Среда, 05 Јуни 2019   
СТИВ ПЉАКАС И НЕГОВАТА ПОСВЕТЕНОСТ НА МАКЕДОНИЈА (33)

kate1

ЗНАМЕНОСЕЦОТ СТИВ ПЉАКАС НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО АТИНА 2004 И ВО ПЕКИНГ 2008 ГОДИНА

Името и делото на Стив Пљакас е тесно поврзано со Олимписките игри во Атина во 2004 и во Пекинг во 2008 година Тој беше еден од главните спонзори за македонските спортисти. Пред тоа, поради неговите активности и придонес за македонските спортисти од Канада, Стеве Пљакас беше избран за претседател на Олимпискиот комитет на Македонците во Канада

За Олимписките игри во Атина Стив направи посебни подготовки, бидејќи требаше да патува во земјата од каде се неговите корени. Имено, во Олимпиското село во Атина, меѓу другите спортисти од светот беа сместени и олимпијците  од  Македонија, кои ги бранеа боите на нашата држава. Тие беа предводени од генералниот секретар и директорот на Меѓународниот олимписки комитет, Зоран Гапиќ и Насе Насев и останаа од 13 до 29 август 2004 година.

Македонија во Атина беше претставена со десетмина олимпијци во пет спортови. Најмногубројни беа пливачите, но за сите четворица ова нема да биде прво вакво доживување. Весна Стојановска, Александар Миладиновски и Зоран Лазаревски пливаа и во Сиднеј, додека Александар Маленко по осум години пауза, повторно се враќа на игрите, откако настапи на Олимписките игри во 1996 година во Атланта. Потоа настапија кајакарот Лазе Поповски, атлетичарите Александра Војнеска, Ване Стојанов, Дивна Пешиќ со воздушна пушка и борачите Могамед Ибрагимов и Шихамир Османов, како и ракометните судии Марјан и Драган Начевски.

Македонското знаме во Олимпиското село беше кренато на Илинден, како и што беше планирано, додека, пак, Македонија беше дел од Балканската олимписка куќа. Носителот на македонското знаме на отворањето на игрите беше Стив Пљакас.

Инаку, олимписките игри се голем меѓународен настан, вклучувајќи летни и зимски спортови, во кои учествуваат илјадници спортисти учествуваат во различни дисциплини. Олимписките игри се сметаат за најголемо спортско натпреварување во светот каде што учествуваат повеќе од 200 земји. Денес се одржуваат на секои две години, наизмнично зимски и летни олимписки игри.

kate2

На Олимписките игри

Инересно е да се спомене дека првите олимписките игри се одржале во Олимпија, во Античка Грција во VIII век пр.н.е., меѓутоа на Македонците како варвари не им било дозволено да учествуваат на игрите од повеќе причини. Единствено Александар III Македонски учествувал на олимписки игри.

Според историските податоци, Меѓународниот олимписки комитет (МОК), е формиран во 1894 година од кога оваа организација  стана извршно тело на Олимпиското движење. Потоа, олимписките игри биле обновени во 1896 година. Меѓутоа, светските војни довеле до откажување на игрите во 1916, 1940, и 1944 година, како и големите протести за време на Студената војна довеле до ограничено учество на игрите во 1980 и 1984година.

Олимпиското движење се состои од меѓународни спортски федерации, национални олимписки комитети и организирање на комисии за секои олимписки игри. Прославата опфаќа многу ритуали и симболи, како и свеченото отворање и затворање на игрите. Бројот  на учесниците се движи на повеќе од 13.000 спортисти кои се натпреваруваат на летните и зимските олимписки игри во 33 различни спортови и во околу 400 дисциплини. Пласираните спортисти на првите три мести во сите дисциплини добиваат олимписки медали, златен за првото, сребрен за второто и бронзен медал за третото место.

Игрите пораснаа до тој степен што речиси секоја нација се натпреварува, со што и Македонија како суверена и самостојна држава е меѓу земјите кои учествуваат на олимписките игри. Секои две години медиумската експонираност на олипмиските игри овозможува помалку познати спортисти да се здобијат со национална, а во некои случаи и со маѓународна слава. Игрите, исто така, претставуваат голема можност за градот-домаќин да се покаже во најдобро светло пред целиот свет.

kate3kate4

Стив меѓу македонските олимпијци

Летните олимписки игри во 2004 година, беа одржани во главниот град на Грција, Атина, домот на модерните олимписки игри, кои беа голем предизвик и за Стив Пљакас. Тој имаше зелба, после Александар III Македонски и тој да биде дел од олимписките игри во Атина.

На Олимпијадата во Атина во 2004 година учествуваа 202 држави од целиот свет, и 5 501 тим. Исто така, спортистите освоија 301 медал, од 28 различни спортови. Тоа беше вториот пат што Атина ја имаше  честа да ги одржува игрите, а првиот пат бил во 1896 година.

Во Олимпиското село во Атина, меѓу другите спортисти од светот беа сместени и спортистите од  Македонија, кои ги бранеа боите на нашата држава. Тие беа предводени од генералниот секретар и директорот на Меѓународниот Олимписки Комитет, Зоран Гапиќ и Насе Насев и останаа од 13 до 29 август 2004 година.

Во Атина Македонија беше дел од Балканската олимписка куќа Така, македонското знаме во Олимпиското село беше кренато на Илинден, а носителот на знамето на отворањето беше канадскиот Македонец Стив Пљакас.

За Олимписките игри во Атина Стив Пљакас пристигна преку Виена и без проблем влезе во неговата родна земја, во која има забрана за да влезе и да ја посети. За среќа и како што беше планирано со Насе Насев, пристигнувањето на Лили и Стив Пљакас, како едни од значајните спонзори на олимписките игри во Атина, беше одбележано со големо и топло гостопримство.

На денот на отворањето на Олимписките игри на Стив Пљакас му беше дадено да го носи македонското знаме и тој возбудено стоеше пред македонскиот тим за Олимпијадата. Најавата на македонската екипа беше извршени и Стив зачекори прв на стадионот. Рацете му се тресеа од возбуда дека го носи македонското знаме во својата родна земја, но цврсто го држеше и горделиво чекореше напред. Тој го држеше знамето сè‘ до крајот на отворањето на игрите.

kate5

На олимписките игри

Тие мигови на радост, возбуда, горделивост и задоволство останаа трајни во сеќавањата на Стив Пљакас. Затоа, по Олимписките игри во Атина, Стив Пљакас изјави дека во тие мигови бил најсреќниот Македонец на светот.

Инаку, Олимписките игри во Атина од 2004 година беа проценети како голем успех, со оглед на тоа што безбедноста и организацијата биле исклучително добри и само неколку посетители пријавиле мали проблеми, главно поврзани со транспортот или сместувањето. Единствениот забележителен проблем бил малата посетеност на прелиминарните настани.

Стив Пљакас беше личноста која го носеше македонското знаме во 2008 година и на Олимписките игри во Пекинг, или Бејџинг, на кинески, кој е главен град на Народна Република Кина. Тој е еден од најнаселените градови во светот со население од околу дваесет милиони жители во 2010 година. Пекинг е политички, културен и образовен центар на државата и истиот е дом на најголемите државни компании во Кина. Оваа метропола се наоѓа во северна Кина и е политички организирана како општина, која е под директна управа на Владата.

Пекинг е главен транспортен центар во државата, со голем број железнички и патни линии, во кој само во метрото се превезуваат околу два милиона патници дневно. Тој е метропола со директни воздушни линии со кои се поврзува со останатиот дел од светот, со кои и семејството Пљакас пристигнаа за Олимписките игри.

Според зборовите на Стив Пљакас, Пекинг е еден од четирите големи стари главни градови на Кина. Градот со векови бил во срцето на кинеската историја и поради тоа има голем број споменици од различни историски ери, кои имаат национална вредност. Градот е препознатлив по палатите, храмовите и големите камени ѕидови и порти. Уметничките богатства и универзитетите го направиле градот културен центар на кинескиот народ, како низ историјата, така и денес.

Олимписките игри во Пекинг беа голем предизвик за Стив Пљакас. И тука, како еден од големите спонзори на македонските спортисти, преку нив ја изрази силната љубов кон дедовската земја Македонија. Чинот на носењето на македонското знаме на Олимписките игри и во Пекинг, како и во Атина, беше возбудлив настан и за Стив и за неговото семејство, за што тој доби бројни пофалби и признанија.  За Стив Пљакас како знаменосец тоа ке остане незаборавно и неповторливо.

Крај

d5 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.