|
|
Митрополитот Кирил – првиот архиереј во македонското иселеништво (7) |
МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА – ОА - БРАНИТЕЛ И АФИРМАТОР НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ДИЈАСПОРАТА Македонците од сите делови на поделена Македонија во иселеништвото, градејќи го грандиозното црковно-духовно и културно-просветно сенародно македонско дело, се изградуваат, се интегрираат и стануваат чесни, трудољубиви, лојални граѓани на нивните нови татковини. Но, притоа не заборавајќи да си останат горди и верни синови и ќерки на Македонија и на својата мајка - Светиклиментовата македонска православна црква. Со севкупните богати активности тие се трудат да станат, а и се, вистински мост на искрено пријателство и соработка меѓу земјите во кои живеат и родната татковина Македонија Со објавувањето на поголем број продолженија од монографијата „Митрополитот Кирил“ што е отпечатена во 2007 година, на македонски и на англиски јазик, на 350 страници, а во издание на Полошко-кумановската епархија и Книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје, од авторот на овие редови, Славе Катин, целта е читателите на Веб порталот „Македонска нација“ да ги запознаеме со дел од вистината за првиот надлежен архиереј на Македонската православна црква - ОА во иселеништвото, за Австралија, САД и Канада, митрополитот г. Кирил. Да ги запознаеме читателите - како митрополитот г. Кирил отвори една нова страница во историјата, духовното и националното живеење на Македонците во Република Македонија и во прекуокеанските земји. Така, во монографијата се вели дека периодот од обновата на автокефалноста на нашата Света црква сред македонското иселеништво почна да се доживува како време на целосно зреење и сознавање на црковната и националната патриотска свест. Започна да јакне целосната верба и доверба за слободно живеење и творење бидејќи се скина превезот за целосно ослободување од доминацијата на Српската православна црква (СПЦ) врз црковно-духовното слободно живеење на Македонците во татковината и насекаде по светот. Уште во почетокот животот и работата на секоја црковна општина почна да се определува со правилници кои се темелат врз Уставот на автокефалната МПЦ-ОА, а сообразени со позитивните закони на соодветната земја, а црковните општини преку епархиските органи и тела, врз паритетна основа, се застапени во Архиепископскиот црковно-народен собор. Затоа, црковните општини во дијаспората станаа жив и нераскинлив дел од севкупниот организам на Македонската православна црква. Зпоред зборовите на митрополитот г. Кирил со тоа се потврди целовитоста и единството на автокефалната МПЦ-ОА во татковината и во дијаспората. Целосната победа над туѓите аспирации и однародувачки пропаганди на северноамериканскиот континент беше извојувана на 12 септември 1981 година со извршената официјална регистрација на Американско-канадската православна епархија во градот Албани, во државата Њујорк, како и со помош на богатите активности на Црквата, општините и на културно-просветните центри, координирани преку Епархијата на МПЦ-ОА.
Македонците од сите делови на поделена Македонија во иселеништвото, градејќи го грандиозното црковно-духовно и културно-просветно сенародно македонско дело, се изградуваат, се интегрираат и стануваат чесни, трудољубиви, лојални граѓани на нивните нови татковини. Но, притоа не заборавајќи да си останат горди и верни синови и ќерки на Македонија и на својата мајка - Светиклиментовата македонска православна црква. Со севкупните богати активности тие се трудат да станат, а и се, вистински мост на искрено пријателство и соработка меѓу земјите во кои живеат и родната татковина Македонија. Треба да се нагласи дека вистинската црковно-духовна, национална и кутлурно-просветна преобразба на Македонецот во САД, Канада и во Австралија, како и во Европската Унија и во други земји во светот се манифестира со оживотворувањето на МПЦ. Она што се случи во иселеништвото од шеесеттите години на XX век, кога на 7 август 1960 година е осветена првата црква надвор од границите на Македонија, а во чест на Илинден, црквата „Св. Ѓорѓи” во Мелбурн (Австралија); и на 14 јули 1963 година, во чест на празникот Петровден, е евангелисана и првата македонска црква „Св. Петар и Павле” во Гери, Индијана, како и она што продолжува да се случува и денес - е своевиден предизвик за уште поголеми истражувања во Македонија и во дијаспората. Според зборовите на митрополитот г. Кирил, навистина ние Македонците имаме потенцијални научни сили кои ќе умеат уште подлабоко и посеопфатно да навлезат во порите на историските вистини, нивните искушенија, крсни распнувања и беспоштедни саможртвени подвизи, со единствени цели преку светоста и дејноста на Цркватаи верата своја да ја зачуваат и македонската национална свест и вечност. Црквата „Света Софија“ во Охрид Притоа, македонските црковни општини и културно-просветни центри стануваат најголемите вистински средишта за македонските чеда од сите краишта на Македонија. Во нивното четири и пол децениско живеење и творење постигнати се импресивни резултати во црковно-духовниот, културно-просветниот, спортскиот и социјалниот живот. Во САД и Канада се изградени 37 велелепни македонски цркви со импозантни културно-просветни центри за севкупни активности што нашите луѓе, во сите сегменти од нивното живеење, ги прават да бидат радосни, среќни и достоинствени; да бидат познати, препознати и почитувани во нивните нови татковини. Толку цркви и манастири се изградени и на австралискиот континент. Во сите овие цркви пастирско-мисионерската дејност ја извршуваат македонски народни пастири. Во македонските цркви, светите богослужби и чинодејствија се вршат на македонски, а извесни делови и на англиски јазик. Со успех работат македонски неделни училишта. Во нив се учи македонски јазик, национална историја, географија и веронаука. Создадени се извонредни услови за негување на македонскиот фолклор и разни други културно-уметнички забавни, литературни, социјални, хуманитарни, спортски и други активности. Се издаваат периодични весници, списанија и билтени, а отворени се радио и телевизиски часови на македонски јазик. Владиците Доситеј, Наум и Кирил во Канада Притоа, се закупуваат огромни места за македонските гробишта. Македонските црковни општини во дијаспората заземаат значајно место во денешното современо живеење и опстојување на Македонците. Тие претставуваат македонски жаришта за зачувување на чистотата и убавината на нашата прадедовска вера, традициите, обичаите, националната свест и културата. Тие и денес претставуваат гранитна непобедлива тврдина и пред сегашните непријателски напади и жестокости. Тие претставуваат вдахновувачка и обединувачка сила за својот предолго страдален народ за да не биде скршен духот и непокорот на македонскиот род и пород, за негово црковно-духовно инационално слободно живеење и творење на епохални дела, по примерот на своите боговдахновени претшественици, за доброто на целото прогресивно, мирољубиво и правдољубиво човештво. Владика Кирил посебно нагласи дека во текот на септември 2002 година, со поглаварот на нашата Света црква, неговото блаженство архиепископот г.г. Стефан, престојуваа во САД и Канада. Споделиле бројни радости на светите богослужби и на други свечености со присуство на десетици илјадници македонски верници, почнувајќи од Лос Анџелес до Торонто, Канада и во многу други градови. Најзначаен настан беше што новиот храм на „Раѓање на Света Богородица, беше осветен од архиепископот г.г. Стефан и митрополитот г. Кирил на 21 септември 2002 година. Македонската православна црква „Раѓање на Пресвета Богородица” во Детроит претставува најграндиозен остварен македонски храм и центар во чие архитектонско и црковно уметничко создавање се инвестирани десетина милиони американски долари. Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН |