Среда, 28 Ноември 2018   
Митрополитот Кирил – првиот архиереј во македонското иселеништвото (2)

kiril2

МИТРОПОЛИТОТ  КИРИЛ - ЕДЕН ОД ПОТПИСНИЦИТЕ НА ИСТОРИСКАТА ОДЛУКА ЗА ВОЗОБНОВУВАЊЕ НА АВТОКЕФАЛНОСТА НА МПЦ-ОА ВО 1967 ГОДИНА

Митрополитот Кирил беше еден од столбовите на опстојувањето на МПЦ-ОА во период од четири и пол децении. Владиката г. Кирил беше еден од највлијателните владици на МПЦ-ОА и сѐ што правеше беше во интерес на македонскиот народ насекаде по светот и Република Македонија

Ние, православните христијани, во своето сеќавање посебно ги пазиме и славиме личностите кои на одреден начин ја спровеле во дело Божјата промисла. Таквите луѓе ги нарекуваме свои учители и нивниот пример се обидуваме постојано да го оствариме и примениме во своите животи. Некои од нив се удостоиле Божјата милост и Неговата света промисла да ги определи да бидат првенци и херои во својата непосредна средина, токму меѓу својот сопствен народ. Таквите луѓе се објект на воодушевување и анализа за целото народно потомство и за сите идни генерации. Еден од нив беше митрополитот г. Кирил.

Често се вели дека не постои народ, кој во своите редови нема свои гении, херои, луѓе познати и признати, личности со големи патриотски чувства и светители за кои гордо се прераскажува и се создаваат бројни корисни слова, посланија и преданија. Токму со вакви чувства и емоции е обоена биографијата и делото на големиот македонски великан, на македонскиот самопрегорен делатник, на еден од столбовите на македонскиот опстој, на човекот чиј живот е отворена историска книга, а тоа беше митрополитот господинот Кирил. 

Тој беше еден од потписниците на историската одлука за возобновување на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија во 1967 година, како и еден од столбовите на опстојувањето на МПЦ-ОА во период од четири и пол децении. Владиката г. Кирил беше еден од највлијателните владици на МПЦ-ОА и сѐ што правеше беше во интерес на македонскиот народ насекаде по светот и Република Македонија.

Како митрополит и надлежен архиереј на Американско-канадско-австралиско-македонската епархија на МПЦ, тој го учеше својот народ да не ги заборава своите македонски корени, својата самобитност, да го негува својот мајчини македонски јазик, обичаите, фолклорот... Меѓу македонската дијаспора, владиката г. Кирил ќе остане запаметен како македонски црковен и национален симбол. Тој беше црковен деец, одлучен борец на православната вера и човек кој целосно беше посветен на македонската кауза.

Архиерејот на Македонската правславна црква, Охридска архиепископија, митрополитот г. Кирил, има особени заслуги за формирањето на прекуокеанските епархии и за организирањето на црковниот живот во Австралија, САД и Канада. Останува запаметен како македонски црковен и национален симбол во иселеништвото.

kiril2-2
Црквата „Света Богородица – Пречиста“, Кичевско
 

Владиката г. Кирил беше олицетворение на автокефалноста на МПЦ-ОА и човек кој умееше да обединува и да се грижи за македонските национални интереси, но и да им се спротивставува на оние што ги напуштаа таквите начела. Имаше извонредни комуникациски способности, дух што поттикнуваше и енергија која обединуваше. На достоинствен и сугестивен начин ги соопштуваше своите ставови и ги држеше своите проповеди на верниците како митрополит на Американско-канадско-австралиско-македонската епархија на МПЦи наПолошко-кумановската епархија.

Според зборовите на митрополитот г. Кирил, Петровден 1967 година, кога тој стана член на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква беше незаборавен. Имено, на таа седницашто што се одржа на 17 јули 1967 година, беше донесена историската одлука за канонско возобновување на афтокефалноста на Охридската архиепископија во лицето на автокефалната Македонска православна црква, а Кирил беше избран за прв надлежен македонски архиереј за Американско-канадско-австралиската епархија на МПЦ.

Тоа му овозможи да се запознае со македонското иселеништво. Особено беше значајна  пролетта 1965 година, кога како член на делегацијата на МПЦ, предводена од поглаварот на МПЦ, првиот архиепископот г.г. Доситеј, во својство на архиѓакон, за прв пат патува во Канада и во САД, каде асистира при евангелисувањето на првата македонска православна црква во Торонто, на празникот Цветници, посветена на свети Климент Охридски.

Во 1968 година ја реализира првата визитација на северноамерикан­скиот континент како надлежен архиереј на Американско-канадско-австралиската македонска православна епархија. За време на едномесечниот престој во САД и Канада, го освети третиот македонски православен храм на американските простори, црквата “Свети Ѓорѓи” во градот Сираќуз, во државата Њујорк, а посети и други градови во кои го отвори и поттикна процесот за формирање нови македонски православни црковни општини и за изградба на нови цркви под јурисдикција на Светоклиментовата МПЦ.

Првата канонска визитација на Австралија ја изврши во почетокот на 1969 година, заедно со митрополитот дебарско-кичевски г. Методиј. Таму посетуваат голем број македонски цркви и црковни општини. Инаку, со Австралиската епархија, која во 1974 година е одвоена од Американско-канадската епархија, митрополитот Кирил активно раководи до 1982 година. Притоа, со одбран тим на свои најблиски соработници ги изработува првата епархиска конституција со експозе и новите правилници, со кои македонските црковни општини ќе се усогласат со светите канони и новиот Устав на МПЦ-ОА. Според нивното слово ќе бидат формирани и раководени новоизградените македонски православни цркви.

По враќањето од Австралија, врши обемни подготовки за посета на Канада и САД. Во канадската метропола Торонто, каде македонската етничка заедница е најбројна, заедно со ѓаконот Александар Цандовски ќе им биде нивното седиште и тука се преземени темелни потфати за формирање на првите органи и тела на Американско-канадско-австралиската македонска епархијата.

Така, во 1969 година заминува за Канада, со седиште во Торонто, со цел да ја организира прекуокеанската Американско-канадската епархија. Потоа на 10 август 1969 година, во катедралниот храм “Свети Климент Охридски Чудотворец” – во Торонто, со величествени свечености е извршено неговото востоличување во епископскиот Светиклиментов трон на Американско-канадско-австралиско- македонската православна епархија од страна на неговото високопреосвештенство митрополитот дебарско-кичевски г. Методиј.

Во текот на две и половина децении, митрополитот  Кирил ќе одигра голема духовна и национална улога, особено во Американско-канадско-македонската епархија, оттргнувајќи десетици илјади Македонци од српските, грчките, бугарските и други цркви, со цел да доаѓаат во македонските православни храмови. На тој начин е спречена натамошната асимилација и денационализација на македонскиот православен народ на тие американски и австралиски простори.

Во периодот на раководењето со Американско-канадската и со Австралиската епархија, од 1971 до 1978 година, администрира и со Полошко-кумановската епархија. Оваа епархија се наоѓа долж границата со северниот сосед Србија, а митрополитот Кирил беше поставен за директен браник, со задача да се бори против лагата и лицемерието, а да ја промовира и брани вистината и добрината, да проповеда смело како и што само нему му прилегаше.

kiril2-3
Дел од востоличувањето на митрополитот Кирил во 1957 година

Кога во 1971 година, во МПЦ беше востановена и Полошко-кумановската епархија, митрополитот Кирил беше избран за нејзин администратор со сите права и должности кои произлегуваат од Уставот на МПЦ-ОА, за потоа, во 1987 година да биде назначен за Полошко-кумановски митрополит. Неговото архипастирствување со оваа Епархија беше крунисано со најголем успех преку возвеличувањето на Шар Планина, со изградбата на манастирот посветен на “Свети Наум Охридски Чудотворец”, на надморска височина од околу 1.000 метра.

Од 1996 година митрополитот Кирил беше претседател на Хуманитарната организација “Милосрдие” при МПЦ-ОА, која за негово време имаше обезбедено храна, лекови, медицински помагала, разни апарати и друга помош во вредност од десетина милиони евра. Помошта се распределува на најбедните, гладните, изнемоштените, на селски и други помали амбуланти, деловни центри и асоцијации во Република Македонија на кои им е најпотребна. “Милосрдие” најголемиот хуманитарен дострел го потврди во војната во Република Македонија 2001-2002 година, кога помошта за загрозеното население значеше елементарен опстанок.

Извонредните резултати ќе го поттикнат третиот поглавар на автокефалната Македонска православна црква, архиепископот охридски и македонски г.г. Гаврил, во една пригода на авторот на овој текст да му изјави дека “... она што го работи владиката Кирил е света работа”. Тоа ќе го потврди и четвртиот поглавар на МПЦ, архиепископот охридски и македонски г.г. Михаил.

Митрополитот господин Кирил целиот свој живот го посвети на духовно-црковното, националното, културното, односно на сестраното единство на македонскиот народ во Татковината, и во дијаспората. Американските, канадските и австралиските власти, следејќи ги и согледувајќи ги големите успеси на македонските иселеници од сите делови на Македонија, предводени од нивниот митрополит г. Кирил, кој заедно со своето свештенство, секогаш ги ориентираше како Македонци да бидат лојални граѓани на тие држави, како нивни втори татковини

kiril2-4
Вечниот дом на митрополитот Кирил во црквата „Свети Ѓорѓи“ во Дељадровце

Тоа беше потврдено и со прогласувањето на митрополитот г. Кирил за почесен граѓанин во повеќе од 15 града во САД и во Канада и во неколку града во Австралија. Исто така, во Република Македонија тој беше добитник  на повеќе признанија, плакети, како и на Орден заслуги за народ. 

Митрополитот г. Кирил како надлежен на Полошко-кумановската епархија почина на 79- годишна возраст на 11 јуни 2013 година. Тој си отиде без најава, без да речеш збогум. Притоа, поглаварот на МПЦ, архиепископот г.г. Стефан, пред државниот врв, свештенството и верниците се збогуваше од упокениот митрополит Кирил, при што рече:

 „Кога се зборува за владиката Кирил, тоа знчи истрајна борба за единството на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, кога се зборува за владиката г. Кирил, тоа значи влог во националниот и црковен идентет”, истакна архиепископот Стефан на опелото кое се одржа во Соборниот храм „Свети Климент Охридски” во Скопје.

Владиката Кирил, со одлука на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА, а и по негова желба пренесена кај авторот на овие редови како негов биограф, беше погребан во манастирот „Свети Ѓорѓи” во кумановско село Дељадровце. Таму е неговото вечно почивалиште. По неговата смрт со Полошко-кумановската епархија управува архиепископот г.г. Стефан, со помош на викарниот епископ Јосиф Лешочки.

Продолжува

slave-katin-44
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.