Среда, 16 Мај 2018   
Илинденски поздрави од „Св. Ѓорѓи“ од Мелбурн, Викторија во 1983 година (35)

ilinden35-1

ИЛИНДЕН 1903-2003 И МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ“

Од илинденските свечености и академијата на Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија, „Свети. Ѓорѓи“ одржана на 7 август 1983 година во просториите на Македонскиот центар во Мелбурн, беше испратен Илинденски поздрав до сите Македонци, во кој, покрај другото, се вели:

,Драги сонародници!

По повод 80-годишнината од смртта на Гоце Делчев и 80-години од славното Илинденско востание на македонскиот народ против петвековното турско ропство, ние Македонците од Мелбурн, Австралија, собрани во просториите на македонскиот Културно-просветен центар, најсрдечно ве поздравуваме во името на нашата црковна општина, односно првата Македонска православна црква во странство „Св. Ѓорѓи" свечено отворена и осветена на Илинден 1960 година од стрзна на македонски владика во лицето на благопочинатиот митрополит Злетовско-струмички г. Наум.

Исто така, преку вас го поздравуваме сиот македонски народ во слободниот дел на нашата татковина Социјалистичка Република Македонија, како и нашите браќа и сестри во Егејска и Пиринска Македонија, емиграцијата во западниот свет, односно во Европа, Америка, Канада, Австралија, јужноамериканскиот континент, нашата најстара емиграција во НР Бугарија, како и никогаш незаборавените бегалци и маченици од Егејска Македонија во источните земји - жргви на Грчката граѓанска војна.

Браќа и сестри, нашиот Илинден крвно не држи сите заедно и сплотени. Мориња, океани и континенти физички не делат едни од други, а со нашите луѓе во слободниот дел, Егејците и Пиринциге како и тие браќа под Албанија, поделени со злобните граници наложени со криминалните договори склучени во несреќнитегодини за Македонија од времето на Балканските војни, а потоа и од Првата светска војна, на која победниците ја потврдија поделбата на нашата мила татковина".

ilinden35-2
МПЦ „Св. Богородица и св. Ѓорѓи“ во Мелбурн

Понатаму во поздравот се додава:

„Ние Македонците во Австралија со право можеме да се гордееме со нашиот скромен придонес во сеопштата наша заедничка борба за национална афирмација како и признавањето на нашата самобитност. Во овие заеднички напори на македонската емиграција во Австралија, ние Македонците уште пред 40 години се сплотивме во свои македонски национални организации, изградивме свои македонски цркви, еве сега изградивме и уште ќе градиме импозантни национални центри, отворивме наши македонски училишта и др.

За една стоилјадна емиграција, можеби не сме постигнале достатно, но овде е местото да се каже и тоа: успесите иа емиграцијата во странство многу се должат на победата, што вториот Илинден ја постигна, настан кој, исто така, не помалку е голем и славен како и тој од 1903 година. Кога зборуваме за вториот Илинден, тоа е да се зборува за Република Македонија, за онаа Македонија која АСНОМ на Илинден 1944 година, во просториите на историскиот манастир „Свеги Прохор Пчински" ја прогласи за народна и национална држава.

За да се извојува слобода и да се прогласи Републиката, се положија голем број жртви пред олтарот на слободата и не помалку смели и достојни јунаци влегоа на бојното поле и под знамето на Гоце и во името на Илинден ги водеа партизанските бригади во борбите против окупаторот.

Имињата на Коле Канински, Стив Наумов, Кочо Рацин, Коле Неделковски, Лазар Трповски, Пандо Шиперков, Мирка Гинова, Никола Вапцаров, Антон Попов и Никола Парапунов, се мал број од илјадите жртви на вториот Илинден преку чии славни имиња сакаме да се поклониме пред светата памет на сите борци и покојници од двата Илиндена.

ilinden35-3
Од Илинденскиот фестивал во Мeлбурн

Сонародници, браќа и сестри

Бидејќи горе споменавме за нашите скромни успеси во емиграцијата, редно би било да си поставиме и едно прашање, а тоа е следното: Какви прилики ние како емиграција ќе имавме за сето она што го постигнавме ако не беше нашата Република? Зар ќе имавме Извршен совет и Народно собрание на Скопје? Или ќе ни дозволеа да имаме Институт за национална историја, Академија на науките и уметностите и Институт за македонскијазик?, или ќе можевме во Австралија да имаме 14 македонски православни цркви, или пак ќе одевме да си ги задоволуваме своиге религиозни потреби ло туѓите несакани цркви.

Ете вака речено или со куси зборови кажано во одговорите на овие неколку прашања е дадено да знаеме ние Македонците дека вториот Илинден го постигна она за кое македонскиот народ пред 80-години се дигна на вооружено востание против османлиското ропство.

Фактот што догодина македонската Република ќе ја прослави својата 40-годишнина, треба да ги освести и новите поробители да му ги признаат националните права на македонскиот народ во Егејска и Пиринска Македонија, бидејќи не можеме никој од нас да веруваме дека Грција и Бугарија ќе можат и тие како султанска Турција, да издржат дури 500 години, па тогаш да се решава македонското прашање.

И на крајот драги браќа и сестри во татковината и сите вие во емиграцијата насекаде по светот, од срце ви ги честитаме прославите на 80-годишнината од Илинценското востание, а на нашата Република и посакуваме среќна иднина и среќна 40-годишнина од своето слободно творење, кој јубилеј сигурно ќе биде дочекан и прославен најторжествено од сиот македонски народ како во татковината, така и надвор од неа, до каде што има македонски народ", се вели воИлинденски поздрав до сите Македонци“.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува:
СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.