Среда, 06 Ноември 2019   
РАДА ВИДИНОВСКА ОД ТОРОНТО И НЕЈЗИНАТА ПОСВЕТЕНОСТ НА ПОЕЗИЈАТА (1)

zivojno1

ОД БИТОЛА ДО ЖИВОЈНО И НАЗАД

Беше летен ден когасонцето изгреваше од далечините на исток и кога го напуштивме Скопје и се упативме кон Битола, а оттаму кон селото Живојно. Нашата цел беше да го посетиме родното место на поетесата Рада Крстевска- Видиновска, која педесетина години живее во Торонто, Канада

Рада ја напуштила својата родна земја – Македонија, меѓутоа, спомените, мислата, љубовта, тагата и патриотскиот дух кон татковината и својот народ не ја напуштиле. Често се вели дека за неа поезијата е нејзиниот живот. Во нејзината поезија се испреплетени нејзините две татковини, Македонија и Канада.

Брзо го поминавме Повардарието и Тиквешијата и се најдовме на Плетвар, а оттаму преку Прилеп за Битола. Во Пелагонија сонцето блескаше со сиот свој сјај. И не случајно се вели дека овој крај за секој посетител отвора широк хоризонт, се подава со сета своја убавина и е на дофат на секој вљубеник на културните, историските природните, духовните, научните и други реткости.

Овој дел на Македонија е како своевиден трезор на големо културно богатство. Тоа било создавано со векови и побудува голем интерес за посетителите кои случајно или намерно во текот на целата година навраќаат во Пелагонија.

Затоа, некои патувања не само што го предодредуваат престојот, туку за патеписецот остануваат запишани и запаметени со одредени впечатливи траги. Такво беше нашето патување и престојот во Битола и посетата на селото Живојно, родното место на поетесата Рада Видиновска.

zivojno2

Црквата Св. Спас

Околу пладне откај кружниот пат на влезот во Битола се упативме на нашата дестинација кон селото Живојно. Многу брзо стасавме во Новаци, кое денес како општина го зафаќа југоисточниот дел на Пелагониската Рамнина, централниот дел на течението на Црна Река, битолскиот дел на Мариово и пограничниот дел со Грција на потегот на планината Ниџе, во должина на гранична линија од околу 60 км.

Во Новаци застанавме во непосредна близина на централното училиште, каде пред две години авторот на овие редови Славе Катин учествуваше на „Пелагониските средби“, со реферат за иселеникот - бизнисмен Ѓорѓија Џорџ Атанасоски. Тогаш бевме информирани дека Општината Новаци е значајна, бидејќи во нејзиниот централен дел се наоѓа најголемиот басен за јаглен — Суводол, потоа трите централи на РЕК „Битола“ , постојат 8 наоѓалишта за експлоатација на минерална вода и гасови, две наоѓалишта за експлоатација на песок чакал, кварц и други неметали. На територијата на Општина Новаци дел од стопанските активности ги извршува најголемиот земјоделски комбинат во Македонија - ЗК „Пелагонија“.

Од Новаци го продолживме патот кон пелагониското село Бач, кое во минатото беше општина. Имено, од 1996 година до 2005 година Живојно спаѓаше во оваа општина. Со новата територијална поделба на државата, селото Бач доби статус на седиште на општина и во тој период Живојно припадна во таа општина. Тогаш Општината Бач беше мала  со само девет села. Таа се наоѓаше на крајниот дел на пространата Пелагониска Котлина, која преку Бач се поврзува со Леринското Поле како една голема природна целина.

Брзо го поминавме Бач и се упативме кон Живојно, нашата дестинација. Застанавме пред селото за да се потсетиме на она што го читавме за родното место на Рада Крстевска-Видиновска, за кое се вели дека тоа како и сите други моштенски села, со својата богата историја и традиција ќе живее вечно и ќе одолее на сите небиднини. Тоа се наоѓа во југоисточниот дел на Битолското Поле во непосредна близина на македонско-грчката граница. Сега Живојно припаѓа на Општина Новаци, а од Битола е оддалечено 38 км.

При нашата посета се уверивме дека Живојно е типично пелагониско македонско село, со куќи изградени од камен и кал, со отворени дворови и со поголемо растојание од куќа до куќа. Тука разбравме дека како и во многу места во Пелагонија, а и во Македонија, така и во Живојно, црквата ги собира селаните во тој македонски храм не само да се помолат на Бога, туку и да се видат, да поразговараат, да разменат новости и да се потсетат за минатите убави времиња кога селото било живо и да ја покажат и докажат својата љубов кон селото, кон своите дедовски корени...

zivojno3

Живојно

Живојно, како и сите други моштенски села, со својата богата историја и традиција ќе живеат вечно и ќе одолеат на сите небиднини. Се наоѓа во јужниот дел на Пелагониската Котлина, поточно во источниот дел на Битолското Поле. Тоа е родното место на Рада Крстевска–Видиновска, каде таа ги поминала своите младешки години, исполнети со весели моменти на радост и среќа.

Според пишаните документи за ова село се вели дека жителите на Живојно со векови опстојувале на овие простори. Воспоставиле бројни родовски врски со соседните и подалечни моштенски села, од кои поголемиот дел од нив се наоѓаат во Република Грција. Најголем број од населението емигрирале во Битола, Скопје, Австралија, Канада, Швајцарија, Шведска и на други места. 

Овој дел на Република Македонија припаѓа на сливното подрачје на Црна Река, која таму свртува на север во Скочивирската Клисура. Има правец на протегање исток – запад, каде на исток просторот се издига до сртот на планината Ниџе.Тука е државната гранична линија со Грција, каде, за жал, не води некој поглавен пат, туку има само неколку локални патишта, кои се сведоци на времето на многуте настани и  состојби.

Во населбата, лево од патот, биле изградени десетина плански куќи за семејствата на вработените рудари или други службеници. По престанувањето на рудникот со работа во 1952 година, во овие згради биле сместени бегалците од Граѓанската војна во Грција. Додека за еден дел од вработените рудари во рудникот во село Живојно биле направени неколку куќи во непосредна близина до влезот во рудникот. Во куќите имало електрично осветлување и вода од локален водовод. Видовме дека сето тоа припаѓа на минатото.

Но, вистина е дека во близина на селото има рудник за јаглен - јамски коп. Во минатото, јагленот се копал од рудникот и со воз на тесен колосек се транспортирал до Кременица, а потоа до Битола. Во 1934 година, во Живојно работела термоцентрала за осветлување на селото и рударската населба „Пелагонија“. Термоцентралата работела сè додека работел и рудникот до 1952 година. Живојно повторно било електрифицирано во 1961 година, а водоводот е изграден во 1980 година.

Видовме дека на влезот во село Живојно постои дел од минаре на џамија, во непосредна близина на џамијата, сѐ уште постои зградата во која бил сместен Штабот на воената команда на пограничните караули.

Сонцето зајдуваше од кај Крстоар на Баба Планина кога ние го напуштивме родното село на поетесата Рада Крстевска-Видиновска, која уште во Крстоар не покани за Илинден да дојдеме во нејзиниот роден крај, во интересното Живојно. Заминавме со силни впечатоци за минатото и сегашноста, за опстојот и за сета таа летописна меморија и вистина за селото, вгнездено во полите на тој дел од нашата убава Македонија. 

Продолжува

 d5

Пишува: СЛАВЕ КАТИН     

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.