|
|
Јубилеј: 25 години Македонски телефонски именик |
25 години „Македонска Трпеза“ во СиднејВо организација на Редакцијата на Македонскиот телефонски именик, на 28 септември, во свечената сала “Conca D’Oro”, во Сиднеј, по јубилеен 25-ти пат се одржа традиционалната вечер на македонските бизнисмени и професионалци, наречена „Македонска трпеза“. Покрај многубројните гости, присутни на вечерата беа и многу преставници од општествените и културните организации на македонската заедница во Нов Јужен Велс и Канбера. Присутните ги поздрави Претседателот на АВСТРАЛИСКО МАКЕДОНСКИОТ СОВЕТ за НЈВ, господинот Џошуа Шерман. Вечерта, Редакцијата на Македонскиот телефонски именик ги додели највисоките признанија “ Македонско сонце“, за најдобри достигнувања во 2017 година. Од областа на бизнисот наградата “ Македонско сонце “ за 2017 година, за натпросечни деловни резултати ја доби познатиот македонски бизнисмен господинот Саше Петровски, сопственк на компанијата, „Smartline“ од Сиднеј. Покрај него номинирани за оваа висока награда беа: господинот Крсте Наумовски, сопстевеник на " Kn cleaning and maintenance", господинот Тони Димитровски Џејмс, сопственик на „Sabton & son“ од Сиднеј и господата Тоде и Билјана Пеовски, сопственици на „Superior Paper“. “Македонското сонце“ за најдобри достигнувања во општествените дејности, образованието, културата и спортот, во 2017 година, го доби Македонското Добротворно Здружение на НЈВ, од Порт Кембла, за општествени дејности, а номинирани за ова признание беа и господинот Крис Каранфиловски, кореограф во КУД „Илинден“ од Сиднеј, КУД, „ИЛИНДЕН“ од Западен Сиднеј, како и КУД „Разиграна МАКЕДОНКА“ од Квинбијан. Наградата за животно дело ја доби Господинот Златко Настевски од Сиднеј.
По повод дваесет и пет годишниот јубилеј, Македонскиот телефонски именик им подари кристални часовници со посвета на оние бизнисмени, кои што 25 години се рекламираат во Именикот. Забавата помина во пријатна и весела македонска атмосфера. Присутните ги забавуваа музичката група “Без име“, а во забавниот дел настапи и танчерката со битолско потекло, Магда. Македонскиот телефонски именик е книга за секој дом. Тоа е најиздавана македонска публикација во дијаспората. Македонскиот телефонски именик е гордост на македонската заедница во Австралија. Редакцијата на Македонскиот телефонски именик на сите Македонци им се заблагодарува на довербата со желби за понатамошна успешна соработка. Жаклина Михајлова |