Среда, 16 Октомври 2019   
ДЕБАТА ЗА ПРЕСПАНСКИОТ ПРЕДАВНИЧКИ ДОГОВОР

mak11

Во Сиднеј дебата за македонското прашање во Техничкиот универзитет (UTS)

На 2 октомври во Техничкиот универзитет во Сиднеј, професорката Др Хелен Ватсикопоулос (која е од македонско потекло) организира средба со Др Костис Карпозилос и Проф. Димитрис Кристопоулос, двајцата автори на книгата „10+1 прашања и одговори за македонското прашање“ – (10+1 Questions and Answers on the Macedonian Question). Целта на средбата, како што најави Др Ватсикополоус, преку промовирање на оваа книга, е да се „корегира дезинформацијата од медијата од двете страни во однос позитивните и негативните страни на Договорот“. На средбата можеа да присуствуваат само поканети лица од македонската и грчката заедница со цел да се одбегне конфликт и можен протест. На поканата пишуваше: Што е во името? Лажни вести и дисинформација на Балканот – Преспанскиот договор. Проф. Кристопоулос не присуствуваше на средбата.

Др Карпазилос, како историчар си го изнесе својот став и мислење, посебно се осврна на позитивните страни на договорот со кој се започнува еден „дијалог меѓу двете земји за подобра иднина“. Потврди дека „отстапки имаше од двете страни“ за да се оди напред, а не да се оди во „минатото кое само може да не врати назад во конфликт, војна и крвопролевање“. За него, античката историја не била „битна“ ниту пак онаа „после распаѓањето на Отомаснката империја“ дека сето тоа „ни го руши просперитетот за подобра идниина“.

Само 24 часа после одлуката на македонската предавничка влада да се прифати уништувачкиот договор, против вољата на Македонците кои јасно го искажаа преку референдумот, Атињаните како бесни кучина се пуштија во офанзива нашето исконско име да го сменат на интернет и во сите можни интернационални и државни установи не само во Европа туку во Америка и Австралија. Се покажа дека со Договорот, Македонците изгубија сé, а Атињаните добија сé. Македонците направија отстапки за сé а Атињаните никакви. Тие си ја задржаја хелинската култура, ја украдоа и присвоија македонската античка историја, а за нас Македонците оставија - ништо. Дури и шахтите со македонското национално знаме требаше да се отстранат, а да не зборуваме за натписите и менување на имињата на аеродромот и институциите. И сега, некој си историчар, пропагира дека не треба да ја бараме историјата оти таа е штедна за нашата иднина (значи нас на Македонците, не ни е потребна) – каков апсурд, а за Атињаните и нивната егзистенција како нација е неопходна! А исто дека треба да „заборавиме“ за окупираната Македонија, за логорите, силувањата, ѕверствата и палењето на цели села и истребувањето на Македонците и на децата избркани, да заборавиме на нацистичкиот терор за непризнавањето на човековите права на Македонците – сето тоа треба да го заборавиме, „ама да одиме напред“ – да одиме како некои слепци напред во бездната што ни се сервира од Атињаните со помош на Европа и празно-главите заевисти. Ете тоа ни го препорачуваше од трибината во Сиднеј Др Карпозилос.

Заев и заевистите не можеа тоа да го разберат кога го потпишуваа договорот ниту пак некогаш ќе го разберат (толку Господ им дарил) колкава голема штета е направена за нашиот идентитет со овој договор. Последиците и товарот на ваквите грешки ние треба да ги носиме, а и нашите следни генерации. Ние кои имаме гордост и некаква човечко чувство секојдневно сме соочени со понижување и малтретирање оти сме свесни дека некој сака да не истреби-уништи. Историјата е стожерот на нацијата. Нација не може да се гради на стаклени нозе или пак на воздух.

Горенаведената книга како и средбата беше да се промовира грчката страна, дали поради тоа што се чувствуваат дека се криви што го држеа македонскиот народ  три децении во заложништво и сега сакаат преку книгата да покажат дека се добри, хумани, демократи и далековиди – каков апсурд! Или да се оправдаат за приграбувањето на македонската историјата, за крадењето на половина Македонија по распаѓањето на Отоманската империјата. Со соседите, а со помош на Англија, Франција и Германија, тие беа креаторите на уништување уникатноста на Македонија. Се зароби и разграби духот на Македонците. Во тие балкански војни и првата светска војна повеќе од 250,000 Македонци го загубија животот, многу повеќе од што изгубија сите тие завојувачки држави заедно.

Средбата измина мирно, поставените прашања од присутните, како од Македонците така и од Грците, беа „политички корекни“ (како што се наложуваше), а оние со кои се прашуваше окупацијата на Македонија и за можно обединување на Македонија како и сугерирањето срамниот и предавнички договор кој само вреди да биде испечатен на тоалетна хартија, беа окарактеризирани како „иредентистички“.

Нема потреба да се коментира повеќе за вредноста на ова еднострано дело – книгата е издадена преку канцеларијата во Атина на Rosa Luxemburg Stifturg во декември 2018. Преводот на англиски јазик е направен преку истата установа, на македонски преку Helsinki Citizens Assembly,  а издавач е Polis Publications (Athens). Издавањето е финансирано од Германското министерство за надворешни работи. Горе над сето тоа авторите се Грци. Па што можеме ние Македонците да очекуваме и да бараме кога Македонците, оние што треба тоа да го прават и да го бранат македонскиот идентитет и страна, лежат во топла постела, спијат на перници полни со евра платени од Европа/Грција и сонуваат како да си ги наполнат стомаците.

DRA

Душан Ристевски-Македон

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.