|
|
ИЛИНДЕН Е НАШ, ДЕЛЧЕВ Е НАШ |
ИЛИНДЕН Е НАШ, ДЕЛЧЕВ Е НАШ Прослава одржана под мотото ИЛИНДЕН Е НАШ, ДЕЛЧЕВ Е НАШ ДОСТОИНСТВЕНА КУЛТУРНА МАНИФЕСТАЦИЈА НА M.A.C.O ПО ПОВОД ИЛИНДЕН Во низата на празнувања за големиот национален и верски празник Илинден беше и културната манифестација организирана од страна на Македонската организација на Заедницата во Викторија, Австралија. Манифестацијата се одржа во Sheldon receptions, под мотото “ Илинден е наш, Делчев е наш” на која достоинствено се оддаде почит на загинатите Илинденци и борци во сите борби против фашистичкиот режи, кон сите оние кои ги дадоја своите животи за слободата на Македонија. Суштинско прашање кое извира од душата на секој Македонец е зошто толку неправди надвиснале над Македонија, зошто постојано земјата запаѓа во криза и опасност од губење територии, име, јазик, историја? Одржувањето на македонскиот дух каде и да се наоѓа игра голема улога во себедефинирањето и напредокот во општеството каде живее. Затоа за поздравување се напорите на сите Македонци каде и да се, дејствуваат и работаат во интерес на Македонија и македонскиот идентитет. Македонската организација има голем број настани во Австралија кои ги одржува и каде се истакнува убавината на македонските белези, македонскиот јазик, култура, традиција. Оваа манифестација ги надмина сите очекувања по својот концепт да се означи и испочитува македонскиот национален празник Илинден. Водител на програмата беше Зоран Димовски, долгогодишен активист во македонската заедница во Викторија. Почесни гости беа Розета Стојковска (адвокат) и Натали Сулејман од викторискиот парламент која со голема почит ги следи активностите на македонската заедница и упати честитки за македонската организација и Лидија Нешковска за огромниот труд кои го вложуваат за нивна реализација и прифаќање во мултикултурното општество. Од говорницата се огласија Лидија Нешковска, Гордана Димовска со говор за значењето на Илинден, Сашка Ставрески (За Гоце Делчев) И за тоа дека најубав начин на прослава нема без традиција и фолклор го докажаа играорците од ансамблот Тоше и културно уметничкото друштво Јане Сандански. Никола Зацески импресионира со кореографската постановка Драчевка, изведбата на химната Денес над Македонија се раѓа, Кога падна од Пирина и други македонски патриотски песни. Во забавниот дел учествуваше и Татијана Лазаревска и Express band. Татијана и Клаудија Гроздановски настапија со рецитал Од срцата на комитите и За Илинден. Честитки за сите кои допринесоа на свој начин да се одржи оваа манифестација и потпомагаат во напорите да се одржува македонската заедница и да напредува уште повеќе во иднина. Македонска нација |