Среда, 30 Октомври 2019   
КОРЕНИТЕ НА СЕМЕЈСТВОТО ВИДИНОВСКИ ОД КАНАДА (18)

vidinov1

КОРЕНИТЕ НА ВИДИНОВСКИ СЕ ПРОТЕГААТ ОД НИВИЦИ, ПРЕСПАНСКО ДО КРСТОАР, БИТОЛСКО

Монографското дело „Семејството Видинивски“ на Славе Катин, а во издание на Книгоиздателството „Македонска искра“, од Скопје, 2019, 1-445 (на англиски и македонски) е посветено на ова македонското семејство кое пред педесетина години се преселило во демократска Канада, но не ја заборавиле родната земја чиј корени се протегаат во селото Крстоар, Битолско во Македонија

Во Монографијата се вели дека преселништвото како дел од македонскиот живот, култура, религија, наука и од други аспекти е вечна тема и е истражувано од поголем број ентузијасти, новинари, културолози, политиколози, публицисти, црковни дејци и друг вид научници. Сите тие придонесуваат да се збогати вистината за Македонците од етничка Македонија кои свиле „нови гнезда“ надвор од родното место.

Долна Преспа во Грција (Елада - Беломорска Македонија), има своја иосторија, минато, сегашност и иднина. Општо е познато дека македонскиот народ во тој дел од македонската земја, според своите карактеристики и обичаи, јазично и етнички и е туѓ на Грција.

Од тие причини грчката буржоазија од првиот момент од 1913 година ја проширила својата власт над Егејска Македонија, изградила политика на физичко истребување на македонскиот народ и менување на етничкиот состав во своја корист.

Грчката буржоазија, во намера да го избрише секој белег што потсетува на македонскиот карактер на Беломорска Македонија, во ноември 1926 година донела Закон за замена на македонските топоними со грчки имиња на селата и градовите, називите на планините, полињата, реките итн. Тогаш и селото Нивици е прекрстено во Псарадес.

Повеќедеценискиот процес на етничко чистење, елинизација, бришење на македонската историја и нејзиното толкување според елинските големодржавни потреби е процес на бришење на македонскиот национален идентитет и постоење. Особено егзодусот на Македонците од Долна Преспа како последица од Граѓанската војна и од елинските (грчките) репресивни режими, спаѓа во редот на најтрагичните етнички чистења направени врз еден народ во најновата европска историја.

vidinov2 

Нивици во Преспа

Поради остварување на елинските мегаломански идеи, Македонците од Долна Преспа, а и од цела Беломорска Македонија, од 1913 година се изложени на физичка и духовна репресија, која низ различни форми, но со непроменети цели, трае до ден-денес. Се обезличува и деноминира македонскиот народ и неговиот национален идентитет низ перманентна елинизација. Затоа, не се дозволи враќање на илјадниците протерани македонски иселеници, со цел да се прикаже македонската историја како елинска.

За жал, во Долна Преспа, а и во цела Беломорска Македонија денес владее национално и политичко ропство. Таму елинските (грчките) националисти и шовинисти прават големи усилби да го обезличат македонскиот национален дух и да го уништат и длабоко да го закопаат богатото историско и културно минато на македонскиот народ, за што пишувале голем број интелектуалци и паталци.

Посебно место им припаѓа на истакнатите борци од Долна Преспа кои ги дадоа своите животи за народот од Егејска Македонија. Меѓу нив се светлите ликови на учителот Лазо Ангеловски од Граждeно, Сотир Миовски од Орово, Германија Пајкова и Никола Четелевски од Герман и многу други знајни и незнајни херои. Меѓутоа, посебно место му припаѓа на Богоја Фотев од Герман, кој беше револуционер, страдалник и претседател на Президиумот на АСНОМ, а кој живееше во Бистрица, Битолско

За Долна Преспа во Егејска Македонија се напишани голем број историски и други дела. Но, овој пат ние ќе се задржиме на селото Нивици, чие име е преиначено во Псарадес. Тоа се наоѓа на најјужниот брег на Големото Преспанско Езеро. Нивици е мало, чисто македонско село опколено, речиси, од сите страни со вода.

Тоа отсекогаш било македонска населба, кое до денес не претрпело никакви измени. Во него има стотина куќи изградени претежно од камен, во кои според пописот во 1940 година имало 770 македонски жители, а во 1961 година имало 430 жители.

Како причина на миграциските движења денес во селото живеат неколку стотини жители, кои егзистираат од риболов и селски туризам. Селото Нивици е едно од најпознатите рибарски села во Преспа, каде се ловат голем број различни риби, од кои се сушат познатите нивички белвици.

vidinov3 

 Куќата на Видиновци во Крстоар

Од селото има голем број иселеници во прекуокеанските земји, Австралија, Канада и Соединетите Американски Држави, како и во други земји ширум светот. Во текот на Граѓанската војна селото настрадало и тогаш дел од населението побарало засолниште во тогашна Југославија и други источноевропски земји.

Треба да се нагласи дека е жалосно што решавањето на имотното право на Македонците од Преспа поради влијанието на Грција е речиси невозможно, а уште потешко кога тоа право треба да се побара во држава, во која сѐ уште се на сила низа дискриминациски закони со коишто им е одземен имотот на Македонците  со  потекло  од  егејскиот   дел од Македонија.

Но, конечната навреда врз македонскиот народ е зададена кога Грција, во 80-тите години на минатиот век, го воведе Законот за репатријација, кој дозволува само „Грци по раѓање“ да се вратат во своите места на потекло, односно во местата каде биле родени. Затоа, Македонците не можат да ги остварат тие права. Бидејќи, надежта последна умира, протераното македонско население од цела Грција не се откажува од своите барања за враќање на имотите, од добивањето државјанство, признавањето на македонското малцинство, македонската црква...

На крајот ќе го споменеме Преспанското Езеро – еден од бисерите на Македонија, кое е едно од најчистите езера во светот. Големото Преспанско Езеро лежи на надморска височина на околу осумстотини метри и зафаќа површина од околу 270 квадратни километри. Неговата брегова линија е разгранета во различни форми и со максимална должина од 28, а широчина од 17 километри, како и со најголема длабочина од околу педесетина метри кај селото Нивици.

Овој убав природен резерват им припаѓа на Република Македонија (65 %) на Република Албанија  (18 %) и на Република Грција (17 %). Во езерото постојат два острова Голем Град на територијата на Република Македонија и Мал Град на албанска територија. Малото Преспанско Езеро зафаќа површина одоколу 40 квадратни километри  и со најголема длабочина од 14 метри. Во него постојат два острова Ахих и Видринец но и двата се наоѓаат на грчка територија. Водата дотекува од потокот Завир во Мала Преспа.

Птицата пеликан како една од најкрупните птици кои егзистираат на вода, главно, во потоплите краишта, во Преспа го има единствено на двете преспански езера ( Големото и Малото Преспанско Езеро). Тој секоја година има шестмесечен престој ( од 15 април до 15 октомври ) во јата од стотина птици. Другиот годишен период го минува во јужните предели на Земјината топка.

Пролетното долетување на овие бели птици со големи клунови не е многу забележлива, но за време на есенската преселба тие се собираат во јата и по еднодневно кружење над Преспанската Котлина се упатуваат кон своите зимувалишта. Овие птици ја збогатуваат сликата за убавата Преспа

Исто така, Нивици е познато по тоа што во него на 17 јули 2018 година, кога преспанските пеликани долетаа претставници на владите на Скопје и Атина  се договорија во врска со збиднувањата на Спогодбата за решавање на разликите опишани во Резолуцијата 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации за престанување на важноста на привремената Спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу  страните околу спорот со името, кога ја кутнаа Република Македонија.  

Во селото Нивици, во Преспа двете влади во присуство на бројни туѓински претставници ја  потпишаа Спогодбата околу спорот со името, со која, меѓу другото, нашата мила Република Македонија стана Република Северна Македонија.

Продолжува

 KatiN

Пишува: СЛАВЕ КАТИН    

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.