|
|
Стив Пљакас и неговата посветеност на Античка Македонија (11) |
ПОСЕТИ НА СТИВ И ЛИЛИ НА СКОПЈЕ, ОХРИД, ЉУБОЈНО И ПУСТЕЦ Стив И Лили имаа средба и разговори со поглаварот на МПЦ господин господин Стефан, со кој разменија мислење за условите, приликите и неприликите на црковното живеење на северноамериканскиот континент. Во Охрид, меѓу другото, ги посетија црквите „Света Софија“, „Свети Климент“ и „Свети Пантелејмон“ на Плаошник, како и Самоиловата тврдина каде гостите беа запознаени со историскиот развој на Охрид, како втор Ерусалим за православието. По посетата на Љубојно со гостите заминавме за Отешево, а потоа за Мала Преспа, последната дестинација Едно од патувањата на Стив Пљакас за Македонија беше заедничкото доаѓање со неговата сопруга Лили. Нивното долго патување беше од Торонто до Виена, а потоа до Атина и оттаму до Солун и до нивните родни места, Зелениче и Желево, а потоа и во Лерин, во егејскиот дел на Македонија. Авторот на овие редови Славе Катин ги пречека на граничниот премин Меџитлија кај Битола. Во договорено време тие се појавија со таксито кај царинскиот дел каде беа пречекани. Средбата беше срдечна и пријатна како меѓу драги долгогодишни семејни пријателии. Веднаш заминавме за Скопје каде останавме неколку дена. Притоа, Стив и Лили имаа бројни средби со пријатели од Македонија, од кои поголемиот број биле во Канада и биле гости на семејството Пљакас. Во текот на престојот во Скопје, за Стив Пљакас, секако, остана во пријатно сеќавање средбата со премиерот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, која се одржа во вечерните часови во зградата на Владата. Во разговорите стана збор за голем број прашања и проблеми за признавањето на Република Македонија со уставното име, за избор на пратеници од Македонците во дијаспората, како и за други прашања од интерес за иднината на Македонија и македонскиот народ. Митрополит Кирил, Стив, архиепископ Стефан, Лили и Катин Другиот ден Стив имаше средба и разговори со поглаварот на МПЦ господин господин Стефан, со кој разменија мислење за условите, приликите и неприликите на црковното живеење на северноамериканскиот континент. Потоа Стив имаше средби со поранешните амбасадорите Денко Малевски, Сашко Насев и Љубен Тевдовски, со Тодор Петров, претседател на Светскиот семакедонски конгрес, во Џо Петрески во Матицата на иселениците од Македонија, а се сретна и со други личности. Заедно со Лили го посетија Домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје, каде подарија 2.500 канадски долари. Исто така, Стив и Лили приредија заедничка вечера со сите олимпијци и екипата што ги следеше македонските натпреварувачи на Олимписките игри во Пекинг, каде тие беа едни од главните спонзори. Во Пекинг, Стив беше среќникот кој го носеше македонското државно знаме пред натпреварувачите и беше најсреќниот Македонец во Кина. По престојот во Скопје заедно со Стив, Лили и мојата сопруга Нада, заминавме за Охрид. Таму, меѓу другото, ги посетивме црквите „Света Софија“, „Свети Климент“ и „Свети Пантелејмон“ на Плаошник, како и Самоиловата тврдина каде гостите беа запознаени со историскиот развој на Охрид, како втор Ерусалим за православието. Исто така го посетивме манастирот „Свети Наум Охридски“ каде и имавме пријатни мигови на островот кај изворите. Другиот ден заминавме за Љубојно, Преспа, каде останавме неколку дена. Таму ги посетивме вечните почивалишта на моите родители, Сандра и Јисиф кои беа пријатели со Стив и Лили во Торонто, како и гробовите на мојот дедо Алексо кој беше на печалба цели четириесет години во Детроит, како и на мојата баба Ката, по која го носам прекарот, односно презимето Катин. Потоа ги посетивме селата Брајчино, Наколец и Долно Дупени, за да го видат гостите „крајот на светот“ на границата кај Маркова Нога. Манастирот „Св. Петар и Павле“ во Љубојно Другиот ден во утринските часови го напуштивме Љубојно и тргнавме за Отешево, а потоа заминавме за Мала Преспа. Ја преминавме македонско - албанската граница на преминот кај Стење. Од границата се упативме кон нашата дестинација - Пустец, кој се наоѓа во Мала Преспа или Долна Преспа, како Преспанци ја нарекуваат оваа македонска област покрај југозападниот брег на Преспанското Езеро. Целата област се состои од десетина села коишто се организирани во Општината Пустец. А, Пустец е најголемата населба во Мала Преспа, а истовремено е и седиште на општината, чиј градоначалник и сите членови на Советот на општината се етнички Македонци. Инаку, делот од Македонија познат како Мала Преспа, или Долна Преспа бил даден на Албанија по потпишувањето на Версајскиот „мировен“ договор во 1913 година. Со тој неправеден договор завршила поделбата на етничка Македонија меѓу новоформираните држави: Србија, Грција, Бугарија и Албанија потоа за да започне ерата на денационализација, присилна асимилација и иселување на македонскиот народ од своите вековни огништа. До Втората светска војна судбината на македонскиот народ во основа била иста во сите делови на поделена и поробена Македонија. Врз македонското население се вршеле, а и денес во Бугарија и Елада (Грција) му се оспоруваат основните човечки права, и се врши асимилација, поделба и раселувања, но и духовно и физичко асимилирање. Од тие причини во некои краишта на етничка Македонија настанале крупни миграциски и етнички измени што имале катастрофални последици за македонското население. Панорама на Пустец По Втората светска војна и ослободувањето на дел од етничка Македонија, се водела посебна грижа за Македонците кои живееле во соседните земји и тие да се воспитуваат и образуваат на својот мајчин македонски јазик. Тоа било изразено особено во периодот од 1945 до 1948 година кога Албанија побарала од тогашната југословенската влада да испрати учители за настава по македонски јазик во подрачјата во кои живеело македонско население. Наставниот кадар, пред сè, бил потребен во селата Туминец, Пустец, Долна и Горна Горица, Глобочани, Шулин и Зрновско, кои се наоѓаат во Мала Преспа, а припаѓаат во корчанскиот регион, како и во селата Врбник и Церје во околијата Билиште, потоа во Лин, во поградечкиот регион и во други населени места. Пристигнавме на пладне во Пустец. Веднаш се упативме кон општинската зграда каде бевме пречекани од градоначалникот Едмон Темелко и неговите соработници, кои љубезно не пречекаа. Притоа, Лили и Стив подарија 2.500 канадски долари, како помош на Македончињата во Мала Преспа. Исто така, ја посетивме и новата црква „Свети Архангел Михаил“ при што гостите од Канада подарија 1.000 долари за овој македонски духовен храм. Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН |