде напишана. Ова е, како е наречен, мит од 1821. Тој исто така докажува, на свој начин, дека нацијата може да се препороди, обнови и покрај доживеаните трагедии од секакви врсти и величини, па дури и од разни криминални или злосторнички настани во чие организирање или извршување учествувале високи функционери од државните институции, војската,  или црквата. Така е створена легендата од 1821 година, која се темели негде и врз нешто, со цел да го оправда злото како посакувано, во стварањето на доброто како потребно. Меѓутоа, сите легенди имаат свој почеток и не се појавуваат само така како некој  случаен настан. Ова беше патот и начинот да се конструира платформата за унификација на новата грчка држава и нејзината идеологија, која од една страна ги збунуваше некои историчари, а од друга страна пак, ширеше чувство на заедништво и некоја сигурност на луѓето за да преживеат.

Покрај се' горе реченото, а да би се избегале некои идни потреси и незадоволства во кралството, нужно било да се изнајде некој силен амалгам кој на адекватен начин би ги држел во мир и спокој широките нaродни маси. Тука дошла во помош грчката православна црква, која, меѓу другото, одиграла голема улога и во обединувањето на Румелија и Пелопонез, дури и многу повеќе од богослуженијата во древните времиња.

Увидувајќи ја моќта на црквата, Баварците во 1833 година и' овозможиле автокефалност и потоа ја ставиле во служба на кралската круна.

gregorij5
Патријарх Грегориј V обесен од Отоманите и фрлен во Босфор. 

 УЛОГАТА НА ЦРКВАТА ЗА ВРЕМЕ НА РЕВОЛУЦИЈАТА

Бидејќи за време на Револуцијата црквата стоеше настрана и неодлучна кон кого да се приклони, а при тоа да не ги изгуби стечените привилигии, сега требаше да и' се даде некое признание. Така се започна со поедноставување на приказната за нејзината тогашна улога, како, небаре и ако не ја подржувала Револуцијата и нејзините цели, таа тоа го правела од некои си "тактички" причини. Инаку, нејзините великодостоиници од почетокот биле истомисленици и подржувачи на идеата за борба против Османлиите, што в'сушност не е вистина.

tanos-veremis
Проф. Танос Веремис

СО ПРОКОЛНУВАЊЕ НА РЕВОЛУЦИЈАТА ЦРКВАТА НЕ ГИ СПАСИ ЖИВОТИТЕ НА ОСМАНЛИИТЕ

Кога патријархот Грегориј V се повлекол од Револуцијата, при тоа проколнувајќи го водачот Александар Ипсилантис, тој не го направил тоа од никакви тактички причини, како што некои го тврдат тоа. Не, ни пошто! Тоа го направил од интересни причини, истакнувајќи ги божемните принципи на Црквата да се бори против сите насилства и неправди, што заправо такво нешто никогаш не било во мислите на мнозинството клерици. Појаснува професорот по политичка историја Танос Вемерис, од Универзитетот во Атина. 

Со проколнување на Револуцијата, тие не ги спасија животите на Османлиите. Тоа беше фатална грешка, која црковните великодостојници никогаш не успеа да ја разберат.  Нивниот потез беше само инспирација на другите да земат масовно учество во воените дејствија на Револуцијата и да излезат како победници, по цена на огромни штети по земјата, но особено со злосторства врз ненаоружаното и недолжно турско население. Како производ на поедноставувањето на улогата на Црквата за време стварањето на грчката држава се изроди и нејзината глорификација како, божем, "нашата црква беше прави чувар на националната ризница и заштитница уште од времињата на робосопствеништвото, кога хероите го запалиле оганот на националните идеали и ги покренале масите за обнова на татковината".

Поврзувањето на црквата со националноста изроди модерен национализам, а со него пак и митовите, од кои најпознат беше митот за "тајното училиште". Важноста на овој мит се состоеше во големите жртви кои свештениците ги претприле при ширењето на грчкиот јазик меѓу народот, а особено меѓу децата и покрај забраната од страна на турските власти. Овој мит е овековечен во делото на сликарот Николаус Гисис под името: "тајно училиште" од 1886 година. Инаку сликарот Гисис и припаѓа на минхенската школа која ги продолжува баварските традиции на вљубените во Хеленизмот и на хеленистичките сликари, проектирајќи настани од грчката Револуција од 1821 година.

tajnoto-uciliste
ТАЈНОТО УЧИЛИШТЕ ИСТОРИСКА ЛАГА-
1886

"ТАЈНО УЧИЛИШТЕ" од историско гледиште е потполно лажна проекција на настани од тие времиња и ако пленува со својата реализација и угодна атмосфера. Нејјзината силна порака гласи: - Така деца мои! Дури и вие, во вашата рана малдост треба да сторите се', како би нашата татковина била пак слободна. Оваа проекција е подоцнежна креација на државата, во 1886година, од посебни причини - религијата да се зацврсти уште повеќе и да и' се даде важно место и во образованието на замјата, поред другото и како еден од одбранбените механизми на државата.

Митот за улогата на грчката православна црква во новото  грчко општество не престанува тука. Тој продолжува дури и во денови денешни, со нејзината арогантност и бруталност.

Со зацврстувањето на  новокомпонованата грчка држава врз темелите на Револуцијата од 1821 година, одлучено е и Црквата да си го најде своето место во неа, како нејзин активен актер. Се разбира дека во Револуцијата, како и во секое народно востание зедоа учество и некои од свештените лица, но тоа не и' дава за право на официјалната црковна хиерархија да ја присвојува нивната храброст и патриотизам и да ги прикажува како свое дело, зошто тоа не е вистина. Грчката православна црква во тие времиња не беше дел од таа Револуција ни најмалку. 

Јас не мислам дека Турците беа загрижени со кој јазик се служат поданиците на Империјата. Дали со грчкиот или со славјанскиот јазик. Тие се грижеа за своите луѓе да се служат со јазикот на Исламот. Што и да зборувале христијаните, на Турците им било се' едно. Со тоа не се занимавале се' дури мирот бил сочуван во Империјата. Јас сум уверен, дека јазикот не ги загрижувал ни малку. Се' друго се бајки за деца.

Кога се зборува за јазикот, вистина е дека во времето на владеењето на Турците грчката црква играше важна улога во ширењето на грчкиот јазик меѓу народот, како и во генерациското културно преживување во тие времиња. Меѓутоа, 100 години пред Револуцијата, граѓанското движение на средната класа веќе го уживаше правото да се школува на својот мајчин јазик. Во градовите со мнозинство на грчко население се отвораа училишта во кои предавањата се изведуваа на грчки јазик, а материјата беше претежно од старогрчката наука. Малку по малку, ренесансата почна да допира на секаде, па и во градовите на мнозинската отоманска територија, каде традиционално беа сместени и грчките училишта. Меѓу таквите центри беа Јанина, Смирна (Измир), Кидонис и подоцна во Истанбул. Исто така постоеја и образовно воспитни центри на Пелопонез, во кои се воспитуваа деца и други кадри, кои после се вработуваа ширум градовите со грчки училишта. Со ваквата преродба дојдоа и сите други општествени и интелектуални промени, кои ја водеа земјата во Револуција. 

ВРЕМЕТО НА РЕВОЛУЦИЈАТА 1821

После седум години од завршетокот на Револуцијата, претседателот на државата Јоанис Каподистријас, беше запрашан од европските влади за бројот на турското население на Пелопонез. Каподистрија им дал две бројки и тоа во 1821 година над 42,000 лица и после завршетокот на војната, ниту еден турски граѓанин. Во оваа вистина денес Грција неможи или несака да верува, бидејќи таму имаше и премногу турски луѓе, а сега да ги нема сите без трага? Тие живееа со столетија на секаде по грчката територија во мали заедници како земјоделци, занаетчии, трговци, вработени во државните институции... Нивните семејства не знаеле за некоја друга земја во која би се преселиле, а сега за кусо време им се изгубила секоја трага. Што се случило со една таква голема бројка на луѓе? После 1821 година за само неколку недели беа сите убиени без разлика на спол или возраст. Нив 42,000 Турци мажи, жени, деца, стари, млади, сите заедно нестанаа од лицето на земјата. Без суд, без докажување на невиност или кривња. И никој за тоа не беше земен на одговорност.

Масовното убивање за сигурно беше дел од Rеволуцијата, што од оваа временска дистанца го доживуваме како уште еден мит околу грчката воинственост и "храброст". Како уште еден мит од 1821 година. Но имаше исти такви убиства и од страната на Турците, велат некои, како да бараат некое оправдување за злосторниците и нивните нечесни дела.

ostrovot-cios
Островот Чиос

КАДЕ Е ДЕДО НАШАТА МОРАЛНА НАДМОЌ?

За овие настани околу училиштата кружат безбројни легенди со цел да се разјаснат страшните злосторства над невиното турско население. Но не е тоа така лесно да се објасни, а да при тоа не останат длабоки траги во душите, особено кај децата. Како може некој да му објасни на детето дека татко му, дедо му или некој негов близок роднина немилосрдно убивал Турци? Да колел невини деца заедно со неговите родители и потоа ги фрлал во градските бунари? Како може да им се појасни дека многу предмети кои се денес во нивните домови покрадени од домовите на тие невини луѓе кои ги нема веќе меѓу живите за да ја кажат вистината за својата прерана насилна смрт? Ако сето ова им го кажеш, би биле вџашени, па можеби и ви одговориле со прашање: - Па зарем ние сме поарни, дедо од нив? Која е разликата меѓу нив и нас? Каде е нашата морална надмоќ?

Островот Чиос со право постана вистински пример на грозоморно место кое проголта иљадници невини луѓе. Постана грозоморно место на турската трагедија за време на грчката Револуција. И ако има и многу други места каде се извршени масакри над невини турски граѓани од разни регуларни и паравојни формации, сепак, Чиос остана лендмарк по злосторствата и најпознато стратиште на светот.

Насилствата во тие времиња беа вообичаени настани. Не беше ништо чудно да се влезе во некое место и да се потаманат луѓето како да не се луѓе. Крволочноста на грчките банди немаше граници. Владееше правото на ножот и куршумот. Насилството беше средство да се преживее или да се владее со послабиот. Многу добронамерни денес се прашуваат: - Вистина ли е дека се случило некое проклетство во Триполикас? Да, навистина масакри се случиле во Триполикас, но зарем и Турците не правеа зулуми и масакри во многу земји од својата Империја? Но за чест на вистината, од сите масовни истребувања на ненаоружано турско население, а спрема постоејќите документи, најлошо поминаа жителите на Триполикас. Кога Грците го освоија градот, во него живееја над 35,000 Турци. Од нив никој не остана жив.

Разорувањата и штетите кои уследиле од воените дејствија се рефлектирале во потполност во песната за слободата од Дионисиос Соломос. Неговата поезија, 40 години подоцна, беше користена за национална химна на грчката држава. Од целата негова поезија, околу 158 строфи, многумина знаат само по некоја строфа. Ако ви прочитам повеќе од две строфи, вели водителот на овој видео запис, ќе откријам дека нашата национална химна не е само химна за слободата, туку сведоштво за зулумите над недолжното население. Ево како е тоа прикажано графички од што се гледа грозомората на настаните: - Погледај како очајнине раце го кинат животот. Ги расфрлуваат ноsете, рацете и мртвите глави на убиените. Сабји и синџири измешани со сивине мозоци исфрлени по земјана. Напукнати черепи и делови од внатрешнината на абдоменот... Се' во  еден неопислив ужас. Оф, оф! Што е доста, доста е.

Долго ќе траат и ќе се споменуваат овие злосторства. Нашата национална химна содржи се' друго, а најмалку зборови за слободата. Таа ги содржи ужасите и насилствата на Револуцијата. верувам дека Соломос не е толку наивен од колку се мисли да е. Читајќи ги строфите за слободата на нашата национална химна се стекнува уверување, во поетски смисол, дека таа е реалистична вистина за тоа време на нашата Револуција. Нашата Револуција од 1821 годна, како и секоја револуција, е крвава приказна. Таа сведочи за протерувања, одмазда, епидемии, глад, убивање, грабежи, насилни преселувања и робства. И Грците и Турците настојуваат овие настани да ги стават зад себе и да ги заборават. Ако можат. Новата власт треба да се организира и да проработи врз урнатините на Револуцијата, а да би се постигло тоа, дел од минатото треба да се избриши. А како? Со идеолошкиот патриотизам втемелен врз баварскиот модел, а пото него да се замени со "славното" наследство од античка Грција. Арно, ама стварноста е премногу тешка за да се менува преку ноќ. Во Атина, но и на секаде по Грција, се гледаат спомени од изминатите времиња исдробени на стотини парчиња кои би требало да се преспојат во едно цело. Сите историски траги стари со стотици години веќе одамна ги нема. Интензивно се бришат секакви врски со Отоманската Империја и на се' што новата грчка држава ја потсетува на тие времиња. Сета оваа работа би требала да доведе до потполна чистота и непрекината врска со одамна нестанатата древна грчка култура.

Овие накани на новокомпоновата грчка држава можат да се сметаат како накани на луѓе кои го загубиле компасот и здравиот разум, или како смешни и не сериозни, но најповеќе како надвор од цивилизациски норми во однесувањето со историската наука. Впрочем и другите нови држави прават исти грешки, некои повеќе некои помалку со цел да негираат делови од своето минато и да креираат по поволна сегашност и иднина пред очите на својот народ и пред меѓународната заедница. Велат некои историчари и други луѓе од науката, дури пак на другата страна пак противниците на таквиот пристап кон историјата се фаќаат за глава од недоверба и се прашуваат: - дали е и ова можно?

Ваквото директно поврзување со древната култура придонесува препород, без прекин на историските токови, велат првите, тапкајќи се по своите сопствени рамена, како чудотворци.

helen
Како можиш да речеш за овој сиромав улични питач да е Хелен?

albanec
Албанец, улични питач во Атина

ГЕРМАНЦИТЕ КРИВИ ЗА ПАТОТ ПО КОЈ ТРГНА НОВОСТВОРЕНАТА ГРЧКА ДРЖАВА

Лажниот пат по кој тргна новата грчка држава се должи на доаѓањето на баварските владари. Доваѓајќи во нашава земја, тие затекнаа дисфункционално општество, во секој поглед. Насекаде сиромаштија и очај, во застрашувачки размери. Нивното разочарување беше големо, кога не најдоа народ со хеленски дух во кои тие беа вљубени, туку улични питачи кои зборуваат Арватски (Албански), на место старо грчки.

Како може да биде  Хелен некој така сиромашен и очаен уличен питач во Атина, кои зборува Арватски (Албански)? - изјавиле хеленовљубениците при доаѓањето во Грција. Тука нема никаква поврзаност ниту логичност меѓу овие факти на теренот и оние во кои ние верувавме при нашето доаѓање. После ваквата фактична состојба, разочарани се вратија во Баварија и рекле: - Таму долу, во Грција, ние неможиме да направиме ама баш ништо. Никој неможи да ја спаси таа земја. Овие денешни Грци со оние од античкиот свет немаат ама ништо заедничко, што ги поврзува.

folmeraer
ФОЛМЕРАЕР : СЕГАШНИТЕ ГРЦИ КАКО РАСА НЕМААТ НИКАКВИ ВРСКИ СО СТАРИТЕ ГРЦИ

Дури грчкото кралство покушава да стане на ноsе, баварскиот историчар Фолмераер (Fallmerayer) излезе со својата теорија насочена против поборниците на цврстите врски со античка Грција, како непрекината нишка. Која беше неговата цел? Своите домашни вљубеници во Хеленизмот "да ги врзи за столбот на срамот", заради нивните налудничави идеи!

Фолмераер тврди, дека сегашните Грци како раса, немаат никаква врска со старите Грци. Се разбира, неговите тврдења и теории направија голема паника во кралството не само затоа што тој не ги прифаќа нивните желби да ја преточат лагата во вистина, туку затоа што ги саботирал промоциите на поволните легенди на монархистичкиот режим и народот во државата.

Фолмераер бил огорчен со експлозијата на хеленистичките љубители и обожаватели во Баварска, па се одлучил на уште по радикален чекор: - со цврсти докази да ги разувери, дека сите тврдења на актуелните власти во грчкото кралство за непрекинатите врски на денешните Грци со античките се само фикција и потполно лажни.

Овај познат германски историчар е набрзо прогласен за најголем непријател на Грците затоа, што отишол и многу подалеку од она што го очекувале неговите противници од круговите на власта во Грција, но особено во Баварија. Тој ги изнел на светлото на . денот сите докази од времето на римското владеење со античка Грција, па се' до доаѓањето на Слацвјаните на балканските простори во 6 век и завршувајќи со преселувањето на Албанците од северот, во 14 век.

И така, спрема Фолмераера, врските кои би ги поврзувале сегашните Грци со оние од античките времиња се измислени, лажни и затоа не постоат, бидејќи се прекинати не само еднаш, туку три пати. Со тоа, Фолмераер ги отфрлува сите врски кои би ги поврзувале денешните Грци со античките како лажни и не постоечки, а континуитетот на Хеленизмот како нација, за фикција.

Па ете како овој познат германски историчар и чувар на историските вистини си го заслужил пиететот: - НАЈГОЛЕМ НЕПРИЈАТЕЛ НА ГРЦИЈА!

Спрема нивните сваќања, континуитетот на Хеленизмот во Грција бил воспоставен уште во времето од пред 1850 те години. Тие тврдат, дека немало прекини на континуитетот во историјата. Но можно е да се случувале "нестабилни и стабилни временски периоди" , кои нашиот колега од Бавариа, историчарот Фолмераер ги нарекува прекини или пукотини во континуитетот, кои заправо се поврзници.

Затоа, спрема пишувањето на Папариголопулос и Забели, нацијата е обновена и континуитетот е воспоставен, но неслагањата на историчарите остануваат и понатака, само не како идеолошки или историски, туку политички, со кои државата би требало да се позабави што побргу. Таа работа  треба од мултиетничко општество да креира единствена обединета грчка нација.

Тука тие мислеле на Албанците како најмногубројно малцинство, кое било многу заслужно во борбите за независност. Инаку, кога сме кај Албанците, тие се народ поделен на две групи: - на православни и муслимани, или како некој ги нарекуваат ТУРКОАЛБАНЦИ. Најважните водачи во борбите за независност на Грција од 1821 година биле од редовите на православните Албанци, кои се истакнале со големи способности и храброст, особено оние од островите Хидрати, Острива и Спетсес, како и Сулиотите во борбите на копно.

marko-bokari
Марко Бокари

МАРКО БОКАРИ И ГРЧКО – АЛБАНСКИОТ ГОВОРЕН РЕЧНИК 

Не е на одмет да се спомене и фактот, дека луѓето од тие времиња биле доста образовани и способни за интелектуална работа. Така, Марко Бокари составил говорен грчко - албански речник. Многу интересен речник. Тој добро ги познавал двата јазика, грчкиот и албанскиот, што го осмелиле да се впушти во една ваква јазична авантура. Јас би рекол и дека Бокари го познавал и турскиот јазик покрај ова два, но слободно би можел да речам, дека се служел и со Колокотронис.

Историчарот Папариголопулос во фалењето на Албанците и нивните компатабилни особини за интеграција во новото грчко општество, малку претерал, бидејќи ги зел за пример само православните, а ги запоставил муслиманите, со што ги покажал и своите неприфатливи верски склоности, како научник.

Папариголопулос во понатамошната научна расправа уште повеќе скршнал од патот на науката и се впуштил во матните води на расизмот и не толеранцијата што го  прави уште по неверодостоен и во полемиката со историчарот Фолмераер.

Расправајќи за квалитетите на двата народи, грчкиот и албанскиот, те и за идеалната комбинација при компонирањето на новата грчка нација, тој рекол дека Грците биле интелектуално, културно и цивилизациски по напредни, а пак со Албанците, грчката раса добива виталност, снага и единство.

Во овој контекст е вредно да се спомене и фактот, дека Албанците, интегрирани во грчкото општество се чувствуваат поголеми Грци и од самите Грци, што зборува нешто само за себе. Тие ја потврдуваат тезата на германскиот историчар Фолмераер за потполно изчезнатите врски на денешните Грци со оние од пред многу векови.

 ЈАЗИКОТ И ИДЕНТИТЕТОТ

Јазикот и идентитетот се тесно поврзани. Без јазикот нема идентитет, но и без идентитетот и јазикот него бидува за ништо. Затоа, борбата за јазикот е постојана и приоритетна. Како и во секоја нација, така и во грчката, јазикот изигра видна улога. Тој беше застапен прво во православието и трговијата, а потоа со организацијата на образовниот систем, одигра голема улога во обединувањето на расцепканите општествени заедници во една нација. Со јазикот се ствара и заедничка култура, преку која се идентификува и нацијата. Исто така, јазикот придонесе и во просветеноста на револуционерните водачи, кои на крајот ја извојуваа и слободата и независноста. 

Ова го разбра и првиот претседател на грчката држава Јоанис Каподистрија уште за време на првата година од херијската војна кога, настојувајќи да ги постави темелите на државата, отвори универзитет и други училишта, кои изиграа важна улога во развојот на разурнатата Грција во тие времиња.

Јазикот и образованието се едини елементи кои имаат моќ да ја обединат општествената заедница и створат нација. Можи слободно да се речи, дека образованието беше почеток на силата на грчката држава. Грчките училишта беа вистинските победници.

Што го идентификува националното единство на едно општество? Секако неговата култура! А што би требало да ја идентификува културата како таква? Се разбира Јазикот. Кога е сега и тоа постигнато, вратите на прогресот се ширум отворени. Вели професорот Танос Веремис.

Сите кои учествуваат на било кои начин во образовниот систем, се Грци. Исто како Изократовиот концепт, кој е отворен националистички концепт од 19 век, но сепак различен од оној од 20 век. Дури онај концепт од 19 век му одговара на биолошкиот континуитет спрема Фолмераеровата теорија, овај широко е отворен и убав. Типичен пример на таа убавина е и прифаќањето на машкиот фустан, кој се носел на Балканот, и тоа само кај Албанците.

И претседателската гарда денес носи фустани и опинци со женски пуфки како дел од униформата базирана врз, како рековме погоре, на обичаите кај Албанците. 

spiros-sofos
Спирос Софос

НЕ Е МОЖНО ВО ПОВЕЌЕНАЦИОНАЛНА ИМПЕРИЈА ДА СЕ БАРА ЧИСТА ГРЧКА НАЦИЈА

Во продолжение на разговорите и одење кон крајот на настаните со кои се покушава да се внесе нов и по цивилизиран дух во лажната грчка историја, учесниците од грчката страна продолжија со помирлив и по флексибилен јазик. Тие се обидоа во концептот на чисто грчко национално општество да внесат и повеќенационален елемент, во што Спирос Софос од Лондон се обиде да ги вклопи своите размислувања. Велејќи дека не е можно во повеќенационална империја да се бара чиста грчка нација, како што и ние неможиме да бараме исто кај Албанците, Турците или некое друго општество.

Ние во оваа проблематика гледаме одвнатре да најдеме можности кои дозволуваат флексибилност за компромиси. Сметаме дека е потребна флексибилност кај секоја нација, како би изнашла погодни начини за прилагодување во новиве околности. И можеби во тоа се крие и нашата совест која преовладува денес во Грција, поминувајќи низ многу промени и прилагодби на својот пат низ времето. Нашето прилагодување постигна висок степен. Дури и Ромеите дозволија така и официјално да се викаат. И тоа не само децата на Грци и нивните потомци, туку и денешни Грци.

Во оваа прилика вредно е да ги споменеме зборовите на поетот Гиоргос Сефарис изречени за време на доделувањето му Нобелова награда во Штокхолм во декември 1963 година, кои гласат:

"ЈАС НЕ САКАМ ДА РЕЧАМ ДЕКА НИЕ ИМАМЕ ИСТА КРВ СО СТАРИТЕ ГРЦИ, ЗОШТО МРАЗАМ РАСИСТИЧКИ ТЕОРИИ. НИЕ ЖИВЕЕМЕ НА ИСТАТА ЗЕМЈА СО НИВ И ГИ ГЛЕДАМЕ ИСТИТЕ ПЛАНИНИ, КОИ ЗАВРШУВААТ ВО ИСТОТО МОРЕ".

Од 1821 година измина скоро 1 1/2 век. Две Балкански војни и две светски војни од како ние, сппрема зборовите на поетот Сефарис, го обновивме нашиот грчки идентитет на интернационално рамниште со соврена дефиниција и ако има нешто со што треба да се гордееме е следното: -Местото каде живееме, нашата историја, можноста да одлучуваме за својата судбина толку, колку што можиме. И на крајот, ова не беше можно без 1821 та година и нашата Револуција, без борба, без идеи за нашата иднина и без нашите легенди. Како ја користиме слободата, зависи од нас. Но, мора да е од корист за нашиот патриотизам, за љубовта спрема местото во кое живееме, со почит спрема пролеаната крв на праведен или неправеден начин и пред се' за препородот на нашата таковина, денешна, модерна Грција.

*************************************************

НАШЕ ВИДУВАЊЕ

Смелоста на учесниците во оваа научна дебата да ја изнесат вистината за темелите на денешната грчка држава заслужува внимание и поштовање, но прикаската ќе биде целосна и уште по веродостојна, ако и денешните грчки политичари ја разберат и прифатат горчливата вистина и им подадат рака на Македонците во знак на помирба и уште поширока добрососедска соработка.

Впрочем и зборовите на поетот Гиоргос Сеферес влечат кон таков еден однос со соседите, а особено кон односите со Македонците во Грција и посебно кон односите со Македонците во Република Македонија.

Вистината излегува на видело секој ден се повеќе и повеќе и затоа нема зошто да се преговара за нашето име. Македонија не била никогаш дел од Грција и нашата историја е само наша, како што нивната е само нивна.

Нашите политичари и научниците на Македонија имаат прилика да ја одбранат честа и достоинството на македонскиот народ од неправдите и понижувањата што сме ги преживееле до сега, само ако имаат смелост, воља и знаење. Шансата им е дадена. Предизвикот треба д а се прифати, зошто нечесната совест на непријателот му ја јади душата и моли за прочка.

ОРИГИНАЛЕН ПРИЛОГ КОН ТЕКСТОТ ВО ПРЕВОД НА МАКЕДОНСКИ

http://www.bukovo36.com/431608260

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.