Среда, 09 Октомври 2019   
Бошко Рајчовски - Пелистерски и неговата семејна монографија (18)

boskor1

„МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ - САД

Автобиографско дело за Бошко Рајчовски-Пелистерски е печатено двојазично - на македонски и на англиски јазик. Тоа, всушност, е огледало на вистината за иселеникот, поетот, општественикот, новинарот и патриотот Бошко.Тој е уредник и водител на програмата „Оро македонско“ која ја прослави својата 50-годишнина, што тој лично  со голем сентимент, го доживеа како многу важен овој радио јубилеј. Програмата има стандардна шема - се емитува секоја сабота, а од 2017 година во недела, по два часа, во период кога повеќето луѓе се во своите домови и можат преку слушањето радио да се пренесат со мислите во родниот крај

Во издание на реномираната издавачка куќа „Македонска искра“ од Скопје, а како дел од печатарската активност на „Киро Дандаро“ од Битола, излезе од печат на македонски и на англиски јазик монографијата „Бошко Рајчовски – Пелистерски“. Ова дело е презентер на голем број аспекти поврзани со дијаспората, со културата, литературата, јазикот, журналистиката, историјата, науката и религијата, како и со животот на Бошко Рајчовски-Пелистерски, но и на низа други аспекти.

Автор на ова дело е Славе Николовски-Катин, кој е познат на македонската и меѓународната културна и научна јавност со своите бројни публицистички, новинарски, автобиографски и научни трудови. Поради пријателството со Бошко, Катин вложи голем труд и средства од издавачката куќа, сé со цел да напише дело за еден негов соселанец, дело кое ќе значи огледало на активностите на Преспа, како и огледало на биографските дијагонали, опсервации  и придонес, на  главниот лик и воопшто на семејството Рајчовски.

За ова многу темелно  и луксузно биографско  издание кое е отпечатено во боја, и содржи повеќе од 250 страници, рецензенти се: амбасадорот на УНЕСКО м-р Јордан Плевнеш од Скопје,  примариурс д-р Иван Апостолов од Флорида и професор Синиша Ристевски, свештеник од Детроит.

Ова значајно автобиографско дело, за првпат печатено двојазично - на македонски и на англиски јазик, новинарката Фиданка Танаскова ќе напише дека, всушност, е огледало на вистината за иселеникот, поетот, општественикот, новинарот и патриотот Бошко Рајчовски-Пелистерски.

Тоа е значајно постигнување на Славе Катин во неговата истражувачка работа за македонското иселеништво. Животната приказна за љубанчанецот од Детроит и Флорида, заедно со семејството Рајчовски,  е своевиден биографски блик, се потпира на фактографија која извира од  многудеценискиот животек, од вруточниот животен опус на Македонците во дијаспората, со кои се гордее нивната стара татковина – Република Македонија.

Монографијата за Бошко Рајчовски е летопис за мошне големото семејство Рајчовски. Најголемиот број од фамилиите од сојот Рајчовски од втората декада на минатиот век претежно живеат и работат во Соединетите Американски Држави, особено во најголемиот град на државата Мичиген – Детроит. А Бошко кој во зима живее во Флорида, другиот период во Детроит, во лето доаѓа во Македонија, во Преспа, во Љубојно. Тој е извонреден родољуб, роднокраен вљубеник, докажан активист, истакнато поетско и новинарско перо и македонски родољуб. Затоа, со право може да се рече дека ова дело на Славе Катин, е траен документ и вистинско сведоштво кое го овековечува богатиот личен и семен летопис на познатото семејство чии корени се од Љубојно-Преспа, а кои се рашириле и во Соединетите Американски Држави.

Монографијата е посветена на 50-годишното литературно творештво на Бошко Рајчовски-Пелистерски. Ова дело од Славе Катин е поделено на 5 глави (чаптери) во кои се опфаќа родната земја Македонија, потоа втората татковина – Соединетите Американски Држави, активностите на Бошко на поетски и новинарски план, како и  лозата на семејството Рајчовски. Посебен простор во книгата е посветен на  нивните корени на неговото родно село Љубојно – Преспа, на САД, на македонскиот радиочас „Оро македонско“ од Детроит, на неговото литературно творештво и трите стихозбирки.

Делото „Бошко Рајчовски-Пелистерски“ е поткрепено со огромен број факти, цитати и докази, кои фрлаат светлина врз   низа аспекти не само на поетскиот и немирен дух на Бошко, туку и на  македонскиот народ од Преспа, од Детроит. Делото претставува интересно четиво и сончева светлина за оние кои сакаат изворно да се запознаат со животната приказна на иселеникот Бошко Пелистерски, на Љубојно, Преспа, Македонија, Соединетите Американски Држави.

Монографијата за Бошко Рајчовски-Пелистерски од авторот Славе Катин беше промовирана на јубилејните 35. по ред „Љубански илинденски иселенички средби“ што се одржаа на 1 и 2 август 2008 година, во Љубојно. Промовирањето на ова значајно и по многу нешта единствено дело,  беше дел од културното иселеничко збиднување во текот на илинденските празнувања во Преспа и Македонија, забележала новинарката Фиданка Танаскова.

boskor2   boskor3

Куќата на Бошко во Љубојно                      

Инаку, во неговата монографија, меѓу другото е забележано, дека во детството Бошко Рајчовски-Пелистерски многу пати се искачувал  накај  густата гора над Љубојно, во „коријата“ кон  „Свети Атанас“ и „Свети Петар и Павле“. Мали му беа тие ридови, тесни му беа тие атари, мечтаел да види што ли има отаде таа висока планина, што има отаде таа граница. Тој не мрднувал од собата кога се зборувало за  Македонците од другата страна на вишната гора во Герман, Раби и понатаму кон Костур, а оттаму и во Америка.

Тој и како ученик во Основното училиште „Димитар Влахов“ во Љубојно, бил забележителен меѓу учениците, меѓу младинците. А во тие повоени години во Љубојно, а особено во училиштето вриело како во кошница, ги имало со стотици од Љубојно, Брајчино, Долно Дупени, Наколец, Штрбово, Крани и дури од Сливница. Во тие младешки години, Бошко умееше да се повлече некаде сам низ куќата или дворот и со книгата в раце, напросто да ги голта оние бајки и сказни, но и книги од историјата, кои ја развивале богатата детска фантазија. 

Исто така, во монографијата е забележано дека Бошко заминал во Америка кога имал 19 години, значи во цутот на младоста. Уште тогаш многу фамилии од селото Љубојно биле заминати во Детроит, така што тој имал роднини и пријатели кои му се нашле во моментите кога требало да ја преброди носталгијата. По некоја година во Детроит дошле и неговите најблиски, родителите и сестра му и тоа уште повеќе му го олеснило животот во туѓина. Целиот работен век го поминал во автомобилската индустрија „Крајслер“, работел на машини, а бидејќи компанијата имала многу поволни бенефиции за вработените, по 30 години работа ги исполнил условите за пензија и така, од неговата 51 година до денес е пензионер. Тоа му овозможило во изминатиот период редовно, секое лето, да доаѓа во Македонија.

Тој е уредник и водител на програмата „Оро македонско“ која ја прослави својата 50-годишнина, што тој лично  со голем сентимент, го доживеа како многу важен овој радио јубилеј. Програмата уште оттогаш има стандардна шема - се емитува секоја сабота, а од 2017 година во недела, по два часа, во период кога повеќето луѓе се во своите домови и можат преку слушањето радио да се пренесат со мислите во родниот крај. Програмата опфаќа информации за најактуелните случувања во Македонија, разговори со личности од општествениот и политичкиот живот во Македонија, со личности од дијаспората, има и многу музика, а дописник од Македонија е долгогодишниот новинар на весникот “Нова Македонија“ Фиданка Танаскова.

На Рајчовски, исто така, поезијата е неговата љубов уште од младоста. Тој зема учество на „Струшките вечери на поезијата“. Има напишано три поетски збирки – „Дамари“, која е објавена во Америка, како и „Блиски сводови“ и „Тој не се врати“, кои се објавени во Скопје. За третата книга „Тој не се врати“ во 2000 година ја доби наградата „Иселеничка грамота“ и по тој повод настапи на манифестацијата „Мостови“ на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“. Инаку, на „Мостови“ има настапувано 4 пати.

Бошко Рајчовски е член на организацијата „Обединети македонски Американци од Детроит“ (ОМАД), која е формирана во март 2010 година, а чиј претседател е адвокатот Том Бајов. Во почетокот, целта на групата иселеници од сите делови на Македонија била, да се обединат македонските цркви во областа на Детроит за снимањето на документарниот филм „Име си е име“. Денес, пак, со својата многузначајна мисија и оригиналните, патриотски и благородни иницијативи, работејќи во интерес на македонскиот народ, оваа организација стекнува респектирано име и углед во државата Мичиген и пошироко.

Исто така, Бошко е еден од основачите на друштвото „Љубојно“ во Детроит, кое еднаш годишно на празникот Свети Атанас (летен), обично на 15 мај, (најблиската сабота или недела) организира пикник, како сеќавање на селската слава, која вековно се одржувала во манастирот „Свети Атанас“. На тој ден се организира и игранка, на која се покануваат сите Македонци доселеници во Детроит, а, исто така, и љубанчани од другите делови на Америка.

Во монографијата е запишано и тоа дека Бошко Рајчовски бил организатор на голем број културни настани, средби, концерти и дружења на нашите луѓе во овој дел на американската држава. Во новото катче доаѓањето на гости од Македонија стана традиција, и нема да се заборават концертите, на пример, на Кочо Петровски, Александар Сариевски, Виолета Томовска, Васка Илиева, и многу, многу други звучни имиња на македонската естрада.

Исто така, од Клубот што го формира Бошко и академикот Димитар Митрев беше еден од угледните поканети гости, заедно со многу други познати личности од академскиот живот  и творечкиот опфат, потоа истакнатиот поет Љубен Ташковски, и уште редица многу познати културни дејци.

boskor4

Во тоа време, исто така, за првпат се формира и фолклорна група, која беше собиралиште за младите генерации и расадник за идните фолклористи. Со успешните фолклорни настапи Македонците се афирмираа пред другите етнички групи и ги собираа симпатиите. Со тоа постепено печалбарскиот живот добива поинтересни димензии  и поинтересно  секојдневие.

Меѓутоа, најзначајно место во монографијата е посветено на Љубојно и Бошко,  на тој инспиративен тематски извор, бидејќи тие живеат за Илинден, така често пати велат многумина љубанчани. Неговото име е тесно поврзано со илинденските манифестации. 

Повеќе години е еден од главните организатори на „Љубанските иселенички средби“ на кои има големо  присуство и гостување на фолклорни групи, ансамбли, истакнати личности од уметничкиот свет и луѓе вљубеници во пишаниот збор. Една од иницијативите е неговата искрена желба да  организира „Фолк-фест – Преспа“ во Љубојно. Секогаш со многу чувства и со восхит зборува за Љубојно, за средбите, за Македонија... Тој е голем вљубеник во своето родно место.

Крај

 d5

Пишува: СЛАВЕ КАТИН 

 

На прво место

News image

Македонија да ја направиме повторно Горда

  Претседателот на Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Мане Јаковлески на средба кај Мет...

Историја

News image

Титовите слуги измислуваат македонски национализам

На 18 јули о. г. сите дневни весници од Југославија донесоа подолги извештаи од заседанието на Секре...

Култура и туризам

News image

Верувања од Разлошко

Градба на куќа Кога се започнува да се копа темел за градење нова куќа, обично, се почнува со работ...

Фељтон

News image

ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА – (ДЕЛ II) (28)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.