Среда, 11 Септември 2019   
КОРЕНИТЕ НА СЕМЕЈСТВОТО ВИДИНОВСКИ ОД КАНАДА (11)

slls1

МАНАСТИРОТ „СВЕТИ ХРИСТОФОР“ И ДУХОВНОТО ЖИВЕЕЊЕ ВО КРСТОАР

Се чини дека селото Крстоар е најпознато по манастирот „Св. Христофор“ Овој духовен центар за Крстоар и за битолскиот крај е посветен на маченикот св. Христофор. Тој православен манастир на Преспанско-пелагониската епархија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија МПЦ-ОА, се наоѓа еден км југозападно над селото Крстоар и околу 5 км. од Битола

Оваа локација, според кажувањата на старите битолчани била едно од омилените излетнички места со традиција уште од 19 век. За потеклото на тој манастир малку се знае, но, со Буковскиот манастир секако бил славјански, македонски.

Манастирот   е изграден како црква во 1837 година, а е реновирана во 1926. Архитек-тонски, храмот е еднокорабна зграда со петстрана апсида на исток. Постојат три влеза - два кон наосот од север и од запад и мала дупка од југоисток директно кон олтарот.

Во тоа се уверивме кога во 2018 година, на празникот св Кристофер бевме присутни на големата прослава, за која народот како река се движеше по асфалтниот пат низ Крстоар до манастирот. Таму се пееше, се играше и се гоштеваше. Средствата за оркестарот кој ги веселеше панаѓурчиите беа донирани од Борче и Рада и од нивното семејство, во знак на почит на манастирот, на селото и дојденците на прославата

При посетата на манастирот може да се види дека на мермерната плоча над северниот влез е испишана кратката историја на црквата. Црквата во манастирот е подигната во XIX век (1837 година, а според други извори 1806 година), а обновена е во 1926 година. Таа е голема еднокорабна градба, со петстрана апсида на исток. Постојат три влеза – два кон наосот од западната и северната страна, а дирекно во олтарниот простор може  да се комуницира низ посебната врата на југоисточната страна.

llssg2

Влезот во манастирот „Св. Христофор“

Над западниот влез, вниманието го привлекува насликаната претстава на св. Христофор. Тој е насликан во медаљон, претставен во цел раст. На рамото го носи малиот Христос, додека во едната рака држи копје а со левата го придржува маченичкиот крст. Во долниот дел е испишана годината 1926, како време на сликањето на оваа претстава.

Во внатрешноста на храмот нема сочувано ѕидно сликарство од времето на изградбата на црквата во XIX век. Она што денес може да се види во апсидата на црквата и на темето од сводот, е насликано во времето на нејзината обнова.

Иконостасот во црквата, кој е со три реда на икони, царски двери и високи врати на јужниот и северниот дел, исто така е направен во третата декада на XX век. Од XIX век, како сведоштво на уметноста од тој период, се сочувани само неколкуте празнични икони.

За жал, кога го посетивме манастирот се уверивме дека е во лоша состојба и се потребни поголеми градежни зафати, со цел да се зачува оригиналната архитектура. Бевме информирани дека средства се обезбедени како донација од селаните на Крстоар и нивните пријатели, но подолго време се чека на администрација за дозвола.

Во оваа пригода ќе се послужиме со пишувањето на Георги Трајчев во неговото дело „Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933 г.), кој за Крстоарскиот манастирот „Св. Христофор“ го забележал следното: 

„Крстоарскиот манастир е час и половина одалечен од Битола по јужната насока, во полите на Пелистер. Крај него се наоѓа стара дабова шума. Тоа е едно прекрасно сенчесто и свежо место, со чешма од која постојано тече студена кристална вода која се собира во недрата на Пелистер. Манастирот не преставува нешто особено. Тоа е една мала селска црква, изградена во 1806 година, која во постаро време служеше за храм на селата Крстоар и Буково.

Околу црквичката има неколку дасчени и разнебитени одаи, каде летуваат болни граѓани за промена на воздухот. Селскиот свештеник ја опслужува црквата. Повеќе прекасното сенчево место, со студената вода, дава значење на овој манастир, отколку неговата светост. Доколку ги нема тие убавини, името на манастирот би замрело.

lsbv3  gbla4

Без оглед на се’, во не така далечното минато, тој манастир стана познат по борбата заради неговото владение меѓу селаните и грчкиот владика.

Селото Крстоар, чисто (македонско – н.з), со 50 куќи го признаваше ведомството (власта – н.з.) на егзархијата; манастирската црква беше храмот кој служеше за богомолство на селаните. Со селото и црквата требаше да мине под егзархиска управа.

Токму тоа го оспоруваше грчкиот владика, имајќи барање дека тој ја осветил. Значи, според таа логика, црквата му припаѓа на владиката бидејќи ја осветил, а не на населението кое ја изградило? Властите секогаш ја држеа страната на грчкиот владика. И селаните беа принудени, по долгите процеси да си изградат нова црква за да потоа да се запусти манастирот.

За потеклото на тој манастир ништо не се знае. Но, со Буковскиот манастир секако бил славјански, за што сведочи една стара ракописна книга“ „Сборникъ похвалънихъ словъ или Метафрасъ“ од XVI век (Арх. Антонинъ, ibid. 364).“

Во Крстоарскиот манастир „Св. Христофор“, кој бил и сеуште е посакувана дестинација за излет во близина на Битола, за време на Првата светска војна била сместена војската на Антатата за што сведочат повеќе фотографии.

Исто така,  малку е познато дека моштите на монахињата преп. Стефанида Скадарско - Битолска  се наоѓаат во манастир „Св. Христофор“ во Крстоар чиј свети мошти од неодамна на неколку празници се изложуваат во манастирот во село Крстоар.

Имено,  иако монахињата сеуште не е официјално канонизирана, верниците сепак ја сметаат за светица и голема сoвремена подвижница. Таа била родум  од околината на Скадар. Крштеното име и’ било Стевка Ѓурчевиќ (Ђурчевић). Кога во 1933 година Србите биле протерани од Албанијa, се преселила на Косово. Монаштвото го примила во битолското сиропиталиште Богдај, каде и се упокоила во 1945 година, од раните задобиени од Германците.

Продолжува

 G6

Пишува: СЛАВЕ КАТИН     

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.