Среда, 09 Јануари 2019   
Стив Пљакас и неговата посветеност на Античка Македонија (12)

SPP 

БИЗНИСМЕНОТ СТИВ ПЉАКАС И НЕГОВАТА СОПРУГА ДОНАТОРКАТА ЛИЛИ ВО МАЛА ПРЕСПА

Во изминатите продолженија во порталот „Македонска нација“ се обидовме да  ја претставиме посветеноста на Македонија на еден од најистакнатите Македонци на северноамериканскиот континент донаторот Стив Пљакас, кој е роден во егејска Македонија, а живее во Канада. Преку неговото монографско дело на англиски и македонски јазик, насловено како „Стив Пљакас“ од авторот на овие редови, Славе Катин, а во издание на Издавачката куќа „Македонска искра“ од Скопје, во 2017 година, читателите ги запознавме со бројни аргументи и факти за делото на Стив Пљакас како бранител на вистината за Македонија

При нашата посета во Пустец се сретнавме и разговаравме со поголем број Македонци, кои беа добронамерни, пријателски расположени и со љубов разговараа со гостите од Канада. Притоа бевме информирани дека според поголем број податоци, реалниот број на етнички Македонци и Македонците со исламска вероисповед во цела Албанија е оценет како поголем од 200.000 души. Нивната најголема концентрација е во пограничните региони на Гора, Голо Брдо и Мала Преспа. Исто така, постојат голем број Македонци кои живеат во Тирана (околу 20.000), Поградец, Корча, Каваје, Елбасан и други места.

Инаку, Албанија и Србија се соседни земји на Република Македонија кои го признаваат статусот на македонското етничко малцинство. Во Албанија уште од 1945 година во Мала Преспа има настава на мајчин македонски јазик во основното образование до петто одделение, за кое образование се издадени учебници од страна на државата.  

Исто така, во рамките на училиштето во Пустец постои и библиотека со огромен фонд книги на македонски јазик, каде и авторот на овие редови подарил неколку стотини.. Всушност, тоа е прв случај на официјална употреба на македонскиот мајчин јазик во Република Албанија.

SP1

Црква „Свети Архангел Михаил“ во Пустец

При нашата посета бевме информирани дека постојат неколку организирани и активни здруженија и партија на Македонците во Албанија, но можностите за политичка активност се мали, бидејќи државата не дава финансиска поддршка на нивните организации. Меѓутоа, Македонците во Албанија прават големи усилби за самоорганизирање.

Така, меѓу другото, уште од 1993 година започна да излегува првото периодично списание на македонски јазик, „Мир“, а потоа и „Преспа“, и се појавија поголем број електронски портали а, исто така, во Корча беше пуштена во употреба и радио и телевизиска програма на македонски јазик.

За жал, позицијата на етничките Македонци во Албанија е далеку од онаа на етничките Албанци во Република Македонија. Додека во републиката етничките Албанци се и министри и пратеници во Собранието и нивната голема партија е коалициски владин партнер, Македонците во Албанија сè уште немаат можности за вистинско политичко учество. Во моментов, не постојат етнички македонски пратеници, а мал број од Македонците се застапени во институциите на државната власт и локалната самоуправа, во споредба со прекубројната застапеност на Албанците во администрацијата во Република Македонија.

При нашата посета се уверивме дека Мала Преспа, за жал, е еден од најсиромашните предели во Република Албанија. Таму албанските власти, а и Република Македонија „ги заборавиле“ своите обврски и го оставиле тој народ сам да се снаоѓа. Населението се занимава со риболов, земјоделство и сточарство, но во многу мал обем и во скромни услови.

По соборувањето на некогашниот сталинистички режим и отворањето на границите, повеќето жители се преориентирале кон трговија и печалба во Република Македонија и Грција а некои работат во поголемите албански градови, во Европската унија и во прекуокеанските земји, особено ги има во Торонто, каде имаат свое здружение.

SP2

                                Претседателот Иванов со фолклористи од Пустец      

Пустец е стожерот на Мала Преспа. Ова убаво македонско село е распространето вдолж ридот над самото Преспанско Езеро. Куќите се од камен, македонски, скромни, како и во многу преспански и други села. Сите зборуваат убав преспански македонски говор, на училиште четири години учат на мајчин македонски јазик, имаат амбуланта, земјоделска задруга, киносала, културен дом, неколку колонијални продавници, рибарска задруга, ја имаат прекрасната Македонска православна црква „Свети Архангел Михаил“ во центарот на ова градско село, како и голем број други институции.

Но, најважно е што имаат чист македонски дух и верба во иднината на македонската нација, на македонскиот јазик, на сè што е македонско. Пустец е единствена македонска општина и една од поголемите населби во Корчанскиот регион и најголемо македонско село во Албанија. А, таму во Долна Преспа се пее, се смее, се игра, се тагува и боледува на македонски мајчин јазик.

Општина Пустец во регистарот е запишана на македонски како Пустец и на албански Ликенас. Името на Пустец му било сменето во седумдесеттите години. Таквото преименување на Пустец го направил Хоџа Леши, тогашниот секретар на Комунистичката партија на Албанија. Меѓутоа, денес сите патокази и други јавни натписи се на македонски и на албански јазик во цела Мала Преспа.

Интересно е да се спомене дека грбот на општината го содржи древниот македонски симбол, сонцето од Кутлеш (Палатица - Виргина) со шеснаесет зраци над кое стои двојазичен натпис на македонски јазик Општина Пустец, а под него и на албански јазик.

Нашата посета на Мала Преспа ја завршивме со заедничкиот ручек во ресторанот во Зрновско, каде ни беше подготвен преспански крап и други преспански специјалитети. Таму се разговараше за многу прашања, проблеми и идни планови за подобро утре за Македонците во Мала Преспа и во цела Македонија. Притоа домаќинот Едмонд Темелко им укажа голема чест на Стив и Лили, кај кои во Канада тој бил срдечно примен на гости.

SP3

Општината Пустец

Инаку,за време ручекот гостите од Канада Лили и Стив Пљакас подарија за учениците, училиштето и младината на Пустец пет илјади долари. Авторот на овие редови, Славе Катин и неговата сопруга Нада, пак подарија сто учебници по македонски јазик за учениците од основното училиште.

За одбележување е тоа што Македонците во Албанија на многу тежок начин успеале да ја регистрираат нивната политичка партија „Македонска алијанса за европска интеграција“. Тоа е голем настан за Македонците, бидејќи тие покажаа зрелост и гласаа за себе, нивната партија, и за нивниот претседател, почитуваниот градоначалник Едмонд Темелко и секретарот Васил Стерјовски. Со тоа тие му покажаа на албанското општество дека и тие се дел од него и дека ќе земат активно учество со справување на нерешените прашања во земјата.

Партијата прави силни обиди да развие проекти со странски фирми, амбасади, како и со Република Македонија, со цел да им се помогне на луѓето од Мала Преспа, тие да имаат пристоен и нормален животен стандард. Сите држави во светот знаат дека  Македонците во Мала Преспа се лојални граѓани на Албанија; тие плаќаат даноци и го почитуваат законот, а за возврат, бараат подобри услови за живот.

Партијата „Македонска алијанса за европска интеграција“ на локалните избори во Албанија кои се одржаа на 21 јуни 2015 година, освои едно градоначалничко место и девет советнички места. На 21 јуни македонската партија освои 3.641 глас. Во Општина Пустец по третпат градоначалник стана Едмонд Темелко. Со освоени  7 советнички места партијата ќе има свој советник и во Поградец и во Малиќ.

 реба да се нагласи дека Едмонд Темелко, заедно со секретарот Васил Стерјовски и другите членови, поддржани од бизнисменот Ѓорѓија-Џорџ Атанасовски од Соединетите Американски Држави, се едни од основачите на партијата „Македонска алијанса за европска интеграција“ и неуморни борци за правата на Македонците во Албанија и светот. Тие се во најтесна соработка и со Светскиот македонски конгрес, ОМО „Илинден“-Пирин “Виножито“ и други македонски национални организации и партии од  дијаспората и Република Македонија.

Продолжува

New Picture 4

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.