Среда, 09 Октомври 2019   
Во Сиднеј нова театарска продукција- разговор со Душан Ристевски

IT1

БАБА БЕГАЛКА – GRANDMA ELOPES

Повод за разговор е најновата драмска продукција „Баба бегалка - Grandma Elopes“ на Душан Ристевски во изведба на Австралиско македонскиот театар од Сиднеј и хорот Georges River Voices Choir. Како што се најавува од АМТС, во оваа драма се застапени не само актери од овој Театар туку актери како и вокалисти на овој австралиски хор. Ова е прв проект од ваков вид превземен од овој Театар, а на сцена ќе настапат 25 артисти. Драмата ја ко-режира самиот автор Душан Ристевски и Лара Мабеи од хорот Georges River Voices.

IT2

Вашето најново дело се става на сцена како копродукција со австралиска институција и тоа хорска – ова е новитет и некаков експеримент. Како дојде до тоа?

Јас работев на драмскиот текст за „Баба бегалка“ и Лара кога дозна за тоа, поради темата што ја обработував, дојде до идеа заеднички да ја направиме со хорска придружба. Таа со овој хор имале работено со некој друг австралиски театар и тој пристап бил доста интересен и успешен. Членовите на хорот иако се австралјанци ќе изведуваат македонски традиционални песни како “Јовано Јованке“, „Македонско девојче“  и други. За мене лично тоа е големо доживување и со восхит гледам на целата продукција бидејќи се негува македонската песна од самите австралјанци кои го ценат убавото.  Добро е да се спомне дека продукцијата е двојазична и истата е достапна за помладата генерација и за англиско говорната публика.

Кој е поводот да го напишете и ставите на сцена ова дело

Во македонската заедница или поточно нашата култура ни кажува дека кога ќе дојдеме до одминатите години или сме престари и кога имаме потреба, нашите деца треба да не гледаат и се грижат за нашите потреби. Но ситуацијата овде е доста изменета, традицијата прекината, поголемиот број на постарите луѓе, поради различни причини, завршуваат по домовите за постари лица. Добро е што овде постојат такви домови и негата е на високо ниво но таа културна промена се уште не прави да живееме во страв или да формираме срам од одење во тие домови кога, како што некои кажуваат, „цел живот работевме, печалевме, заработивме за нас и за децата и сега младите немаат време за нас и не сакаат да не гледаат“. Секако со ова дело сакам да го намалам тој срам или стигма и да укажам дека е во ред да се оди во такви домови и дека не треба да размислуваме дека тоа е крај на нашиот живот туку дека со одењето во домот нашиот живот може да се подобри и продолжи. На многу луѓе им е страв поради недоволно зборување на англискиот јазик и стравот дека ќе бидат изложени на некои неизвесности, далеку од своите најмили внуци и деца. 

Значи пораките се позитивни, темата интересна попратена со хумор

Хуморот или сатирата се најлесниот начин да го привлечеш вниманието и да ги поттикнеш луѓето да размислуваат за своите истапи или односи кон семејството и себе си. Драмскиот дијалог со хорската изведба дава една позитивна слика за она што се случува во старските домови. А нашата среќа или несреќа доаѓа од самите нас и не треба да окривуваме деца или внуци за тоа што крајот на живото ни завршува онака како што ни завршува, а од „пишаното не се бега“ како што би рекле нашите. Важно е да имаме добро здравје и крајот на животот да ни измине покрај добро друштво во заедница каде што си подржуван, почитуван и сакан, а не во место каде си малтретиран и живееш во страв.

Кои се вашите очекувања, посебно сека кога сте искусен автор а еве се јавувате и како режисер?

Темата е доста интересна и веќе разви голем интерес, посебно што во продукцијата се застапени хорски работници и поголем број на артисти од две институции. За прв пат режирам, не дека имав желба, туку поради фактот што нашиот режисер Стефо Нанцу е презафатен со неговите две продукции.  А одговорноста ја споделувам со Лара Мабеи која има долгогодишно искуство како актер, фолклорист и вокалист во различни хорови. Одговорноста и можната критика во однос сценската изведба ја споделувам со неа. Изведбата ќе биде на високо ниво со хорска придружба што досега тоа не сме го искусиле и се надевам дека гледачите ќе бидат задоволни. Имаме закажано само една изведба но ќе следат повеќе кон крајот или на самиот почеток на годината. Драмата ќе се прикаже во склопот на фестивалот за култура Discovery и премиерно ќе се изведе во недела на 3-ти ноември со почеток во 17 часот во просториите на театарот St George Bank Auditorium, 16 Montgomery Street Kogarah. Секако резервации можат да се добијат на 0425231335 или на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Душан, Ви посакувам како вас така и на сиот ваш тим, успех со „Баба бегалка“, кое мислам дека ова е ваше 18 драмско дело кое како и досегашните драми ќе биде успешно и значаен промотор на македонската култура во Австралија.

Иван Трпоски

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.