Среда, 17 Јули 2019   
КОРЕНИТЕ НА СЕМЕЈСТВОТО ВИДИНОВСКИ ОД КАНАДА (3)

rada1

ЖИВОТНАТА ПРИКАЗНА  ЗА РАДА КРСТЕВСКА - ВИДИНОВСКА

Рада Крстевска – Видиновска е Канаѓанка од македонско потекло, родена во селото Живојно, Мариовско, а мажена во Крстоар, Битолско. Рано ја напуштила својата родна земја – Македонија, меѓутоа, спомените, мечтите, мислата, љубовта, тагата и патриотскиот дух кон татковината и својот народ не ја напуштиле

Во биографијата за Рада Видиновска се вели дека таа  е современ македонски писател, поет, есеист раскажувач, Живее во Торонто, Канада со семејството, но  постојано копнее, пее и тагува за родната Македонија. Нејзините корени се  од селото  Живојно, Битолско, каде е родена на 15 јули 1944 година.

Во Торонто активно се вклучила во македонските иселенички организации и црковни општини. Била член на управата на МПЦ „Свети Климент Охридски“, член на културниот комитет,  како и претседател на женската секција при црквата „Свети Климент Охридски“, претседател на женската секција при организацијата „Обединети Македонци“ и претседател на Друштвото на писатели „Браќа Миладиновци“, во Торонто. Повеќе години била учесник на Меѓународната манифестација „Струшки вечери на поезијата“ по покана на Управниот одбор на СВП и застапена е во изборот „Кој е Кој“ на светските поети.

Во монографијата се вели дека Борче Видиновски потекнува од селото Крстоар, кое е едно од најкарактеристичните места сместено во падините на Баба Планина,  свртено кон Пелагонија. Тоа има прекрасна местоположба и климатски услови за одмор и живеење и како едно од најблиските населби на Битола, го вбројуваат меѓу најхристијанските села во тој регион. Крстоар е убаво село кое пленува со своите стари архитектонски  градби, со дворовите, чардаците, панорамата и живописната околина.

rada2  rada3

Рада и Борче Видиновски сe дел од многуте печалбари од подпелистерските краишта, за кои судбината  била сурова и оставила вековни последици и лузни врз животот на иселениците.Во таа печалбарска сага, секако свое посебно место има нивното село за живеење - Крстоар кое е тесно поврзано со историскиот и општествениот развој на Македонија и македонскиот народ и со иселеништвото во целина.

Тие се личности за почит и пример од кои можат и треба да се огледаат и други Македонци во двете татковини, Канада и Македонија. Делото што го направиле Борче Видиновски и неговиот животен сопатник Рада Крстевка Видиновска, претставува убав пример и патоказ на еден честит и благороден канадски брачен пар.

Животот на едно благородно иселеничко семејство од Македонија во Канада, како што е семејството Видиновски сместено во еден скромен со податоци биографско-публицистички времеплов, е своевидна сага за неговото опстојување. Монографијата за семејството Видиновски со сета скромност е лика и прилика за неговиот живот и за делото што тие го оставаат вечно да се сеќаваат младите генерациите во нивното семејство, како и да биде убав пример за иселениците да ја негуваат љубовта кон дедовските корени во Македонија.

Ваквите проникнувања на овие хоризонтали во животот на Рада и нејзиниот сопруг Борис (Борче) Видиновски, како и сите Македонци ширум светот, ја откриваат сликата за својот род, за својот код, за  библиската природа на древната земјата на нивното потекло – Македонија.

Кога се пишува за  Рада Видиновска може да се каже дека за неа поезијата, всушност, е нејзин живот. Во илјадниците стихови, се испреплетени нејзините две татковини, Македонија и Канада. Затоа поетските дела што таа ги напишала претставуваат убав пример и патоказ на една честита и трудољубива канадска Македонка, на која татковините ѝ се и радост и тага и восхит.

 Економските причини, или идејата за подобар живот го натерало семејството Видиновски за замине за Канада. Така, во 1970 година, со своето семејство ја напуштила Македонија и емигрирала во Торонто, каде активно се вклучила во македонските иселенички организации и црковни општини.

Затоа, често се вели дека денес, македонскиот емотивен, национален и културен простор не се заградува само во пределот на историскиот етнички факт. Денес, Македонија се протега од Балканот – до бесконечноста. Една таква траума можел да поднесе само народ кој во својата суштина е надарен и способен да ги победи сите трауми и сите историски неправди, негации и зла низ милениумите.

rada4

Членови на Литературното друштво „Браќа Миладоновци“

Во Канада, Рада Видиновска стана македонски иселенички писател, поет, есеист и раскажувач. Затоа, може да се рече дека во нејзиниот  творечки  светоглед, во нејзините  поетски рамки и преку нејзините дела се проектира македонската иселеничка историја. Таа е личност за почит и пример од кој можат и треба да се огледаат и други Македонци во двете татковини, Канада и Македонија.

 Свои стихови објавувала во: „Обединети Македонци“, „Македонија“, „Македонски вести“, „Вечер“, „Време“, во списанијата „Македонија“, „Современост“, „Жена“, „Стожер“, „Битолски весник“ и др. Таа е меѓу најактивните членови во писателското друштво „Браќа Миладиновци“ како и во македонската заедница во Торонто, Канада и една од најголемите поетеси од македонската дијаспора.

Рада Видиновска е автор на поетските книги: „Бисерни капки од Нијагара“ (1992), „Молњи во окото“ (1993), „Белези за душата“ (1993),Скришни огледала“ (1995), „Отворени порти“ (1999), „Траги по коренот“ (2005), „Жена на брегот на океанот“ (2007), „Харфа“ (2007), „Göç Kuşu“ на турски јазик (2008), превод Есад Бајрам, „Бисери и кавали“ (2009), „Трендафилот од Живојно“ (2010), „Огниште“ (2012), „Мајка Македонија“ (2013) и „Поезијата -  мојот живот“ (2018).

Таа е прв лауреат на наградата „Иселеничка грамота“ 1992 година, што за првпат Матицата на иселениците од Македонија ја додели на Струшките вечери на поезијата за најдобар поет од дијаспората. Моментално е член на Комисијата за правда во Управниот одбор на црквата „Свети Климент Охридски“.

rada5

Членови на Литературното друштво „Браќа Миладоновци“

Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1994 година и член на Медитеранската академија „Браќа Миладиновци“. Преведена е на повеќе јазици. Застапена е во повеќе антологиски извори од дијаспората и во Македонија, како и  во антологијата „Сто македонски кратки раскази“, како раскажувач (издавач „Феникс“ – Скопје, (2009). Застапена е во книгата избрани есеи „Година на есејот“ објавена во 2010 година. Добитник е на наградата „Книга на годината“ за „Бисери и кавалот“ на Медитеранската академија „Браќа Миладиновци“.

Повеќе години била учесник на Меѓународната манифестација „Струшки вечери на поезијата“ по покана на Управниот одбор на СВП и застапена е во изборот „Кој е Кој“ на светските поети.

Поетските дела на Рада Видиновска се промовирани на многу места во Република Македонија и на северноамериканскиот континент. Тоа придонело  да е прв лауреат на наградата „Иселеничка грамота“ во 1992 година, што за првпат Матицата на иселениците од Македонија ја додели на „Струшките вечери на поезијата“ за најдобар поет од дијаспората. Рада е член на Друштвото на писателите на Македонија, а, исто така,  и член на Медитеранската академија „Браќа Миладиновци“ од Струга.  

Со право може да се каже дека со нејзините поетски видувања Рада настојува да навлезе во суштината на македонското и канадското живеење, на иселеничката вистина, слобода, иднина... Оттука и сознанието дека при читањето  на нејзините дела, низ стиховите, пораките и поетската имагинација, нѐ прави побогати за уште едно ново и продлабочено видување на авторовото пренесување на земјата и народот на кој им припаѓа Рада Видиновска, која е горда што се чувствува како канадска Македонка или македонска Канаѓанка.

Продолжува

d5 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН     

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.