Среда, 08 Мај 2019   
МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ – ПРВИОТ АРХИЕРЕЈ ВО МАКЕДОНСКОТО ИСЕЛЕНИШТВО (25)

pop1

ОФИЦИЈАЛИЗИРАЊЕ - РЕГИСТРИРАЊЕ НА АМЕРИКАНСКО-КАНАДСКО-МАКЕДОНСКА ЕПАРХИЈА 

Регистрирањето на Епархијата значи уште едно признавање и озаконување на ова високо управно тело на МПЦ-ОА во САД и во Канада, што од друга страна, има силен одраз во натамошната афирмација на македонското име и духовните вредности на македонските доселеници во новите средини. Со законското регистрирање, Епархијата доби рамноправен третман со другите епархии што дејствуваат на тие северноамерикански простори 

При подготвувањето на моногравското дело за митрополитот г. Кирил, за црковното живеење на Македонците во Канада и САД ги презентиравме неговите визитации, осветувањa на македонски православни цркви и други активности поврзани со неговите посети како надлежен ахиереј на Американско-канадско-македонската епархија. Овој пат ќе ги претставиме податоците во монографијата „Митрополитот Кирил“  кои се однесуваат за официјализирањето, односно регистрирање на Епархија пред амриканските власти.

Притоа, со право може да се каже дека македонските православни цркви во САД и Канада се духовни, национални, културно-просветни, фолклорни, литературни и спортски центри. Таму се слуша словото Божјо, а со тоа се продолжува векот на македонскиот збор. Таму работат црковни хорови, етнички фолклорни групи и секции кои  со презентацијата и афирмацијата на богатиот македонски  фолклор се вистински амбасадори на културата. Во исто време, црквите се место за собирање и другарување на младите македонски генерации.

Денес македонските доселеници во Канада и САД со гордост ја истакнуваат својата национална и културна македонска припадност. Уште повеќе благодарение на мултикултурната политика, тие со голем ентузијазам и полет ги негуваат своите народни традиции; го презентираат својот богат фолклор, потоа на прослави, фестивали и на други места, ги пеат своите народни песни и ги играат убавите македонски ора. Всушност, Македонците на северно-американскиот континент го афирмираат македонското име, културно-историското минато и сегашноста на родниот дедовски крај-етничка Македонија.

Тоа е особено изразено преку животот и активностите на четириесетина македонски православни цркви и манастири во САД и Канада. Тие се дел и под јурисдикција на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Затоа, МПЦ-ОА се грижела и се грижи за единство меѓу македонските христијани во светот.

pop2

„Св. Димитрија“ во Рочестер

Всушност, регистрирањето на Епархијата значи уште едно признавање и озаконување на ова високо управно тело на МПЦ-ОА во САД и во Канада, што од друга страна, има силен одраз во натамошната афирмација на македонското име и духовните вредности на македонските доселеници во новите средини. Со законското регистрирање, Епархијата доби рамноправен третман со другите епархии што дејствуваат на тие северноамерикански простори.

Останува во аналите како светол датум 12 септември 1981 година за Македонците во САД и Канада. На тој ден во МПЦ „Свети Димитрија” во Рочестер, во државата Њујорк, митрополитот г. Кирил ги потпиша документите и го означи законското регистрирање на Епархијата во присуство на видни личности од македонските заедници, свештени лица и пред американски адвокат.

Имено, по одржувањето на молитвата во храмот „Свети Димитрија”, во хотелот „Американа”, во кој се наоѓаше канцеларијата на адвокатот, со потписите на архијерејот и архијерејскиот заменик, првпат надвор од границите на Македонија се озакони и се призна епархија на Македонската православна црква. Во тој период, Епархијата ја сочинуваа околу 15 црковни општини со десетина парохиски свештеници. Со тоа Епархијата стана и нераскинлив дел на мајката Светиклиментова црква во Македонија.

Веста за регистрирањето на Епархијата брзо се разгласи преку средствата за јавно информирање на македонските, во американските и канадските медиуми. Меѓутоа, посебно внимание на овој настан посвети њујоршкиот дневен весник „Тајмс Јунион”, на чии страници беше објавено законското регистрирање на Епархијата, постоењето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и на македонската нација во целина.

Една од најважните активности на Американско-канадската епархија е Црковно-народниот собир, кој се одржува секоја година од 1975 година. Првиот собир се одржа во Торонто во 1976 година. Во оваа Епархија до денес се отворени вратите над 30 цркви и два манастира, во кои служат 30 македонски свештенослужители и еден надлежен архијереј.

pop3

Панорама на Рочестер

Идејата за одржување на црковно-народните собири на македонските доселеници коишто живеат во САД и во Канада, произлезе од македонската етничка заедница во Гери, Индијана, поточно од црквата „Свети Петар и Павле”. Идејата беше прифатена од членството на црквата, а потоа и од другите македонски православни цркви.

Така, на 19 и 20 мај  1975 годинаво црквата „Успение на пресвета Богородица”, во Колумбос, Охајо се одржа средба на која беше договорено секоја година да се одржува црковно-народен собир во разни места, односно градови во Северна Америка, каде што има македонски православни цркви.

Основната цел на овој собир треба да биде зацврстувањето на единството на македонските иселеници, како и јакнење и унапредување на дејноста на Епархијата. Се одлучи Собирот да се одржува секоја прва сабота и недела во септември во деновите на празникот „Ден на работникот” и да трае два дена.

Првиот црковно-народен собир на Американско-канадската македонска православна епархија се одржа во Торонто, во 1975 година. Досега организатор, односно домаќин на собирите неколку пати биле македонските цркви во Торонто, Колумбос, Хамилтон, Гери, Детроит, Пасаик, Чикаго, Бафало, Виндзор, Сиракуз, Мисисага и Кливленд.

Јубилејниот 40. црковно-народен собир на Американско-канадско-македонската епархија се одржа во црквата „Успение на пресвета Богородица” во Детроит, Мичиген, на кој земаа учество сите македонски православни цркви  од Соединетите Американски Држави и Канада. Присуството на Македонците од сите делови на Македонија беше на високо ниво.

pop4                                     

Исто така, и 41. Црковно-народен собир кој се одржа во Њу Џерси, а на кој домаќин беше македонската православна црква „Свети Кирил и Методиј” беше еден од значајните што се одржаа на северноамериканскиот континент. И на овој собир имаше бројни настани кои ќе бидат запишани во историскиот развој на Американско-канадско-македонската епархија.

Собирот на Американско-канадска епархија за 2017 година се одржа во Торонто, а домаќин беше првата македонска православна црква во Канада, катедралниот храм „Свети Климент Охридски”.

Во рамките на собирот се состанува Епархиското собрание и се одржува централниот собир. Одржувањето на црковно-народниот собир придонесува за афирмација на националните и културните вредности на Македонците - доселеници во САД и Канада. За време на манифестацијата се одржуваат претстави од најразличен карактер: спортски, музички, културни.

Првата вечер е посветена на Епархиското собрание, на кое се расправа за состојбите приликите и прашањата врзани со црковно-духовното живеење на македонските доселеници. Втората вечер,  (саботата), пак, е посветена на фолклорот. Тогаш настапуваат културно-уметнички друштва, играорни групи и фолклорни секции од сите македонски православни цркви и манастири и црковни општини. Фолклористите настапуваат ревијално, без натпреварувачки карактер.

Третиот ден (неделата) е посветена на духовното и спортското живеење. Имено, предпладне се одржува заедничка богослужба, на која чиноначалствува македонски владика во сослужение на сите македонски свештеници од Епархијата. Во текот на денот се одржуваат фудбалските натпреварувања кои имаат натпреварувачки карактер. Тогаш доаѓаат до израз младите македонски генерации, кои во текот на Собирот покажуваат голема активност, ангажираност и заедничко живеење. Навечер се одржува заеднички, семакедонски банкет, со што завршува Собирот.

Продолжува

c6

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.